ТЕХНОЛОГИЈА
НА ПОЧЕТОК
ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
ONLINE MEDIA
Слушајте ја вашата омилена музика, омилена радио станица и омилените подкаст дигитални датотеки додека сте во движење. Сето тоа без вашиот паметен телефон. Поврзете ги вашите Deezer и TuneIn сметки со InControl Portal и до вашите медиуми можете да пристапите директно од екранот на допир во вашето возило. Достапно само со Connected Navigation Pro и пакетот Online.
CONNECTED NAVIGATION PRO
Сообраќајните ажурирања и пребарувања во живо се спремни. До нив можете да пристапите преку Connected Navigation Pro и пакетот Online. Зачувајте ги вашите омилени места, користете ги гестикулациите со повеќекратен допир на екранот за да ги истражувате мапите и бидете во тек со системот Map Care.
ПАКЕТ SMARTPHONE
Овој пакет ви овозможува преку екранот на допир да ги контролирате апликациите, што се оптимизирани за возило, на вашиот Android™ или Apple® паметен телефон.
HEAD-UP ДИСПЛЕЈ
Овој систем, на ветробранското стакло ги прикажува главните податоци за возилото вклучувајќи ги брзината на движење, избраниот степен на пренос и насоките за навигација. Системот се карактеризира со кристално чиста графика со висока резолуција во боја, што ви овозможува лесно да ги видите информациите.
ВОЛАН
За поедноставно користење, на кожниот волан се вградени главните елементи за контрола, а меѓу нив се и елементите за контрола на медиумите и телефонот. А за поспортски изглед, воланот на Discovery Sport R-Dynamic има хромирани детали со завршна обработка Noble Chrome.
АПЛИКАЦИЈАТА REMOTE
Вклучување на клима уредот однапред, заклучување, отклучување или лоцирање на вашето возило и следење на вашите патувања од вашиот паметен телефон или паметен часовник. Компатибилно со повеќето паметни телефони, Android Wear™ или Apple Watch®.
ИНОВАЦИИ
МОТОРИ
Од вистинско задоволство во возењето до економичност и префинетост, тука е палетата од моторите што се достапни за да ги задоволат сите барања.
MHEV (ДЕЛУМНО ХИБРИДЕН СИСТЕМ)
Делумно хибридниот систем (MHEV - делумно хибридно електрично возило) ја собира и складира енергијата којашто нормално се губи при намалување на брзината на возилото и потоа интелигентно ја ослободува со што се грижи за намалување на потрошувачката на гориво.
yt:LpHRVOL5b_M
IGUIDE (НАСКОРО)
Мобилниот прирачник за корисникот, iGuide, ви гарантира дека одговорите секогаш ќе ги имате при рака. iGuide апликацијата на Land Rover ги објаснува сите карактеристики и елементи за контрола што треба да ги знаете за вашиот Discovery Sport.
ПЕРФОРМАНСИ
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
КОНСТРУКЦИЈА НА ПОТПИРАЊЕТО
Потпирање дизајнирано за теренско возење. Систем со целосно независно потпирање со дизајн на задното потпирање од типот multi-link.
ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА
Со системот Прилагодлива динамика, што се избира преку екранот на допир, Discovery Sport дава дури и покрута контрола на каросеријата со поглатка управливост и поостра реакција.
АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА СО 9 СТЕПЕНИ НА ПРЕНОС
За да обезбеди секогаш да возите во оптималниот степен на пренос - со минимална потрошувачка на гориво и максимално забрзување - 9-брзинската автоматска трансмисија на Discovery Sport има девет блиску поставени степени на пренос. Промената на степенот на пренос се изведува скоро незабележително, а распоредот на моментите за промена на степенот на пренос интелигентно се прилагодува на вашиот стил на возење.
ДИНАМИЧКА КОНТРОЛА НА СТАБИЛНОСТА
Системот Динамичка контрола на стабилноста (DSC) го набљудува однесувањето на динамиката на Discovery Sport и интервенира за да ја максимира стабилноста на возилото. DSC го намалува вртежниот момент на моторот и го активира кочењето на соодветните тркала за да ја корегира насоката на движење на возилото неутрализирајќи го подуправувањето или надуправувањето.
СПОСОБНОСТ
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
ТРГНУВАЊЕ ПРИ МАЛА ТРАКЦИЈА
Обезбедува оптимална контрола на вртежниот момент кога тргнувате од место во лизгави услови.
КОНТРОЛА НА СПУШТАЊЕТО ПО НАДОЛНИНА
Помага со контролирано спуштање по стрмен терен. Тоа го прави со одржување на константна брзина и активирање на кочењето.
СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА НА ПОСТЕПЕНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КОЧНИЦИТЕ
Овој систем го спречува наглото забрзување на возилото на стрмнина откако ќе ја отпуштите кочницата.
НАПРЕДЕН СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ВЛЕЧЕЊЕ
Ја контролира насоката на движење на приколката кога се движите наназад. Со помош на вртливиот бирач, системот го контролира управувањето на Discovery Sport за да се постигне посакуваната патека на движење на приколката преку на екранот на допир.
ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ДЛАБОЧИНАТА НА ВОДАТА
Ве ослободува од стресот при минување низ вода. Овој систем ви дава приказ во реално време за нивото на водата околу возилото и ве предупредува ако нивото се приближува до максималната длабочината за минување низ вода на Discovery Sport.
КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКОВ ТЕРЕН (ATPC)
Теренски еквивалент на контролата на патна брзина. Овој најсовремен систем ви овозможува да поставите и одржувате стабилна брзина при теренско возење, особено на каллив терен.
СТАНДАРДНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
ИТНО КОЧЕЊЕ
Ако се предвидува судар, а по издаденото визуелно предупредување не се преземе никакво дејство, тогаш кочниците ќе се активираат автоматски. Системот, за возила, работи на брзини помеѓу 5 и 80km/h, а за пешаци и велосипедисти на брзини помеѓу 5 и 60km/h.
ПОМОШ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА
Идеален за лизгави услови на патот, системот Помош за задржување во коловозна лента забележува кога возилото ненамерно излегува од коловозната лента и врши корективно дејство со воланот со што ви укажува да го вратите вашето возило назад во коловозната лента.
НАДЗОР НА СОСТОЈБАТА НА ВОЗАЧОТ
Забележува ако сте почнале да се чувствувате поспан. Системот Надзор на состојбата на возачот ви дава рано визуелно предупредување кога треба да застанете и да направите пауза.
КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА СО ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА
Овој систем ја одржува тековната брзина без да има потреба за постојана употреба на педалот за гас и ви овозможува претходно да ја поставите максималната брзина за возилото.
ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ
ПАКЕТ PARK
ПАКЕТ DRIVE
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
Кога системот е активиран, Discovery Sport ќе бара погодно паркинг место. Возилото ќе управува при влегување и излегување од паркинг местото.
360º ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
Обезбедува целосна доверба при маневрирање во тесен простор. Задните, предните и страничните сензори обезбедуваат звучна и визуелна повратна информација во реално време за да ви укажат колку сте блиску до пречките.
НАБЉУДУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ЗАД ВАС
Овој систем ве предупредува за возила, пешаци или други опасности што приоѓаат од двете страни. Особено е од корист при òд наназад кога излегувате од паркинг место, дури и кога погледот наназад ви е попречен.
НАБЉУДУВАЊЕ ЗА СЛОБОДЕН ИЗЛЕЗ
Овој систем се грижи за безбедноста на патниците што излегуваат од Discovery Sport. Тоа го прави со предупредувања за опасности што приоѓаат, како што се возила и велосипедисти што минуваат крај возилото.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА
Пакетот Drive се состои од три системи. Системот Прилагодлива контрола на патната брзина ќе го држи вашето возило на безбедно растојание од возилото пред вас, ако тоа ја намалува брзината или ако застане кога патувате или сте во сообраќај што се движи со мала брзина. Ако возилото пред вас застане во место и вие полека ќе застанете во место.
ПОМОШ ЗА МРТОВ АГОЛ
Ако Discovery Sport забележи друг автомобил во вашиот мртов агол кога почнувате да менувате коловозна лента, тогаш во соодветниот надворешен ретровизор ќе се вклучи предупредувачко светло, а движењето на воланот ќе ви укаже дека вашето возило треба да го оддалечите од потенцијалниот судар.
ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА
Ако се предвидува судар, а по издаденото визуелно предупредување не се преземе никакво дејство, тогаш кочниците ќе се активираат автоматски. Системот, за возила, работи на брзини помеѓу 5 и 80km/h, а за пешаци и велосипедисти на брзини помеѓу 5 и 60km/h.
КОМФОР И УДОБНОСТ
ПАНОРАМСКИ ПОКРИВ
Фиксниот панорамски покрив овозможува внатрешноста да се исполни со светлина за да се создаде појасна и уште попријатна атмосфера.
КРАЈНА ВРАТА СО ЕЛЕКТРОМОТОРЕН ПОГОН
Со крајна врата со електромоторен погон можете едноставно да го отворите или затворите багажниот простор со помош на вашата клуч каритчка, копчето во внатрешноста или преку дискретните копчиња поставени на крајната врата.
БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ
Полнете го вашиот компатибилен паметен телефон без да го приклучувате. Нема потреба да го барате и отплеткувате кабелот за полнење.
ПРИЛАГОДЛИВО АМБИЕНТАЛНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
Со помош на оваа опционална карактеристика, можете да избирате помеѓу десетте бои за да го менувате амбиенталното внатрешно осветлување во вашиот Discovery Sport.
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила и споредете ги едно до друго.
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover близу вас
Url

Android™ и Android Wear™ е заштитен знак на Google Inc.

Apple® и Apple Watch® е регистриран заштитен знак на Apple Inc., регистриран во САД и други земји.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило на интернет.