RANGE ROVER

ВРВНИОТ RANGE ROVER

TOP
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Land Rover
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover близу вас
ДИЗАЈН
ЛЕД ФАРОВИ
ЛЕД ФАРОВИ

За чувство на возбуда и современост, Range Rover се карактеризира со впечатливо надворешно ЛЕД осветлување околу целото возило како дел од стандардната опрема.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПОГОЛЕМ КОМФОР
ПОГОЛЕМ КОМФОР

Неспоредливи во луксузот, rзадните седишта од бизнис класата rear Executive Class seats се карактеризираат со пошироки и подлабоки перничиња на седиштата. Централната конзола со електромоторно отворање беспрекорно се интегрира со надворешните седишта и се создава луксузно опкружување од четири седишта.

ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Погледнете ја галеријата
yt:EotE-ljturU
АМБИЕНТНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
АМБИЕНТНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Функциите Прилагодливо амбиентно осветлување и Напредно насочено осветлување го надополнуваат амбиентот во внатрешноста и го збогатуваат просторот. Со понудените 10 бои, намената на осветлувањето е да ги нагласи деталите на дизајнот и да создаде уникатна и релаксирана атмосфера.

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
ИЗДАНИЈА И СПЕЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА
WESTMINSTER
RANGE ROVER</br> WESTMINSTER

Опремен со функцијата Прилагодливо амбиентално осветлување и аудио системот Meridian со опкружувачки звук, Range Rover Westminster се одликува со прекрасна, добро опремена внатрешност. Унапредете го динамичниот изглед на возилото со изданието Westminster Black, со истакнати елементи во црната нијанса Narvik Black и тркала во црната сјајна боја Gloss Black.

ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВА ВОЗИЛО
Погледнете ја галеријата
SVAUTOBIOGRAPHY DYNAMIC
RANGE ROVER SVAUTOBIOGRAPHY</br> DYNAMIC STEALTH

Одделението Special Vehicle Operations ги креира најуникатните модели на Land Rover, каков што е the SVAutobiography Dynamic Stealth, којшто се карактеризира со црниот фурнир Grand Black и тркалата Style 5087 од 22”, со 5 двојни краци, со завршна обработка во црната сјајна боја Gloss Black, што на моделот SVAutobiography Dynamic му дава моќна појава.

ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВА ВОЗИЛО
Погледнете ја галеријата
ТЕХНОЛОГИЈА
ПИКСЕЛ-ЛАСЕР ЛЕД ФАРОВИ
ПИКСЕЛ-ЛАСЕР ЛЕД ФАРОВИ

Пиксел-ласер ЛЕД фаровите со препознатливо светло за дневно возење ја обезбедуваат врвната опција за фаровите, со ласерска технологија којашто дава пет пати поголема осветленост отколку стандардните ЛЕД светла. Системот дава јасна видливост на растојание од над половина километар.rf4e

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА
yt:bBRSgsmrB8I
ADAPTIVE CRUISE CONTROL
ADAPTIVE CRUISE CONTROL

Heavy traffic and motorway driving has never been more comfortable. Adaptive Cruise Control with Steering Assist1 provides moderate intervention - gently assisting with steering, acceleration and braking to centre the vehicle in lane, while maintaining a set distance from vehicles ahead.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА
HEAD-UP ДИСПЛЕЈ
HEAD-UP ДИСПЛЕЈ

Head-up дисплејот* на ветробранското стакло ги прикажува главните податоци за возилото вклучувајќи ги вашата брзина на движење, избраниот степен на пренос и насоките за навигација. Системот се карактеризира со графика со висока резолуција во боја, што ви овозможува лесно да ги видите односните информации.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА
ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА
ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
Нашиот InControl систем за информации и забава во автомобил, Touch Pro Duo, изгледа и работи како ниеден друг таков систем. Емитирајќи мноштво информации и забавни содржини, Touch Pro Duo се карактеризира со најинтуитивните и најнапредните интегрирани технологии за да осигура дека можете да го извлечете најдоброто од вашето патување.
ИНОВАЦИИ
Range Rover има линија на префинети мотори со мала потрошувачка на гориво што имаат силни перформанси. Можете да изберете некој од напредните бензински и дизел мотори или новото хибридно електрично возило на полнење со приклучување (PHEV)—нашиот најиновативен погонски систем досега.
ПРЕФИНЕТИ ПЕРФОРМАНСИ
Пакет од внимателно проектирани технологии, вклучувајќи го и системот Terrain Response 2 со режимот Dynamic, дава стабилно возење без оглед на патот и условите за возење.
СПОСОБНОСТ ЗА ТЕРЕНСКО ВОЗЕЊЕ
Првото возило што ги комбинира луксузот и префинетоста со светски познатата способност за секакви услови, Range Rover останува верен на својата пионерска улога. Способноста за теренско возење типична за Range Rover произлегува од комбинацијата на системите за погон на сите тркала (AWD) и уникатната, иновативна технологија за движење по секаков терен.
СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
Од справување со градскиот метеж до обезбедување дополнителна безбедност за вас и за вашите сопатници. Во Range Rover на располагање имате бројни стандардни и опционални SUV технологии. Секоја од нив е дизајнирана и проектирана за да го нагласи задоволството од вашето возило.
КОМФОР И УДОБНОСТ
Внатрешноста на Range Rover доаѓа со предни и задни седишта, со што се обебедува комфор на четири седишта со сестраност на пет седишта. Луксузот се надградува преку опционалниот клима уред со четири зони и јонизаторот на воздухот во кабината со филтер за ПМ2,5 честички. Аудио системот Meridian™ и системот Прилагодливо амбиентално осветлување ја надополнуваат релаксирачката атмосфера
СЕСТРАНОСТ
КЛУЧ ЗА АКТИВИРАЊЕ
КЛУЧ ЗА АКТИВИРАЊЕ

Уживајте во вашите омилени активности на отворено и чувајте го вашиот клуч за автомобилот во возилото на сигурно. Опционалниот Клуч за активирање на Land Rover всушност е робусна, потполно водоотпорна алка за рака, што ви овозможува да учествувате во многубројни активности во кои не е погодно да го носите клучот со вас.

ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
yt:o28JHF3EIk0
АВОМАТСКО ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ПРИСТАПНАТА ВИСИНА
АВОМАТСКО ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ПРИСТАПНАТА ВИСИНА

Влегувајте и излегувајте од возилото со поголема леснотија и со поголема елеганција. Кога е активирана, карактеристиката Автоматско прилагодување на пристапната висина, овозможена преку електронското воздушно потпирање, го спушта возилото за 50mm за дополнителна удобност.

ИНТЕЛИГЕНТЕН ПРОСТОР ЗА ОДЛАГАЊЕ ПРЕДМЕТИ
ИНТЕЛИГЕНТЕН ПРОСТОР ЗА ОДЛАГАЊЕ ПРЕДМЕТИ

Одржувајќи ја кабината средена и обезбедувајќи лесен пристап до вашите лични предмети, Range Rover се карактеризира со погоден простор за складирање - од длабокиот простор за одлагање предмети во централната конзола до луксузот со ладните освежителни пијалоци од опционалниот оддел со ладилник.

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
КОМФОР И УДОБНОСТ
СЕДИШТА

На располагање се бројни опции за седиштата, од предни седишта со прилагодување во 16 насоки, со греење и со деллива со однос 60:40 задна клупа до седиштата со прилагодување во 24 насоки, со греење и ладење и со масажер, надополнети со задните седишта во бизнис класата. Кај сите типови седишта е вклучена мемориска функција за седиштата за возачот и за совозачот.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Завеса со автоматска работа и завеса со функцијата активирање со гестикулација
Завеса со автоматска работа и завеса со функцијата активирање со гестикулација

За да се спречи прегревањето на кабината и да се минимизира потребата за работа на клима уредот, завесата со автоматска работа се затвора автоматски кога патниците ќе се сместат и кога вратите ќе се заклучат. Опционалната завеса со функцијата активирање со гестикулација обезбедува интуитивна контрола со гестикулација што ви овозможува да се концентирате на патот пред вас.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА
СЕДИШТА СО ФУНКЦИЈАТА МАСАЖА СО ЖЕШКИ КАМЕЊА
СЕДИШТА СО ФУНКЦИЈАТА МАСАЖА СО ЖЕШКИ КАМЕЊА

Уживајте во врвната масажа со жешки камења додека сте комфорно сместени на вашето седиште. Вклучени се 25 програми за релакс масажа меѓу кои се и режимите со вртење и пулсирање.

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
ЈОНИЗАЦИЈА НА ВОЗДУХОТ ВО КАБИНАТА
ЈОНИЗАЦИЈА НА ВОЗДУХОТ ВО КАБИНАТА

Подобрувајќи го квалитетот на воздухот во внатрешноста на Range Rover, опционалниот систем за јонизација на воздухот во кабината обезбедува првокласно опкружување во кабината. Со овој процес се јонизираат честичките во воздухот за да се намали количеството на алергени, вируси, бактерии и придружната непријатна миризба.

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
yt:M-qqtkmQPIg
СПОСОБНОСТ
TERRAIN RESPONSE 2
TERRAIN RESPONSE 2

Ги исполнува барањата на теренот. Системот Terrain Response 2 ги прилагодува реакциите на системите на моторот, менувачот, диференцијалите и шасијата на вашето возило во однос на условите за возење. Можете да изберете еден од седумте режими: Dynamic (динамичен), Eco (економичен), Comfort (комфор), Grass/Gravel/Snow (трева/чакал/снег), Mud and Ruts (кал и бразди), Sand (песок) и Rock Crawl (ползење по карпи).

yt:-sz3IQ8oRC8
ЕЛЕКТРОНСКО ВОЗДУШНО ПОТПИРАЊЕ
ЕЛЕКТРОНСКО ВОЗДУШНО ПОТПИРАЊЕ

Електронското воздушно потпирање брзо ја менува висината на вашето возило, држејќи ги сите четири тркала на земјата на нерамни површини за да се добие стабилно, сталожено возење. Оваа карактеристика можете да ја користите за да ја смените висината на вашето возило за да го олесните товарењето и растоварувањето на тешки предмети.

ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКОВ ТЕРЕН (ALL- TERRAIN PROGRESS CONTROL)
КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКОВ ТЕРЕН (ALL- TERRAIN PROGRESS CONTROL)

Системот Контрола на движењето по секаков терен (ATPC) ви овозможува да поставите и одржувате постојана брзина во предизвикувачки услови како што се кал, мокра трева, мраз, снег и нечисти патишта. Системот функционира на брзини меѓу 1,8km/h и 30km/h, и ви овозможува целата концентрација да ја насочите кон управувањето и пронаоѓањето патека меѓу пречките.

ПЕРФОРМАНСИ
ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА
ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

Системот Прилагодлива динамика прави километрите да минуваат скоро незабележително. Ги набљудува движењата на возилото до 500 пати во секунда, и скоро моментално реагира на командите на возачот или на условите на патот за да даде поголема контрола и да го минимизира движењето на каросеријата осигурувајќи стабилно, рамно возење.

ДИНАМИЧКА РЕАКЦИЈА
ДИНАМИЧКА РЕАКЦИЈА

Системот Динамичка реакција ја унапредува управливоста на возилото преку хидрауличната контрола на навалувањето со што ги оптимизира друмските перформанси и комфорот на патниците. Тоа го постигнува преку намалување на навалувањето на каросеријата во свиоците. Преку независното контролирање на предната и задната оска, овој систем може да даде зголемена подвижност при мали брзини паралелно со подобрена стабилност при големи брзини и попрецизно управување

АКТИВЕН ЗАДЕН ДИФЕРЕНЦИЈАЛ СО БЛОКАДА
АКТИВЕН ЗАДЕН ДИФЕРЕНЦИЈАЛ СО БЛОКАДА

Активниот заден диференцијал со блокада дава подобрена стабилност во свиоците при друмското возење и подобрена тракција, со ограничено провртување на тркалата, при теренското возење. Системот осигурува дека моќноста ќе се пренесе до тркалата што имаат најдобар зафат со подлогата.

ОДРЖЛИВОСТ
СИСТЕМ ИНТЕЛИГЕНТЕН STOP/START
Во сите погонски системи на Range Rover се вклучени технологиите за ниска емисија на CO₂. Напредниот систем Интелигентен Stop/Start ја намалува потрошувачката на гориво, а режимот ECO осигурува дека Range Rover работи поефикасно, автоматски применувајќи серија на дејства, од омекнување на педалот за гас и менување степени на пренос до исклучување на греењето на ретровизорите на вратите.
АЛУМИНИУМСКА КОНСТРУКЦИЈА
Дизајнот на Range Rover вклучува рециклиран материјал од процесот на производство на каросеријата. Ова доведува до значителни подобрувања на перформансите и пониска емисија на CO₂ во работниот век на возилото.
ПРИСТАП КОН ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС
Ние сме обврзани да произведуваме возила во коишто се употребуваат поодржливи материјали, да создаваме помалку отпад и што помалку да ги искористуваме природните ресурси. Согласно на тоа, Range Rover е дизајниран да може 85 проценти од него да се рециклира и 95 проценти да се поправи.
БЕЗБЕДНОСНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ISOFIX
ISOFIX точките на задните седишта се грижат за едноставното вградување на детските седишта. Тие, исто така, осигуруваат цврста врска меѓу детското седиште и возилото со што се унапредува и безбедноста.
ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА
Опсежниот систем од воздушни перничиња за возачот и сопатниците кај Range Rover обезбедува одлична заштита за сите патници во возилото.
БЕЗБЕДНОСНИ ПОЈАСИ
Со предзатегнувачите на безбедносните појаси се добива дополнителна заштита. Во случај на челен судар тие го намалуваат движењето на телото нанапред.
АВТОНОМНО КОЧЕЊЕ
Се грижи да не дојде до судар со други возила или пешаци преку активирање на кочниците за да помогне да се намали тежината на можниот судар.
ЕЛЕКТРОНСКА КОНТРОЛА НА ТРАКЦИЈАТА
Овој систем ги оптимизира тракцијата и стабилноста преку контролирање на провртувањето на тркалата со намалување на вртежниот момент на тркалото што провртило и го активира кочењето ако има потреба.
ПОМОШ ПРИ НАГЛО КОЧЕЊЕ (EBA)
Системот Помош при нагло кочење (EBA) препознава кога нагло ќе го активирате кочењето но без потребната сила да се максимира застанувањето. Затоа, системот го засилува притисокот за кочење преку пумпата за ABS за да се осигура дека ќе застанете навреме.

1Како дел од пакетот Driver Assist.
2Бара инфрацрвено рефлективно ветробранско стакло на некои пазари.
3Достапно само со V8 моторите.
Актуелните седишта имаат нови перничиња и меѓуслоеви со помека и полабава кожа за да се оптимизираат овие карактеристики. За подетални информации контактирајте го вашиот продавач на Land Rover