ТЕХНОЛОГИЈА-ВО-АВТОМОБИЛ

НАЈЕДНОСТАВНА ПОВРЗЛИВОСТ ДОСЕГА

TOP
ПОГОДНОСТ ЗА ВОЗАЧОТ
#component-4
ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
#component-6
ЗАБАВНИ СОДРЖИНИ И АПЛИКАЦИИ
#component-9
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
#component-12
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила и споредете ги едно до друго.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover близу вас
ПОГОДНОСТ ЗА ВОЗАЧОТ

Мноштво информации и забавни содржини.

ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ
ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ

Вашата дигитална инструмент табла ги прикажува информациите за возење, забавните содржини и податоците за активната безбедност – вклучувајќи ги навигацијата, телефонот и медиумите – јасно и без никакво попречување.

TOUCH PRO
TOUCH PRO

Touch Pro јасно и интуитивно ви ги дава потребните информации и забава. На екранот на допир од 10” имате преглед на навигацијата и други детали. Комуникацијата е со помош на гестикулации со повеќекратен допир или можете да користите гласовна комуникација.

HEAD-UP ДИСПЛЕЈ
HEAD-UP ДИСПЛЕЈ

Овој систем, на ветробранското стакло ги прикажува главните податоци за возилото вклучувајќи ги брзината на движење, избраниот степен на пренос и насоките за навигација. Системот се карактеризира со кристално чиста графика со висока резолуција во боја, што ви овозможува лесно да ги видите информациите.

ВОЛАН
ВОЛАН

За поедноставно користење, на кожниот волан се вградени главните елементи за контрола, а меѓу нив се и елементите за контрола на медиумите и телефонот. А за поспортски изглед, воланот на Discovery Sport R-Dynamic има хромирани детали со завршна обработка Noble Chrome.

ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
Со помош на технологиите како што е 4G Wi-Fi хот-спот, вашите сопатници можат едноставно да ги проследуваат нивните забавни содржини, клипови и песни, додека интуитивниот интерфејс на системот InControl ви овозможува да бидете информиран и фокусиран на патот пред вас.
ПОВРЗЛИВОСТ
Бидете поврзан каде и да сте. Со пакетот Online можете да им гарантирате на сопатниците дека постојано ќе уживаат во забавата, додека со пакетот Smartphone можете беспрекорно да ги интегрирате поврзаните уреди со вашиот Discovery Sport и редовно да се информирате.
ПАКЕТ SMARTPHONE
Овој пакет ви овозможува преку екранот на допир да ги контролирате апликациите, што се оптимизирани за возило, на вашиот Android™ или Apple® паметен телефон.
АПЛИКАЦИЈАТА REMOTE
Вклучување на клима уредот однапред, заклучување, отклучување или лоцирање на вашето возило и следење на вашите патувања од вашиот паметен телефон или паметен часовник. Компатибилно со повеќето паметни телефони, Android Wear™ или Apple Watch®.
ЗАБАВНИ СОДРЖИНИ И АПЛИКАЦИИ
AUDIO
Бидете сигурен дека вашиот Discovery Sport ќе им понуди емотивно аудио доживување на вашите сопатници. Тоа ќе го постигне со помош на аудио системот Meridian™ 380W. 10 звучници, распоредени низ целата кабина за да може секој патник да ужива во богат звук при секое патување.
IGUIDE
Мобилниот прирачник за корисникот, iGuide, ви гарантира дека одговорите секогаш ќе ги имате при рака. iGuide апликацијата на Land Rover ги објаснува сите карактеристики и елементи за контрола што треба да ги знаете за вашиот Discovery Sport.
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ DISCOVERY SPORT

Изберете помеѓу четирите модели и двата впечатливи стила на каросеријата, секој со уникатен карактер и дополнителни карактеристики.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила и споредете ги едно до друго.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover близу вас

Meridian is a registered trademark of Meridian Audio Ltd.

Android™ и Android Wear™ е заштитен знак на Google Inc.

Apple® и Apple Watch® е регистриран заштитен знак на Apple Inc., регистриран во САД и други земји.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило онлајн.

Карактеристиките на InControl, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај вашиот продавач на Land Rover за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирање на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација.

Онлајн функционалноста и Wi-Fi поврзливоста зависат од инсталација на микро СИМ картичка со соодветен договор. 4G Wi-Fi Hotspot и пакетот Online содржат претплатнички услуги што можат да се продолжат по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач на Land Rover.

Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.