ОПЦИИ И ДОДАТОЦИ
TOP
ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ
#component-4
ОПЦИИ ЗА ТРКАЛАТА
#component-7
ОПЦИИ ЗА ПОКРИВОТ
#component-9
ОПЦИИ ЗА ФАРОВИТЕ
#component-11
ОПЦИИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА
#component-13
ОПРЕМА НА LAND ROVER - ДОДАТОЦИ
#component-16
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила и споредете ги едно до друго.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover близу вас
ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ

Изберете некој од понудените пакети за да го збогатите вашето доживување при возењето.

EVOQUE ПАКЕТ BLACK
EVOQUE ПАКЕТ BLACK

Маркантниот изглед на Range Rover Evoque може дополнително да се надгради со избор на пакетот Black Exterior. Натписите на хаубата и на крајната врата, украсната маска, страничните отвори за вентилација, предниот и задниот одбојник, декоративниот панел под задниот одбојник и куќиштата на ретровизорите се во црната боја Gloss Black за да се добие една агресивна појава.

R-DYNAMIC ПАКЕТ BLACK
R-DYNAMIC ПАКЕТ BLACK

Издигнете ја надворешноста на вашето возило на повисоко ниво. Пакетот R-Dynamic Black Exterior ги содржи сите елементи за збогатување на изгледот што ги има во пакетот Range Rover Evoque Black, со дополнителните карактеристики во црната боја Black како нагласените делови за завршните елементи на издувниот систем и жалузините на хаубата.

ПАКЕТ COLD CLIMATE

Обезбедува брз начин за одмрзнување на предното ветробранско стакло. Вклучено е греење на ветробранското стакло, млазниците на прскалките и на воланот.

ОПЦИИ ЗА ТРКАЛАТА
ОПЦИИ ЗА ТРКАЛАТА

Понудена е широка палета од тркала за Range Rover Evoque и Range Rover Evoque R-Dynamic. Тркалата се со димензија од 17” до 21”. Со уникатните дизајнерски детали, секој модел на тркала внесува свој карактер во крајниот изглед на возилото.

Not all options shown.

8 СТИЛА НА ТРКАЛА
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
18" Style 5074, 5 двојни краци, сјајна сребрена боја Gloss Sparkle Silver
18" Style 5075, 5 двојни краци, сјајна сребена боја Gloss Sparkle Silver
20" Style 5076, 5 двојни краци, сјајна сребрена боја Gloss Mid-Silver со контрастна завршна обработка со дијамант* *Достапно и во сјајна сребрена боја Gloss Sparkle Silver.
20" Style 5079, 5 двојни краци, сјајна темносива боја Gloss Dark Grey со контрастна завршна обработка со дијамант* *Достапно и во сјајна сребрена боја Gloss Sparkle Silver.
20" Style 5079, 5 двојни краци, сјајна црна боја Gloss Black
21" Style 5077, 5 двојни краци, сјајна светлосива боја Gloss Light Silver со контрастна завршна обработка со дијамант
21" Style 5078, 5 двојни краци, сјајна црна боја Gloss Black
21"Style 5078, 5 двојни краци, сјајна сребрена боја Gloss Silver
ОПЦИИ ЗА ПОКРИВОТ
ПАНОРАМСКИ ПОКРИВ

Панорамскиот покрив внесува природна светлина во внатрешноста на Range Rover Evoque и нуди чувство на поголема осветленост и пространост во кабината на овој SUV. Можете да изберете фиксен или лизгачки¹ панорамски покрив, во боја на каросеријата или контрастен покрив во боите Silver (сива) или Black (црна).

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ОПЦИИ ЗА ФАРОВИТЕ
ПРЕМИУМ ЛЕД ФАРОВИ СО ПРЕПОЗНАТЛИВО СВЕТЛО ЗА ДНЕВНО ВОЗЕЊЕ DRL
Премиум ЛЕД фаровите со препознатливо светло за дневно возење DRL² ги комбинираат уникатниот дизајн и практичната способност. Како опција тука е и системот Помош за автоматски долги светла (AHBA). Со овој систем долгите светла автоматски се соборуваат кога ќе се забележи сообраќај од спротивната насока. Долгите светла повторно се активираат кога возилата ќе заминат.
МАТРИКС ЛЕД ФАРОВИ СО ПРЕПОЗНАТЛИВО СВЕТЛО ЗА ДНЕВНО ВОЗЕЊЕ DRL
Обезбедуваат светлина со квалитет којшто е близок до квалитетот на дневната светлина, го намалуваат заморот на очите. Матрикс ЛЕД фаровите со препознатливо светло за дневно возење DRL се карактеризираат со прилагодлив светлосен сноп при возење што ги забележува возилата коишто доаѓаат од спротивен правец и манипулира со снопот на долгото светло така што можете да продолжите да ги користите долгите светла на фаровите за осветлување на патот без да ги заслепите другите учесници во сообраќајот.
ОПЦИИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА
ПРИЛАГОДЛИВО АМБИЕНТАЛНО ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
ПРИЛАГОДЛИВО АМБИЕНТАЛНО ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Со прилагодливото амбиентално внатрешно осветлување можете да ја менувате бојата и интензитетот на осветлувањето со што ќе го менувате амбиентот во кабината за да одговара на вашето расположение.

ДЕКОРАТИВНИ ПОВРШИНИ
ДЕКОРАТИВНИ ПОВРШИНИ

Збогатете ја внатрешноста на Range Rover Evoque со декоративната површина од алуминиум со завршна обработка Gradated Linear во светла нијанса Bright или со темна нијанса Dark, или со фурнирот со природна нијанса Natural Ash во сива боја Grey или во костенлива боја Umber.

БОИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА
БОИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА

Комбинациите од бои за седиштата се од следните бои: Ebony, Cloud, Eclipse и Deep Garnet. Тапацирот на таванот е достапен во боите Light Oyster или Ebony.

ПАКЕТИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА
Дополнително персонализирајте го вашиот Range Rover Evoque со уникатни детали, во зависност од вашиот избор на Range Rover Evoque или Range Rover Evoque R-Dynamic.
СЕДИШТА
Внатрешноста на Range Rover Evoque се карактеризира со нови седишта и множество материјали меѓу кои и зрнеста кожа, кожата Windsor, првокласни волнени материјали од компанијата Kvadrat, Dinamica® антилоп материјал и мебел штоф од еукалиптус. Седиштата се достапни и со електрично поместување, мемориска функција, греење, ладење и масажер.
ФУНКЦИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА
Пристанот² за поврзување и полнење на iPhone® овозможува видливост на паметниот телефон додека тој се полни, а го користи просторот во држачот за чаши во централната конзола. Вашите листи со песни за репродукција, подкасти и други медиуми можете многу едноставно да ги контролирате преку системот за информации и забава на Range Rover Evoque.
ОПРЕМА НА LAND ROVER - ДОДАТОЦИ
ПАКЕТ PET

Пакетот Pet овозможува вашето куче да биде сместено комфорно исто како што сте сместени и вие. Овој пакет содржи гумена подна прекривка за багажниот простор и преграда по цела висина. Пакетот Pet совршено го надополнува Range Rover Evoque и се грижи возилото да биде чисто, дури и ако вашиот сопатник не е таков.

yt:63DvSZ6ztdA
ПРОНАЈДЕТЕ ДОДАТОЦИ
ДОДАТОЦИ ЗА НАДВОРЕШНОСТА
Дополнително прилагодете го Range Rover Evoque со палетата од додатоци за надворешноста што ќе резултира со надградба инспирирана од перформанси. Тука спаѓаат додатоците како куќишта на ретровизорите и страничните отвори за воздух од карбонски влакна, подножни заштитни лимови напред и назад изработени од не‘рѓосувачки челик и штитници од кал напред и назад.
ДОДАТОЦИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА
Од дополнителната функционалност што ја нуди системот Click and Go до сестраноста и практичноста што ги обезбедуваат разделниците на багажниот простор и осветлените завршни детали на задниот дел во багажниот простор, изберете ги идеалните додатоци коишто совршено одговараат на вашиот животен стил и вашето омилено хоби.
yt:wSclDFBzrdg
ПРЕВЕЗУВАЊЕ ТОВАР И ВЛЕЧЕЊЕ
Додатоците што се понудени за спортски активности, превезување товар и влечење, се елегантно дизајнирани за да го надополнат изгледот на Range Rover Evoque. Меѓу овие додатоци се носачите за велосипеди и за опрема за спортови на вода, шини на покривот, куфери за покрив и куки за влечење. Сите овие додатоци се дизајнирани да ја зголемат флексибилноста на багажниот простор.
yt:t_8EOXIgLmk
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила и споредете ги едно до друго.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover близу вас

1Со избор на лизгачки панорамски покрив ќе се намали висината во кабината кај предните и задните седишта.

2iPhone® е регистриран заштитен знак на Apple Inc., регистриран во САД и други земји. За употреба со iPhone 5, 5c, 5s, 6, 6s, SE и 7. Не е погоден за употреба со iPhone Plus моделите или со iPhone X.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило онлајн.