НОВИОТ DISCOVERY SPORT

СЕСТРАН КОМПАКТЕН SUV

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
НА ПОЧЕТОК
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила и споредете ги едно до друго.
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover близу вас
Url
ДИЗАЈН
НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН

Освежената внатрешност на Discovery Sport го задржува легендарниот наградуван дизајн и овозможува додавање на нови технологии.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН

Новата внатрешност релаксира со своите богати бои, заоблени површини и, без да ја нарушува атмосферата, нуди трајни материјали што се бараат во еден семеен SUV.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
РАЗНОВИДНОСТ
ИНТЕЛИГЕНТНО РЕШЕН ПРОСТОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ

Отворената и јасна внатрешност на Discovery Sport нуди чувство на простор - нешто што без сомнените сакате да го задржите дури и со полно возило. Интелигентните решенија за простор за одлагање предмети насекаде во возилото ви овозможуваат да го избегнете нередот додека земате со себе сè што ви треба.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
АКТИВЕН ЖИВОТЕН СТИЛ

Уживајте во вашите омилени активности на отворено без да имате потреба да ги носите вашите клучеви со вас. Опционалниот Клуч за активирање е робусна, потполно водоотпорна алка за рака. Едноставно, оставете ги вашите клучеви безбедно заклучени во возилото и употребете го вашиот Клуч за активирање за да го заклучите и отклучите вашиот Discovery Sport.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА
yt:4aT3pMGC77M
СПОСОБНОСТ
СПОСОБНОСТ ЗА ТЕРЕНСКО ВОЗЕЊЕ

Discovery Sport ја нуди радоста и слободата што доаѓа со теренското возење.

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
yt:6HdlD62jMLE
МИНУВАЊЕ НИЗ ВОДА

Останете самоуверен и природен, дури и кога возите низ вода. Системот Препознавање на длабочината на водата се грижи безбедно да совладувате водени премини, а Discovery Sport ќе ве алармира доколку длабоката вода се приближува до максималната длабочина на минување низ вода за возилото.

ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
yt:oqnkhCLbmE0
ВЛЕЧЕЊЕ

Discovery Sport може да влече до 2.500kg. Може да се вгради и опционална демонтажна кука за влечење или кука за влечење со електромоторно отворање. Сестраноста на возилото можете дополнително да ја унапредите со избор од понудената опрема за превезување товар и влечење од нашите додатоци.

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
yt:G116vB3W8eY
ТЕХНОЛОГИЈА
МАТРИКС ЛЕД ФАРОВИ

Дел од нашата палета со технологии, Матрикс ЛЕД фаровите се карактеризираат со светлосен сноп што се придушува и прилагодува за да обезбеди максимална видливост без да ги заслепи возилата од спротивен правец.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА
yt:OdjfEiDzOkk
TOUCH PRO

Touch Pro јасно и интуитивно ви ги дава потребните информации и забава. На екранот на допир од 10” имате преглед на навигацијата и други детали. Комуникацијата е со помош на гестикулации со повеќекратен допир или можете да користите гласовна комуникација.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА
ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ

Вашата дигитална инструмент табла ги прикажува информациите за возење, забавните содржини и податоците за активната безбедност – вклучувајќи ги навигацијата, телефонот и медиумите – јасно и без никакво попречување.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА
yt:3jqfwf7sPc
ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА
ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
Со апликацијата Remote, Discovery Sport е спремен и чека на следната авантура. Искористете го вашиот паметен телефон за да го проверите нивото на гориво, да го отклучите возилото и однапред да ја загреете или изладите кабината.
ИНОВАЦИИ
Следната генерација од нашата технологија Стандарден погон ги унапредува стабилноста и тракцијата во лизгави услови или при теренско возење. Се вградува како дел од стандардната опрема со одредени мотори.
ДРУМСКО ВОЗЕЊЕ
Со пакет на технологии, меѓу кои се Активен погон и Динамика којашто може да се конфигурира, Discovery Sport нуди возбудливо возење, без оглед на патот или условите за возење.
ТЕРЕНСКО ВОЗЕЊЕ
Системот Теренска реакција 2 ви овозможува едноставно да се поврзете со нашето искуство коешто е подолго од 70 години. Возилото автоматски го избира најсоодветниот режим за теренско возење.
СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
Од справување со градскиот метеж до обезбедување дополнителни карактеристики за безбедност - множество од иновативни технологии, или како дел од стандардната опрема, или како опционална опрема или како дел од пакет.
КОМФОР И УДОБНОСТ
Идеално за ладни климатски услови, греењето на воланот обезбедува дополнителен комфор при возењето. Едноставно се активира, со допир на елементот за контрола што се наоѓа на воланот.
ПЕРФОРМАНСИ
ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

Системот Прилагодлива динамика нуди прецизна динамика и еластично возење преку набљудување на позицијата на тркалата и движењата на каросеријата. Амортизерите со електронска контрола ги оптимизираат поставките на потпирањето и ја обезбедуваат оптималната рамнотежа помеѓу комфорот, префинетоста и агилноста за цело време.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ

Системот Насочување на вртежниот момент преку кочење дава контролирано и активно движење низ свиоци со намалување на граничното подуправување преку контролирано кочење на внатрешните тркала. Со Активен заден диференцијал со блокада добивате дополнителна придобивка - поголема тракција во свиоците и подобар зафат на тркалата со подлогата при теренско возење.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
yt:B_y9K6VMH6s
РЕЗЕРВОАР ЗА ГОРИВО СО КАПАЦИТЕТ ОД 65 ЛИТРИ

Забавно е да се пронајдат оние места што ја задржале својата природна убавина, но може да биде разочарувачки ако треба по пат да застанете неколку пати за да полните гориво. Со резервоарот за гориво на Discovery Sport со зголемен капацитет од 65 литри можете да одите подалеку и да истражувате повеќе.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
КОМФОР И УДОБНОСТ
SMART SETTINGS

Discovery Sport ве препознава вас и вашите навики преку комбинацијата на вашата клуч каричката и вашиот паметен телефон. Кога е активирана функцијата за учење, возилото може дополнително да се прилагоди на вашите потреби - автоматски, на пример поставување на навигацијата според вашата омилена патека до дома.

yt:PRiXDMH6G3A
ПОВРЗЛИВОСТ

Discovery Sport има две USB порти и приклучница за напојување од 12V што се наоѓаат во касетата. Патниците на задните седишта имаат на располагање приклучница за напојување од 12V и две USB порти за полнење за да ги полнат батериите на нивните уреди и удобно да ги користат таблетите со системот Click and Go.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА
СЕДИШТА СО ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ

За да може секогаш да се обезбеди оптимален комфор, без оглед на надворешната температура, достапни се предни седишта со греење и ладење – им овозможуваат на возачот и на совозачот независно да ја постават својата посакувана температура.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN

Аудио системите на Meridian™ Audio и нивните напредни алгоритми за дигитална обработка на сигналите гарантираат дека ритамот и тактот на секое музичко дело ќе се слушаат токму како што замислил авторот. Изберете го аудио системот Meridian или, ако сакате вистинско задлабочувачко аудио доживување, аудио системот Meridian со опкружувачки звук.

ИСТРАЖЕТЕ ГО MERIDIAN
ЈОНИЗАЦИЈА НА ВОЗДУХОТ ВО КАБИНАТА

За одржување на здравјето на возачот и неговите сопатници туке е јонизаторот на воздухот во кабината со Nanoe™ технологија. Јонизаторот го подобрува квалитетот на воздухот во кабината преку отстранување на алергените, вирусите, бактериите во воздухот и придружните непријатни миризби.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА
БЕЗБЕДНОСТ
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ISOFIX
Гарантира јака врска помеѓу детските седишта и возилото. ISOFIX точките обезбедуваат унапредена безбедност во кабината.
ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА
Опсежниот систем од осум воздушни перничиња за возачот и сопатниците кај Discovery Sport обезбедува одлична заштита за сите патници во возилото.
ДИНАМИЧКА КОНТРОЛА НА СТАБИЛНОСТА
Системот го намалува вртежниот момент на моторот и го активира кочењето на соодветните тркала за да ја корегира насоката на движење на возилото неутрализирајќи го подуправувањето или надуправувањето.
ПОГОНСКИ СИСТЕМ
Discovery Sport ги користи најновите технологии за безбедност, вклучувајќи ја технологијата Електронска распределба на силата за кочење (EBD). Оваа технологија автоматски ја менува силата за кочење на секоја оска за да се минимизира патот на кочење, а истовремено ги одржува стабилноста на возилото и способноста за управување со него.
ПОМОШ ПРИ НАГЛО КОЧЕЊЕ
Системот Помош при нагло кочење препознава кога кочењето е нагло активирано но без потребната сила да се максимира застанувањето. Затоа, системот го засилува притисокот за кочење за да осигура дека ќе застанете навреме. Предупредувачките трепкачи се активираат автоматски при наглото кочење.
ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА
Оваа опционална карактеристика забележува кога може да дојде до потенцијален челен судар со друго возило и прикажува предупредување за возачот да кочи. Ако возачот не реагира, Discovery Sport ќе го активира кочењето за да се намали силината на можниот удар. Итно кочење е дел од стандардната опрема.

Meridian е регистриран заштитен знак на Meridian Audio Ltd.

Nanoe™ е заштитен знак на Panasonic Corporation.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило на интернет.