ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА

    • ONLINE MEDIA
      ONLINE MEDIA

      Слушајте ја вашата омилена музика, омилена радио станица и омилените подкаст дигитални датотеки додека сте во движење. Сето тоа без вашиот паметен телефон. Поврзете ги вашите Deezer и TuneIn сметки со InControl Portal и до вашите медиуми можете да пристапите директно од екранот на допир во вашето возило. Достапно само со Connect Pro.

    • NAVIGATION PRO
      NAVIGATION PRO

      Сообраќајните ажурирања и пребарувања во живо се спремни и ви се на дофат на раката преку опционалните системи Navigation Pro1 и Connect Pro. Зачувајте ги вашите омилени места, користете ги гестикулациите со повеќекратен допир на екранот за да ги истражувате мапите и бидете во тек со системот Map Care.

    • ПАКЕТ SMARTPHONE

      Овој пакет ја содржи технологијата InControl Apps и ви овозможува преку екранот на допир да ги контролирате апликациите, што се оптимизирани за возило, на вашиот Android™ или Apple™ паметен телефон.

    • HEAD-UP ДИСПЛЕЈ
      HEAD-UP ДИСПЛЕЈ

      Овој систем на ветробранското стакло ги прикажува главните податоци за возилото вклучувајќи ги брзината на движење, избраниот степен на пренос и насоките за навигација. Системот се карактеризира со кристално чиста графика со висока резолуција во боја, што ви овозможува лесно да ги видите информациите.

    • ВОЛАН
      ВОЛАН

      За поедноставно користење, на кожниот волан се вградени главните елементи за контрола, а меѓу нив се и елементите за контрола на медиумите и телефонот. А за поспортски изглед, воланот во стилот R-Dynamic се карактеризира со држачи со перфорирана кожа.

    • АПЛИКАЦИЈАТА REMOTE
      АПЛИКАЦИЈАТА REMOTE

      Вклучување на клима уредот однапред, заклучување, отклучување или лоцирање на вашето возило и следење на вашите патувања од вашиот паметен телефон или паметен часовник. Компатибилно со повеќето паметни телефони, Android Wear™ или Apple Watch ® .

    ИНОВАЦИИ

    • INGENIUM
      INGENIUM

      Од моќност и вистинско задоволство во возењето до економичност и префинетост, тука е палетата од моторите Ingenium што се достапни за Range Rover Evoque за да ги задоволат сите барања.

    • АЛУМИНИУМСКА КОНСТРУКЦИЈА СО МАЛА ТЕЖИНА

      Технологијата со делумно хибриден систем (MHEV - делумно хибридно електрично возило)2 ја намалува потрошувачката на гориво кај Range Rover Evoque, преку собирање и складирање на енергијата којашто нормално се губи при намалување на брзината на возилото и потоа ја ослободува во погонскиот систем за да му помогне на моторот.

    • IGUIDE (НАСКОРО)
      IGUIDE (НАСКОРО)

      Мобилниот прирачник за корисникот, iGuide, ви гарантира дека одговорите секогаш ќе ги имате при рака. iGuide апликацијата на Land Rover ги објаснува сите карактеристики и елементи за контрола што треба да ги знаете за вашиот Range Rover Evoque.

    ПЕРФОРМАНСИ

    • КОНСТРУКЦИЈА НА ПОТПИРАЊЕТО
      КОНСТРУКЦИЈА НА ПОТПИРАЊЕТО

      Range Rover Evoque има систем со целосно независно потпирање со дизајн на задното потпирање од типот multi-link. Исклучително компактната конструкција на системот гарантира дека зафатнината на багажниот простор воопшто не се нарушува.

    • РЕЖИМ DYNAMIC (динамичен режим)
      РЕЖИМ DYNAMIC (динамичен режим)

      Возило што е опремено со системот Теренска реакција (Terrain Response) 2* го добива дополнителниот режим Dynamic (динамичен режим), којшто го дотерува потпирањето за да даде дури и покрута контрола на каросеријата со поглатка управливост и поостра реакција.

    • АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА СО 9 СТЕПЕНИ НА ПРЕНОС
      АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА СО 9 СТЕПЕНИ НА ПРЕНОС

      За да обезбеди секогаш да возите во оптималниот степен на пренос, со минимална потрошувачка на гориво и максимално забрзување, 9-брзинската автоматска трансмисија на Range Rover Evoque има девет блиску поставени степени на пренос. Промената на степенот на пренос се изведува скоро незабележително, а распоредот на моментите за промена на степенот на пренос интелигентно се прилагодува на вашиот стил на возење.

    • ДИНАМИЧКА КОНТРОЛА НА СТАБИЛНОСТА
      ДИНАМИЧКА КОНТРОЛА НА СТАБИЛНОСТА

      Системот Динамичка контрола на стабилноста (DSC) го набљудува однесувањето на динамиката на Range Rover Evoque и интервенира за да ја максимира стабилноста на возилото. DSC го намалува вртежниот момент на моторот и го активира кочењето на соодветните тркала за да ја корегира насоката на движење на возилото неутрализирајќи го подуправувањето или надуправувањето.

    СПОСОБНОСТ

    • ТРГНУВАЊЕ ПРИ МАЛА ТРАКЦИЈА
      ТРГНУВАЊЕ ПРИ МАЛА ТРАКЦИЈА

      Обезбедува оптимална контрола на вртежниот момент кога тргнувате од место во лизгави услови. Системот Тргнување при мала тракција3 е активен сѐ додека Range Rover Evoque не постигне брзина од 30km/h - брзина при која возилото се враќа во избраниот режим за возење.

    • КОНТРОЛА НА СПУШТАЊЕТО ПО НАДОЛНИНА
      КОНТРОЛА НА СПУШТАЊЕТО ПО НАДОЛНИНА

      Системот Контрола на спуштањето по надолнина3 помага со контролирано спуштање по стрмен терен. Тоа го прави со одржување на константна брзина и го активира кочењето посебно на секое тркало.

    • СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА НА ПОСТЕПЕНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КОЧНИЦИТЕ
      СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА НА ПОСТЕПЕНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КОЧНИЦИТЕ

      Range Rover Evoque го користи системот Постепено ослободување на кочниците, што го спречува наглото забрзување на возилото на стрмнина откако ќе ја отпуштите кочницата.

    • НАПРЕДЕН СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ВЛЕЧЕЊЕ
      НАПРЕДЕН СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ВЛЕЧЕЊЕ

      Опционалниот Напреден систем за помош при влечење приколка4 ви овозможува да ја контролирате насоката на движење на приколката кога се движите наназад. Со помош на вртливиот бирач, системот го контролира управувањето на Range Rover Evoque за да се постигне посакуваната патека на движење на приколката преку на екранот на допир.

    • ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ДЛАБОЧИНАТА НА ВОДАТА
      ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ДЛАБОЧИНАТА НА ВОДАТА

      Опционалниот систем Препознавање на длабочината на водата5 ве ослободува од стресот при минување низ вода. Овој систем ви дава приказ во реално време за нивото на водата околу возилото и ве предупредува ако водата се приближува до длабочината за минување низ вода, 600mm - водечка во класата, на Range Rover Evoque.

    • КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКОВ ТЕРЕН (ATPC)
      КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКОВ ТЕРЕН (ATPC)

      Овој најсовремен систем ви овозможува да поставите и одржувате постојана брзина во предизвикувачки услови. Системот Контрола на движењето по секаков терен (ATPC)3 функционира на брзини помеѓу 1,8km/h и 30km/h, а работи како конвенционален систем за контрола на патната брзина.

    СТАНДАРДНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

    • ИТНО КОЧЕЊЕ
      ИТНО КОЧЕЊЕ

      Ако се предвидува судар, а по издаденото визуелно предупредување не се преземе никакво дејство, тогаш кочниците ќе се активираат автоматски. Системот, за возила, работи на брзини помеѓу 5 и 80km/h, а за пешаци и велосипедисти, на брзини помеѓу 5 и 60km/h.

    • ПОМОШ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА
      ПОМОШ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА

      Забележува кога возилото ненамерно излегува од коловозната лента и врши корективно дејство со воланот со што ви укажува да го вратите вашето возило назад во коловозната лента.

    • ЕЛЕМЕНТИ ЗА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ НАНАПРЕД И НАНАЗАД
      ЕЛЕМЕНТИ ЗА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ НАНАПРЕД И НАНАЗАД

      Го прави маневрирањето поедноставно. Изберете Reverse (степен на пренос за òд наназад), или активирајте го преку екранот на допир, екранската графика и звучната повратна информација ќе ви укажат на растојанието до блиските пречки.

    • КАМЕРА ЗА ПОГЛЕД НАНАЗАД
      КАМЕРА ЗА ПОГЛЕД НАНАЗАД

      Обезбедува подобра видливост кога се движите наназад. Системот гo прикажува Range Rover Evoque, и неговата проектирана патека на движење, на екранот на допир за да ви помогне при паркирањето.

    ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ

    • PARK ASSIST

      Пакетот Park се состои од четири системи. Системот Помош при паркирање ги прави паралелното и паркирањето под прав агол поедноставни преку управување на возилото при влегување и излегување од просторот. Низ потребните маневри ќе ве водат графики и известувања.

    • 360° ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
      360° ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

      Обезбедува целосна доверба при маневрирање во тесен простор. Задните, предните и страничните сензори обезбедуваат звучна и визуелна повратна информација во реално време за да ви укажат колку сте блиску до пречките.

    • НАБЉУДУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ЗАД ВАС
      НАБЉУДУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ЗАД ВАС

      Овој систем ве предупредува за возила, пешаци или други опасности што приоѓаат од двете страни. Особено е од корист при òд наназад кога излегувате од паркинг место.

    • НАБЉУДУВАЊЕ ЗА СЛОБОДЕН ИЗЛЕЗ
      НАБЉУДУВАЊЕ ЗА СЛОБОДЕН ИЗЛЕЗ

      Овој систем се грижи за безбедноста на патниците што излегуваат од Range Rover Evoque. Тоа го прави со предупредувања за опасности што приоѓаат, како што се возила и велосипедисти што минуваат крај возилото.

    • ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА
      ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА

      Пакетот Drive6 се состои од три системи. Системот Прилагодлива контрола на патната брзина ќе го држи вашето возило на безбедно растојание од возилото пред вас, ако тоа ја намалува брзината или ако застане кога патувате или сте во сообраќај што се движи со мала брзина. Ако возилото пред вас застане во место, и вие полека ќе застанете во место.

    • ПОМОШ ЗА МРТОВ АГОЛ
      ПОМОШ ЗА МРТОВ АГОЛ

      Ако Range Rover Evoque забележи друг автомобил во вашиот мртов агол кога почнувате да менувате коловозна лента, тогаш во соодветниот надворешен ретровизор ќе се вклучи предупредувачко светло, а движењето на воланот ќе ви укаже дека Range Rover Evoque треба да го оддалечите од возилото што приоѓа.

    • ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА
      ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА

      Овој систем забележува кога може да дојде до потенцијален челен судар со друго возило и прикажува предупредување за возачот да кочи. Ако возачот не реагира, Range Rover Evoque ќе го активира кочењето за да се намали силината на можниот удар. Системот Итно кочење при голема брзина е спремен и активен при брзини од 10-160km/h.

    • ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА СО ПОМОШ ЗА УПРАВУВАЊЕ
      ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА СО ПОМОШ ЗА УПРАВУВАЊЕ

      Пакетот Driver Assist6 се состои од осум системи. Системот Прилагодлива контрола на патната брзина со Помош за управување ви помага при управувањето, се грижи да останете во вашата коловозна лента и ве држи на безбедно растојание од возилото пред вас. Моторот, кочниците и управувањето реагираат автоматски.

    • ПОМОШ ЗА МРТОВ АГОЛ
      ПОМОШ ЗА МРТОВ АГОЛ

      Ако Range Rover Evoque забележи друг автомобил во вашиот мртов агол кога почнувате да менувате коловозна лента, тогаш во соодветниот надворешен ретровизор ќе се вклучи предупредувачко светло, а движењето на воланот ќе ви укаже дека Range Rover Evoque треба да го оддалечите од возилото што приоѓа.

    • ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА
      ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА

      Овој систем забележува кога може да дојде до потенцијален челен судар со друго возило и прикажува предупредување за возачот да кочи. Ако возачот не реагира, Range Rover Evoque ќе го активира кочењето за да се намали силината на можниот удар. Системот Итно кочење при голема брзина е спремен и активен при брзини од 10-160km/h.

    • СИСТЕМ ОД КАМЕРИ ЗА ОПКРУЖУВАЧКА СЛИКА 360°
      СИСТЕМ ОД КАМЕРИ ЗА ОПКРУЖУВАЧКА СЛИКА 360°

      Со помош на четирите дигитални камери што се дискретно поставени околу Range Rover Evoque, овој систем ви обезбедува поглед од горе во 360° што се прикажува на екранот на допир. Во исто време достапни ви се и погледи под разни агли на камерите. Поставката во 360° помага при разни маневрирања, од паркирање до влегување и излегување од тесен простор.

    • PARK ASSIST
      PARK ASSIST

      Кога системот е активиран, Range Rover Evoque ќе бара погодно паркинг место. Возилото ќе управува при влегување и излегување од паркинг местото.

    • 360° ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
      360° ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

      Обезбедува целосна доверба при маневрирање во тесен простор. Задните, предните и страничните сензори обезбедуваат звучна и визуелна повратна информација во реално време за да ви укажат колку сте блиску до пречките.

    • НАБЉУДУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ЗАД ВАС
      НАБЉУДУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ЗАД ВАС

      Овој систем ве предупредува за возила, пешаци или други опасности што приоѓаат од двете страни. Особено е од корист при òд наназад кога излегувате од паркинг место, дури и кога погледот наназад ви е попречен.

    • НАБЉУДУВАЊЕ ЗА СЛОБОДЕН ИЗЛЕЗ
      НАБЉУДУВАЊЕ ЗА СЛОБОДЕН ИЗЛЕЗ

      Овој систем се грижи за безбедноста на патниците што излегуваат од Range Rover Evoque. Тоа го прави со предупредувања за опасности што приоѓаат, како што се возила и велосипедисти што минуваат крај возилото.

    КОМФОР И УДОБНОСТ

    • ПАНОРАМСКИ ПОКРИВ
      ПАНОРАМСКИ ПОКРИВ

      Опционалниот панорамски покрив, достапен како фиксен или како лизгачки7, овозможува внатрешноста да се исполни со светлина за да се создаде појасна па дури и попријатна атмосфера.

    • КРАЈНА ВРАТА СО ЕЛЕКТРОМОТОРЕН ПОГОН СО ФУНКЦИЈАТА АКТИВИРАЊЕ СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА

      Крајната врата со електромоторен погон со функцијата активирање со гестикулација8 ви овозможува да ја отворите или да ја затворите крајната врата без да имате потреба физички да го допрете Range Rover Evoque.

    • ДЕЛЛИВ ПОТПИРАЧ ЗА РАКА
      ДЕЛЛИВ ПОТПИРАЧ ЗА РАКА

      За да се максимира комфорот на совозачот секој поединечен елемент од делливиот лизгачки потпирач за рака може да работи независно.

    • ПРОЛАГОДЛИВО АМБИЕНТАЛНО ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

      Со помош на оваа опционална карактеристика, можете да бирате помеѓу десетте бои за да го менувате амбиенталното светло.