ТЕХНОЛОГИЈА-ВО-АВТОМОБИЛ

ОВОЗМОЖУВА СЕКОМУ МАКСИМАЛНО ДА УЖИВА ВО ПАТУВАЊЕТО

TOP
ПОГОДНОСТ ЗА ВОЗАЧОТ
#component-4
ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
#component-6
ЗАБАВА И АПЛИКАЦИИ
#component-9
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
#component-12
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила и споредете ги едно до друго.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover близу вас
ПОГОДНОСТ ЗА ВОЗАЧОТ

Множество од информации и забавни содржини.

ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ
ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ

Опционалниот 12.3”-ен интерактивен дисплеј за возачот со висока резолуција и остра графика ги прикажува информациите за возење, забавните содржини и податоците за активната безбедност, вклучувајќи ги навигацијата, телефонот и медиумите, јасно и без да ви го одзема вниманието.

TOUCH PRO DUO
TOUCH PRO DUO

Опционалниот двоен екран на допир од 10" со висока резолуција4 обезбедува зголемена флексибилност и ефикасност. На пример, можете многу едноставно да ја гледате навигацијата на горниот екран додека сѐ уште комуницирате со дополнителни системи, како што се клима уредот или медиумите, преку долниот екран.

HEAD-UP ДИСПЛЕЈ
HEAD-UP ДИСПЛЕЈ

Овој систем, на ветробранското стакло ги прикажува главните податоци за возилото вклучувајќи ги брзината на движење, избраниот степен на пренос и насоките за навигација. Системот се карактеризира со кристално чиста графика со висока резолуција во боја, што ви овозможува лесно да ги видите информациите.

ВОЛАН
ВОЛАН

За поедноставно користење, на кожниот волан се вградени главните елементи за контрола, а меѓу нив се и елементите за контрола на медиумите и телефонот. А за поспортски изглед, воланот во стилот R-Dynamic се карактеризира со држачи со перфорирана кожа.

ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ONLINE MEDIA
Слушајте ја вашата омилена музика, омилена радио станица и омилените подкаст дигитални датотеки додека сте во движење. Сето тоа без вашиот паметен телефон. Поврзете ги вашите Deezer и TuneIn сметки со InControl Portal и до вашите медиуми можете да пристапите директно од екранот на допир во вашето возило. Достапно само со Connect Pro.
ПОВРЗЛИВОСТ
Range Rover Evoque има две USB порти и приклучница за напојување од 12V што се наоѓаат во касетата. За патниците на задните седишта има приклучница за напојување од 12V или две опционални USB порти за полнење за да ги одржуваат нивните уреди наполнети и удобно да ги користат таблетите со системот Click and Go.
ПАКЕТ SMARTPHONE
Овој пакет ја содржи технологијата InControl Apps и ви овозможува преку екранот на допир да ги контролирате апликациите, што се оптимизирани за возило, на вашиот Android™ или Apple™ паметен телефон.
yt:3Nx74AaiaDo
АПЛИКАЦИЈАТА REMOTE
Вклучување на клима уредот однапред, заклучување, отклучување или лоцирање на вашето возило и следење на вашите патувања од вашиот паметен телефон или паметен часовник. Компатибилно со повеќето паметни телефони, Android Wear™ или Apple Watch ® .
ЗАБАВА И АПЛИКАЦИИ
MERIDIAN™ AUDIO
Аудио системите на Meridian Audio™ и нивните напредни алгоритми за дигитална обработка на сигналите гарантираат дека ритамот и тактот на секое музичко дело ќе се слушаат токму како што замислил авторот.
IGUIDE
Мобилниот прирачник за корисникот, iGuide, ви гарантира дека одговорите секогаш ќе ги имате при рака. iGuide апликацијата на Land Rover ги објаснува сите карактеристики и елементи за контрола што треба да ги знаете за вашиот Range Rover Evoque.
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ RANGE ROVER EVOQUE

Изберете помеѓу четирите модели и двата впечатливи стила на каросеријата, секој со уникатен карактер и дополнителни карактеристики.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила и споредете ги едно до друго.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover близу вас

Meridian is a registered trademark of Meridian Audio Ltd.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило онлајн.

Карактеристиките на InControl, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот - проверете кај вашиот продавач на Land Rover за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на обновувања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Одредени функции бараат погодна SIM картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. InControl Apps и апликацијата Remote треба да се преземат од Apple/Play Store. Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.