Дизајн

    ТЕХНОЛОГИЈА

    • ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
      ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА

      Range Rover Evoque е опремен со нашиот InControl систем за информации и забава, Touch Pro, како дел од стандардната опрема и преку којшто ви испорачува мноштво информации и забавни содржини. Овој систем беспрекорно ве поврзува вас и вашето возило со надворешниот свет.

    • ИНОВАЦИИ
      ИНОВАЦИИ

      Внатрешниот ретровизор5 ClearSight и Поглед на теренот6 преку ClearSight првпат се вградуваат во Land Rover. Тие обезбедуваат поглед без пречки за нормално попречени погледи, даваат поголемо ниво на доверба при теренско возење или во предизвикувачки урбани ситуации.

    • ДРУМСКО ВОЗЕЊЕ
      ДРУМСКО ВОЗЕЊЕ

      Совршената рамнотежа помеѓу беспрекорната способност и префинетоста при друмското возење овозможуваат Range Rover Evoque да се вози со задоволство. Со пакет на технологии, меѓу кои се Активен погон7 и Прилагодлива динамика8, Range Rover Evoque нуди возбудливо возење, без оглед на патот или условите.

    • ТЕРЕНСКИ ВОЗЕЊЕ
      ТЕРЕНСКИ ВОЗЕЊЕ

      Комбинацијата на префинетост и управливост во теренски услови кај Range Rover Evoque ги прави екстремните ситуации за возење едноставни. Тоа се постигнува со помош на системите Теренска реакција (Terrain Response) 2*, Препознавање на длабочината на водата9 и Контрола на спуштањето по надолнина4.

    • DRIVER ASSISTANCE
      DRIVER ASSISTANCE

      Од справување со градскиот метеж до обезбедување дополнителни карактеристики за безбедност, тука е достапно и множество од иновативни технологии, или како дел од стандардната опрема, или како опционална опрема или како дел од пакет. Секоја карактеристика е дизајнирана и проектирана за да го нагласи задоволството од Range Rover Evoque.

    • КОМФОР И УДОБНОСТ
      КОМФОР И УДОБНОСТ

      Внатрешноста на Range Rover Evoque се карактеризира со нови положби за седење и множество материјали меѓу кои и зрнеста кожа, кожата Windsor, првокласни волнени материјали од компанијата Kvadrat, Dinamica® антилоп материјал и мебел штоф од еукалиптус. Седиштата се достапни и со електрично поместување, мемориска функција, греење, ладење и масажер.

    Тестиран до екстреми

    • Box no. 1
      Box no. 1

      Lorem Ipsum

    • Box no. 2
      Box no. 2

      Lorem Ipsum

    • Box no. 3
      Box no. 3

      Lorem Ipsum

    СПОСОБНОСТ

    СЕСТРАНОСТ

    ПЕРФОРМАНСИ

    КОМФОР И УДОБНОСТ

    БЕЗБЕДНОСТ

    • ISOFIX
      ISOFIX

      Се наоѓаат во задниот дел на Range Rover Evoque. ISOFIX точките обезбедуваат цврста врска помеѓу детско седиште и возилото за да се унапреди безбедноста.

    • ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА
      ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

      Опсежниот систем на воздушни перничиња за возач, сопатници и пешаци кај Range Rover Evoque обезбедува одлична заштита за сите патници во возилото.

    • ДИНАМИЧКА КОНТРОЛА НА СТАБИЛНОСТА
      ДИНАМИЧКА КОНТРОЛА НА СТАБИЛНОСТА

      Го намалува вртежниот момент на моторот и го активира кочењето на соодветните тркала за да ја корегира насоката на движење на возилото неутрализирајќи го подуправувањето или надуправувањето.

    • ПОГОНСКИ СИСТЕМИ
      ПОГОНСКИ СИСТЕМИ

      Range Rover Evoque ги користи најновите технологии за безбедност, вклучувајќи ја технологијата Електронска распределба на силата за кочење (EBD) којашто автоматски ја менува силата за кочење на секоја оска за да се минимизира патот на кочење, а истовремено ги одржува стабилноста на возилото и способноста за управување со него.

    • ПОМОШ ПРИ НАГЛО КОЧЕЊЕ
      ПОМОШ ПРИ НАГЛО КОЧЕЊЕ

      Системот Помош при нагло кочење препознава кога кочењето е нагло активирано но без потребната сила да се максимира застанувањето. Затоа, системот го засилува притисокот за кочење за да осигура дека ќе застанете навреме. Предупредувачките трепкачи се активираат автоматски при наглото кочење.

    • ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА
      ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА

      Системот Итно кочење при голема брзина12 забележува кога може да дојде до потенцијален челен судар со друго возило и прикажува предупредување за возачот да кочи. Ако возачот не реагира, Range Rover Evoque ќе го активира кочењето за да се намали силината на можниот удар.

    ОДРЖЛИВОСТ

    • ПРВОКЛАСЕН МЕБЕЛ ШТОФ
      ПРВОКЛАСЕН МЕБЕЛ ШТОФ

      Меѓу внимателно набавените материјали за седиштата е и мебел штоф од еукалиптус. Седиштата од првокласен мебел штоф и антилоп материјал се тапацирани со премиум мебел штоф од компанијата Kvadrat и Dinamica® антилоп материјал што се произведува од рециклирани полиестерски влакна и пластика.

    • ТЕХНОЛОГИЈА НА ДЕЛУМНО ХИБРИДЕН СИСТЕМ
      ТЕХНОЛОГИЈА НА ДЕЛУМНО ХИБРИДЕН СИСТЕМ

      MHEV13 е делумно хибриден систем што ја собира и складира енергијата којашто нормално се губи при намалување на брзината на возилото и потоа на интелигентен начин ја ослободува во погонскиот систем за да му помогне на моторот да ја максимира ефикасноста. Во него е вклучен и системот Stop/Start што му овозможува на моторот да се изгасне додека возилото ја намалува брзината.

    • ОДРЖЛИВ СПОРЕД ДИЗАЈНОТ
      ОДРЖЛИВ СПОРЕД ДИЗАЈНОТ

      Во развојниот процес на Range Rover Evoque беше вклучена и проценката на работниот век и возилото е дизајнирано да може 85 проценти од него да се рециклира или повторно да се употреби и 95 проценти да се поправи на крајот од работниот век на возилото. Рециклираните материјали во Range Rover Evoque се користат секаде каде што е можно.