ПАКЕТ EXPLORER

ПРОБИЈТЕ ЈА СВОЈАТА ПАТЕКА, БЕЗ ОГЛЕД НА ТЕРЕНОТ

ПАКЕТ EXPLORER

Им пркоси на традициите и ги освојува неистражените пејсажи.

ПАКЕТОТ EXPLORER СЕ СОСТОИ ОД:
EXPLORER<sup>1</sup>
НАДГРАДБИ<sup>2</sup>
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
НАДВОРЕШЕН СТРАНИЧНО ПОСТАВЕН НОСАЧ ЗА ОПРЕМА
Водоотпорен и со заклучување. Тука можете едноставно да ги сместите и обезбедите валканите и мокрите делови од опремата.
БАГАЖНИК ЗА ПОКРИВОТ ЗА ЕКСПЕДИЦИИ
Иако е со мала тежина сепак има носивост од 142kg при динамичко оптоварување3.
ПОДГИНАТ ВЛЕЗ ЗА ВОЗДУХ
Кога вашата авантура се одвива во правливи или песокливи услови, тогаш со подигнатиот влез за воздух се носи почист воздух во моторот.
ЗАШТИТА ЗА ЛАЦИТЕ НА КРИЛАТА
Корисно кога возите по ризични теренски патеки. Се добива дополнителна заштита со трајни, висококвалитетни композитни материјали, а истовремено го збогатува забележливиот изглед на Defender.
ПРЕДНИ И ЗАДНИ КЛАСИЧНИ КАЛНИЦИ
Калниците го намалуваат прскањето и ги штитат обоените површини на Defender од нечистотии и отпадоци. Овие додатоци го надополнуваат надворешниот дизајн на возилото.
НАЛЕПНИЦА ЗА ХАУБАТА ВО ЦРНА МАТ БОЈА
Стилски детаљ за хаубата во црна мат боја. Карактерот е сѐ.
КАПАК ЗА РЕЗЕРВНОТО ТРКАЛО
Стилска заштита преку целата година за вашето резервно тркало поставено на задната страна.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПРЕДЕН СИСТЕМ ЗА ЗАШТИТА ПРИ ЕКСПЕДИЦИИ
Овој систем ги комбинира предниот подножен заштитен лим и „А“ заштитната рамка за да понуди оптимална заштита, а со подигнатите агли се зголемува слободниот простор под возилото.
ФИКСНИ СТРАНИЧНИ СКАЛИ
Пречекорете ја калта и со леснотија да влезете во Defender.
СКАЛИ, НА ОТВОРАЊЕ, ЗА ПОКРИВОТ
Отворањето се одвива во две фази, а сместувањето на багажот на покривот е многу поедноставно.
СТРАНИЧНИ СКАЛИ НА ОТВОРАЊЕ<sup>4</sup>
Прецизно поставени под праговите. Автоматски се отвораат кога се отвора и вратата. Или кога ќе ги активирате со клуч картичката.
СТРАНИЧНИ ЦЕВКИ СО БЛЕСКАВА ПОВРШИНСКА ОБРАБОТКА
Овие елементи5 го збогатуваат страничниот изглед на возилото, а обезбедуваат и заштита за праговите на вратите при теренското возење.
КОЈ ПАКЕТ СО ДОДАТОЦИ Е ВИСТИНСКИОТ ЗА ВАС?

Одговорете на три кратки прашања за вашиот животен стил за да го откриете вашиот идеален пакет со додатоци.

ПОЧНЕТЕ
КОЛЕКЦИЈАТА LIFESTYLE
ИСТРАЖЕТЕ ЈА КОЛЕКЦИЈАТА LIFESTYLE
ПОСТАВА СО ДВЕ ЛИЦА
Оваа постава е дизајнирана за да ве топли или да ве лади и се прилагодува на вашето опкружување. Направена е од мерино волна и висококвалитетна ткаенина што има способност за одведување на потта.
TEPHRA КРАТКА ЈАКНА ОД GORE‑TEX<sup>®</sup>
Трајност, заштита и комфор. Оваа кратка јакна е направена од трислоен GORE‑TEX® материјал, целосно е водоотпорна и му овозможува на телото да дише.
ТЕРМО ЈАКНА СО ЗАВАРЕНИ ШЕВОВИ
Дизајнирана со PrimaLoft®, заварени шевови, вграден RECCO® систем за спасување. Подготвена за надворешни услови.
КОЛЕКЦИЈАТА EXPLORER
- Ракавици Above and Beyond
- Ремен Rodina
- Мулти-тул прибор
- Пенкало Above and Beyond
ИСТРАЖЕТЕ ПОВЕЌЕ ПАКЕТИ СО ДОДАТОЦИ
ПАКЕТ ADVENTURE
Ослободете ја вашата страст на нови територии. Пакетот Adventure во Defender внесува опрема којашто ќе ви овозможи да излезете од разгазената патека и да возите по природната конфигурација на теренот.
ИСТРАЖЕТЕ ГО ПАКЕТОТ ADVENTURE
ПАКЕТ COUNTRY
Совладајте го и најкалливиот терен. Пакетот Country во Defender внесува опрема што ќе ги искористи основните карактеристики и секое патување ќе биде навистина незаборавно.
ИСТРАЖЕТЕ ГО ПАКЕТОТ COUNTRY
ПАКЕТ URBAN
Освојте ја бетонската џунгла. Пакетот Urban во Defender внесува опрема со којашто овој модел ќе се истакнува во соседството и ќе ги привлекува погледите со својот стил, самодоверба и ладнокрвност.
ИСТРАЖЕТЕ ГО ПАКЕТОТ URBAN
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила на Land Rover и споредете ги едно до друго
Url
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете вашиот совршен Defender
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
Url
ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
Регистрирајте се за најновите вести за Defender

1Бара кровни шини за да може да се вгради.

2Надградбите ќе бидат достапни во почетокот на 2020 година.

3Кога е вградено во 110 со пневматици за теренско возење.

4Достапно само за Defender 110. Не е компатибилно со фиксни странични скали или странични цевки со блескава површинска обработка.

5Не е компатибилно со фиксни странични скали или странични скали на отворање.

Информациите, спецификацијата, моторите и боите прикажани на оваа веб локација се базираат на европската спецификација и може да се разликуваат од пазар до пазар и се предмет на измена без известување. Некои возила се прикажани со опционална опрема и додатоци што ги вградува продавачот што можеби не се достапни на сите пазари. Контактирајте го вашиот локален продавач за достапноста и цените на вашиот локален пазар.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило на интернет.

Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.

Одредени функции бараат погодна SIM картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач.