СЕСТРАНОСТ

RANGE ROVER EVOQUE НАВИСТИНА Е ФЛЕКСИБИЛЕН

Погледнете го филмот
TOP
БАГАЖЕН ПРОСТОР
#component-4
КОМФОР И УДОБНОСТ
#component-7
БЕЗБЕДНОСТ
#component-10
СТАНДАРДНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
#component-13
ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ
#component-15
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
#component-20
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила и споредете ги едно до друго.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover близу вас
БАГАЖЕН ПРОСТОР

Range Rover Evoque обезбедува оптимално искористување на просторот во којшто патниците уживаат во највисоко ниво на комфор и одлично организиран простор за багаж.

5 СЕДИШТА
5 СЕДИШТА

591 литри



Водениот волумен според индустриски стандард е до 591 литар. Ова е соодветно на 472 литри сув волумен, измерен со помош на мерни блокови. Едноставно, натоварете го багажот и патувајте спокојно со четири сопатници.

4 СЕДИШТА
4 СЕДИШТА

908 литри



Соборете едно од задните седишта и ќе добиете дополнителен воден волумен од 908 литри. Ова ќе ви овозможи да ги сместите вашите дополнителни торби, бидејќи ќе имате на располагање сув волумен од 746 литри.

3 СЕДИШТА
3 СЕДИШТА

1,066 литри



Со оваа конфигурација, волуменот на багажниот простор се зголемува на 1.066 литри, кога сте со двајца сопатници. Измерениот сув волумен е 882 литри.

2 СЕДИШТА
2 СЕДИШТА

1,383 литри



Искористете ги сите предности што ви ги дава багажниот простор кога патувате со еден сопатник. До 1383 литри воден волумен, односно сув волумен од 1156 литри.

Воден волумен е индустрискиот стандард, чијашто вредност се добива кога багажниот простор ќе се наполни со течност. Сувиот волумен се мери со помош на мерни блокови (200 x 50 x 100mm) и ја дава вредноста на практичниот простор во возилото.

КОМФОР И УДОБНОСТ
ВНАТРЕШЕН РЕТРОВИЗОР CLEARSIGHT

Првпат во Land Rover, а меѓу многуте иновативни карактеристики што нудат задоволство при возењето на Range Rover Evoque. Оваа опционална технологија обезбедува непречен поглед на патот зад вас без оглед на патниците на задните седишта или предметите во багажниот простор¹.

yt:nwoQr49L0J0
POWERED GESTURE TAILGATE
Крајната врата со електромоторен погон со функцијата активирање со гестикулација ви овозможува да ја отворите или да ја затворите крајната врата без да имате потреба физички да го допрете Range Rover Evoque.
CABIN AIR IONISATION
За одржување на здравјето на возачот и неговите сопатници, опционалниот јонизатор на воздухот во кабината со Nanoe™ технологија го подобрува квалитетот на воздухот во кабината преку отстранување на алергените, вирусите, бактериите во воздухот и придружните непријатни миризби.
СКЛАДИРАЊЕ
Range Rover Evoque има повеќе опции за складирање што можат едноставно да се прилагодат за да одговорат на вашите барања. Просторот за одлагање предмети во предните врати има комбиниран капацитет од 9,6 литри - повеќе од доволно простор за да ги сместите вашите важни работи, вода и мали ужинки.
КЛУЧ ЗА АКТИВИРАЊЕ
Уживајте во вашите омилени активности на отворено без да имате потреба да ги носите вашите клучеви со вас. Опционалниот Клуч за активирање е робусна, потполно водоотпорна алка за рака. Едноставно, оставете ги вашите клучеви во возилото и употребете го вашиот Клуч за активирање за да го заклучите и отклучите вашиот Range Rover Evoque.
yt:H6kTLylF4Jk
БЕЗБЕДНОСТ
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ISOFIX
Се наоѓаат во задниот дел на Range Rover Evoque. ISOFIX точките обезбедуваат цврста врска помеѓу детско седиште и возилото за да се унапреди безбедноста.
ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА
Опсежниот систем на воздушни перничиња за возач, сопатници и пешаци кај Range Rover Evoque обезбедува одлична заштита за сите патници во возилото.
ПОГОНСКИ СИСТЕМИ
Range Rover Evoque ги користи најновите технологии за безбедност, вклучувајќи ја технологијата Електронска распределба на силата за кочење (EBD) којашто автоматски ја менува силата за кочење на секоја оска за да се минимизира патот на кочење, а истовремено ги одржува стабилноста на возилото и способноста за управување со него.
МАТРИКС ЛЕД ФАРОВИ

Дел од нашата палета од иновативни технологии, матрикс ЛЕД фаровите со препознатливо светло за дневно возење (DRL) се карактеризираат со прилагодлив светлосен сноп. Ова го максимира бројот на секции во долгото светло за да се добие врвна видливост, а во исто време и да се формира сенка преку учесниците во сообраќајот што доаѓаат од спротивна страна и на тој начин оваа технологија се грижи да не дојде до нивно заслепување.

yt:siVnemmhnzk
СТАНДАРДНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
Погледнете го филмот
ИТНО КОЧЕЊЕ
Ако се предвидува судар, а по издаденото визуелно предупредување не се преземе никакво дејство, тогаш кочниците ќе се активираат автоматски. Системот, за возила, работи на брзини помеѓу 5 и 80km/h, а за пешаци и велосипедисти, на брзини помеѓу 5 и 60km/h.
ПОМОШ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА
Забележува кога возилото ненамерно излегува од коловозната лента и врши корективно дејство со воланот со што ви укажува да го вратите вашето возило назад во коловозната лента.
ЕЛЕМЕНТИ ЗА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ НАНАПРЕД И НАНАЗАД
Го прави маневрирањето поедноставно. Изберете Reverse (степен на пренос за òд наназад), или активирајте го преку екранот на допир, екранската графика и звучниот сигнал ќе ви укажат на растојанието до блиските пречки.
КАМЕРА ЗА ПОГЛЕД НАНАЗАД
Обезбедува подобра видливост кога се движите наназад. Системот гo прикажува Range Rover Evoque, и неговата проектирана патека на движење, на екранот на допир за да ви помогне при паркирањето.
ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ

Изберете некој од понудените пакети за да го збогатите вашето доживување при возењето

PARK PACK
DRIVE PACK
DRIVER ASSIST PACK
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
PARK ASSIST
Пакетот Park се состои од четири системи. Системот Помош при паркирање ги прави паралелното и паркирањето под прав агол поедноставни преку управување на возилото при влегување и излегување од просторот. Низ потребните маневри ќе ве водат графики и известувања.
360° ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
Обезбедува целосна доверба при маневрирање во тесен простор. Задните, предните и страничните сензори обезбедуваат звучна и визуелна повратна информација во реално време за да ви укажат колку сте блиску до пречките.
НАБЉУДУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ЗАД ВАС
Овој систем ве предупредува за возила, пешаци или други опасности што приоѓаат од двете страни. Особено е од корист при òд наназад кога излегувате од паркинг место, дури и кога погледот наназад ви е попречен.
НАБЉУДУВАЊЕ ЗА СЛОБОДЕН ИЗЛЕЗ
Овој систем се грижи за безбедноста на патниците што излегуваат од Range Rover Evoque. Тоа го прави со предупредувања за опасности што приоѓаат, како што се возила и велосипедисти што минуваат крај возилото.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА
Пакетот Drive се состои од три системи. Системот Прилагодлива контрола на патната брзина ќе го држи вашето возило на безбедно растојание од возилото пред вас, ако тоа ја намалува брзината или ако застане кога патувате или сте во сообраќај што се движи со мала брзина. Ако возилото пред вас застане во место, и вие полека ќе застанете во место.
ПОМОШ ЗА МРТОВ АГОЛ
Ако Range Rover Evoque забележи друг автомобил во вашиот мртов агол кога почнувате да менувате коловозна лента, тогаш во соодветниот надворешен ретровизор ќе се вклучи предупредувачко светло, а движењето на воланот ќе ви укаже дека вашето возило треба да го оддалечите од возилото што приоѓа.
ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА
Овој систем забележува кога може да дојде до потенцијален челен судар со друго возило и прикажува предупредување за возачот да кочи. Ако возачот не реагира, Range Rover Evoque ќе го активира кочењето за да се намали силината на можниот удар. Системот Итно кочење при голема брзина² е спремен и активен при брзини од 10-160km/h.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА СО ПОМОШ ЗА УПРАВУВАЊЕ
Пакетот Driver Assist ги вклучува и системите што можат да се најдат во пакетите Park и Drive. Системот Прилагодлива контрола на патната брзина со Помош за управување ви помага при управувањето, се грижи да останете во вашата коловозна лента и ве држи на безбедно растојание од возилото пред вас. Моторот, кочниците и управувањето реагираат автоматски.
СИСТЕМ ОД КАМЕРИ ЗА ОПКРУЖУВАЧКА СЛИКА 360°
Со помош на четирите дигитални камери што се дискретно поставени околу Range Rover Evoque, овој систем ви обезбедува поглед од горе во 360° што се прикажува на екранот на допир. Во исто време достапни ви се и погледи под разни агли на камерите.
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ RANGE ROVER EVOQUE

Изберете помеѓу четирите модели и двата впечатливи стила на каросеријата, секој со уникатен карактер и дополнителни карактеристики.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила и споредете ги едно до друго.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover близу вас

1Клиентите коишто користат прогресивни (варифокални) или бифокални наочари можат да имаат проблеми додека се прилагодуваат на дигиталниот режим на огледалото. Нормалниот режим, сепак, може да се користи во секое време.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило онлајн.