СЕСТРАНОСТ

НОВИОТ DISCOVERY SPORT – СЕСТРАН КОЛКУ ШТО БАРАТЕ

TOP
БАГАЖЕН ПРОСТОР
#component-4
КОМФОР И УДОБНОСТ
#component-7
БЕЗБЕДНОСТ
#component-10
СТАНДАРДНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
#component-13
ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ
#component-15
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
#component-21
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила и споредете ги едно до друго.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover близу вас
БАГАЖЕН ПРОСТОР

Discovery Sport обезбедува оптимално искористување на просторот во којшто патниците уживаат во највисоко ниво на комфор и одлично организиран простор за багаж.

5+2 СЕДИШТА
5+2 СЕДИШТА

157 литри



Со доволно простор за вас и шест ваши пријатели, водениот волумен според индустриски стандард ви нуди багажен простор до 157* литри. Ова е соодветно на 115* литри сув волумен, измерен со помош на мерни блокови.


5 СЕДИШТА
5 СЕДИШТА

1179 литри



Спакувајте го сиот дополнителен прибор што ви треба. Стандардната конфигурација со пет седишта дава воден волумен од 1179* литри, со корисен сув простор од 963* литри.

4 СЕДИШТА
4 СЕДИШТА

1302 литри



Соборете едно од задните седишта и користете ги погодностите на дополнителниот воден волумен од 1302* литри. Сега имате корисен сув волумен од 1085* литри и можете да ги понесете и оние неколку дополнителни делови од багажот.

3 СЕДИШТА
3 СЕДИШТА

1548 литри



Патувајте со двајца пријатели без да ви пречи багажот. Оваа конфигурација на Discovery Sport нуди воден волумен од 1548* литри, со корисен сув волумен од 1330* литри.

2 СЕДИШТА
2 СЕДИШТА

1794 литри



Кога ќе го склопите вториот ред можете едноставно да сместите поголеми предмети. Багажниот простор се зголемува до 1794* литри. Сувиот волумен достигнува 1574* литри.

Воден волумен е индустрискиот стандард, чијашто вредност се добива кога багажниот простор ќе се наполни со течност. Сувиот волумен се мери со помош на мерни блокови (200 x 50 x 100mm) и ја дава вредноста на практичниот простор во возилото.

КОМФОР И УДОБНОСТ
ВНАТРЕШЕН РЕТРОВИЗОР CLEARSIGHT
ВНАТРЕШЕН РЕТРОВИЗОР CLEARSIGHT

Задниот багажен простор е водечки во класата и е идеален за потребите на вашето семејство. Но, како ќе гледате низ вашите сопатници и нивниот багаж? Со внатрешниот ретровизор ClearSight можете да уживате во непречениот поглед, без оглед кој или што е зад вас.

yt:ekTZu2pQNCc
КАПАЦИТЕТ НА РЕЗЕРВОАРОТ ЗА ГОРИВО
КАПАЦИТЕТ НА РЕЗЕРВОАРОТ ЗА ГОРИВО

Забавно е да се пронајдат оние места што ја задржале својата природна убавина, но може да биде разочарувачки ако треба по пат да застанете неколку пати за да полните гориво. Одите подалеку и истражувајте повеќе со резервоарите за гориво во Discovery Sport, за бензин од 67 литри или за дизел со зголемен капацитет од 65 литри.

POWERED TAILGATE
Со крајната врата со електромоторен погон можете едноставно да го отворите или затворите багажниот простор со помош на вашата клуч картичка, со копчето во внатрешноста или преку дискретните копчиња поставени на крајната врата.
CABIN AIR IONISATION
За одржување на здравјето на возачот и неговите сопатници, јонизаторот на воздухот во кабината со Nanoe™ технологија го подобрува квалитетот на воздухот во кабината преку отстранување на алергените, вирусите, бактериите во воздухот и придружните непријатни миризби.
STOWAGE
Отворената и јасна внатрешност на Discovery Sport нуди чувство на простор - нешто што без сомнените сакате да го задржите дури и со полно возило. Интелигентните решенија за простор за одлагање предмети насекаде во возилото ви овозможуваат да го избегнете нередот додека земате со себе сè што ви треба.
АКТИВЕН ЖИВОТЕН СТИЛ
Уживајте во вашите омилени активности на отворено без да имате потреба да ги носите вашите клучеви со вас. Опционалниот Клуч за активирање е робусна, потполно водоотпорна алка за рака. Едноставно, оставете ги вашите клучеви безбедно заклучени во возилото и употребете го вашиот Клуч за активирање за да го заклучите и отклучите вашиот Discovery Sport.
БЕЗБЕДНОСТ

Discovery Sport е дизајниран за оптимална безбедност и вклучува множество од карактеристики за ваша заштита и за заштита на вашите сопатници.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ISOFIX
Гарантира јака врска помеѓу детските седишта и возилото. ISOFIX точките обезбедуваат унапредена безбедност во кабината.
ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА
Опсежниот систем од осум воздушни перничиња за возачот и сопатниците кај Discovery Sport обезбедува одлична заштита за сите патници во возилото.
ПОГОНСКИ СИСТЕМ
Discovery Sport ги користи најновите технологии за безбедност, вклучувајќи ја технологијата Електронска распределба на силата за кочење (EBD). Оваа технологија автоматски ја менува силата за кочење на секоја оска за да се минимизира патот на кочење, а истовремено ги одржува стабилноста на возилото и способноста за управување со него.
МАТРИКС ЛЕД ФАРОВИ

Дел од нашата палета со технологии, матрикс ЛЕД фаровите се карактеризираат со светлосен сноп што се придушува и прилагодува за да обезбеди максимална видливост без да ги заслепи учесниците во сообраќајот што се движат од спротивен правец.

yt:OdjfEiDzOkk
СТАНДАРДНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
ИТНО КОЧЕЊЕ
Ако се предвидува судар, а по издаденото визуелно предупредување не се преземе никакво дејство, тогаш кочниците ќе се активираат автоматски. Системот, за возила, работи на брзини помеѓу 5 и 80km/h, а за пешаци и велосипедисти на брзини помеѓу 5 и 60km/h.
ПОМОШ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА
Идеален за лизгави услови на патот, системот Помош за задржување во коловозна лента забележува кога возилото ненамерно излегува од коловозната лента и врши корективно дејство со воланот со што ви укажува да го вратите вашето возило назад во коловозната лента.
ЕЛЕМЕНТИ ЗА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ НАПРЕД И НАЗАД
Го прави маневрирањето поедноставно. Изберете Reverse (степен на пренос за òд наназад), или активирајте го преку екранот на допир, екранската графика и звучниот сигнал ќе ви укажат на растојанието до блиските пречки.
КАМЕРА ЗА ПОГЛЕД НАНАЗАД
Обезбедува подобра видливост кога се движите наназад. Системот гo прикажува Discovery Sport, и неговата проектирана патека на движење, на екранот на допир за да ви помогне при паркирањето.
ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ

Изберете некој од понудените пакети за да го збогатите вашето доживување при возењето

ПАКЕТ PARK
ПАКЕТ DRIVE
ПАКЕТ DRIVER ASSIST
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
Кога системот е активиран, Discovery Sport ќе бара погодно паркинг место. Возилото ќе управува при влегување и излегување од паркинг местото.
360º ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
Обезбедува целосна доверба при маневрирање во тесен простор. Задните, предните и страничните сензори обезбедуваат звучна и визуелна повратна информација во реално време за да ви укажат колку сте блиску до пречките.
НАБЉУДУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ЗАД ВАС
Овој систем ве предупредува за возила, пешаци или други опасности што приоѓаат од двете страни. Особено е од корист при òд наназад кога излегувате од паркинг место, дури и кога погледот наназад ви е попречен.
НАБЉУДУВАЊЕ ЗА СЛОБОДЕН ИЗЛЕЗ
Овој систем се грижи за безбедноста на патниците што излегуваат од Discovery Sport. Тоа го прави со предупредувања за опасности што приоѓаат, како што се возила и велосипедисти што минуваат крај возилото.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА
Пакетот Drive се состои од три системи. Системот Прилагодлива контрола на патната брзина ќе го држи вашето возило на безбедно растојание од возилото пред вас, ако тоа ја намалува брзината или ако застане кога патувате или сте во сообраќај што се движи со мала брзина. Ако возилото пред вас застане во место и вие полека ќе застанете во место.
ПОМОШ ЗА МРТОВ АГОЛ
Ако Discovery Sport забележи друг автомобил во вашиот мртов агол кога почнувате да менувате коловозна лента, тогаш во соодветниот надворешен ретровизор ќе се вклучи предупредувачко светло, а движењето на воланот ќе ви укаже дека вашето возило треба да го оддалечите од потенцијалниот судар.
ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА
Овој опционален систем забележува кога може да дојде до потенцијален челен судар со друго возило и прикажува предупредување за возачот да кочи. Ако возачот не реагира, Discovery Sport ќе го активира кочењето за да се намали силината на можниот удар. Системот Итно кочење е вграден како стандард.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА СО ПОМОШ ЗА УПРАВУВАЊЕ
Пакетот Driver Assist ги вклучува и системите што можат да се најдат во пакетите Park и Drive. Системот Прилагодлива контрола на патната брзина со Помош за управување ви помага при управувањето, се грижи да останете во вашата коловозна лента и ве држи на безбедно растојание од возилото пред вас. Моторот, кочниците и управувањето реагираат автоматски.
ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ДЛАБОЧИНАТА НА ВОДАТА
Ве ослободува од стресот при минување низ вода. Системот Препознавање на длабочината на водата ви дава приказ во реално време за нивото на водата околу возилото и ве предупредува ако нивото се приближува до максималната длабочината за минување низ вода на Discovery Sport.
СИСТЕМ ОД КАМЕРИ ЗА ОПКРУЖУВАЧКА СЛИКА 360°
Со помош на четирите дигитални камери што се дискретно поставени околу Discovery Sport, овој систем ви обезбедува поглед од горе во 360° што се прикажува на екранот на допир. Во исто време достапни ви се и погледи под разни агли на камерите.
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ DISCOVERY SPORT

Изберете помеѓу четирите модели и двата впечатливи стила на каросеријата, секој со уникатен карактер и дополнителни карактеристики.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила и споредете ги едно до друго.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover близу вас

*Вредност кога седиштата се нанапред до крај и не се навалени.
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
Nanoe™ е заштитен знак на Panasonic Corporation.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило онлајн.