ПАКЕТ ADVENTURE

ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАСТ НА НОВИ ТЕРИТОРИИ

ПАКЕТ ADVENTURE

Сѐ што ви треба за да излезете од разгазената патека.

ПАКЕТОТ ADVENTURE СЕ СОСТОИ ОД:
ADVENTURE<sup>1</sup>
НАДГРАДБИ<sup>2</sup>
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ИНТЕГРИРАН КОМПРЕСОР ЗА ВОЗДУХ
Пумпајте сѐ. Од душек на воздух до пневматиците на Defender. Згодно интегриран во багажниот простор.
НАДВОРЕШЕН СТРАНИЧНО ПОСТАВЕН НОСАЧ ЗА ОПРЕМА
Водоотпорен и со заклучување. Овозможува едноставно и безбедно смесување на валканите и мокрите делови од опремата.
ПРЕНОСЛИВ СИСТЕМ ЗА ПЛАКНЕЊЕ
Исплакнете ја калта од задниот дел. Исплакнете го вашиот велосипед и исчистете ги вашите чизми. Работи под притисок, а може да се полни на чешма или со помош на рачна пумпа.
СТОЛЧЕ-РАНЕЦ
Чувајте ги вашите битни работи при рака во столчето-ранец. Се поставува на средина од задните седишта. Едноставно се отстранува за да го користите при прошетка.
КАПАК ЗА РЕЗЕРВНОТО ТРКАЛО
Стилска заштита преку целата година за вашето резервно тркало поставено на задната страна.
МЕТАЛНА ПЛОЧКА НА ЗАДНИОТ ДЕЛ
Го штити одбојникот од гребнатинки што може да се појават при товарење на вашата опрема или при теренското возење.
ПРЕДНИ И ЗАДНИ КАЛНИЦИ
Калниците го намалуваат прскањето и ги штитат обоените површини на Defender од нечистотии и отпадоци.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
„А“ ЗАШТИТНА РАМКА
Зголемена заштита на предниот дел на Defender, така што можете со поголема доверба да се справите со предизвикувачки терен.
ФИКСНИ СТРАНИЧНИ СКАЛИ
Пречекорете ја калта и со леснотија да влезете во Defender.
СТРАНИЧНИ СКАЛИ НА ОТВОРАЊЕ<sup>3</sup>
Прецизно поставени под праговите. Автоматски се отвораат кога се отвора и вратата. Или кога ќе ги активирате со клуч картичката.
СТРАНИЧНИ ЦЕВКИ СО БЛЕСКАВА ПОВРШИНСКА ОБРАБОТКА
Овие елементи4 го збогатуваат страничниот изглед на возилото, а обезбедуваат и заштита за праговите на вратите при теренското возење.
КОЈ ПАКЕТ СО ДОДАТОЦИ Е ВИСТИНСКИОТ ЗА ВАС?

Одговорете на три кратки прашања за вашиот животен стил за да го откриете вашиот идеален пакет со додатоци.

ПОЧНЕТЕ
КОЛЕКЦИЈАТА LIFESTYLE
ИСТРАЖЕТЕ ЈА КОЛЕКЦИЈАТА LIFESTYLE
ПОСТАВА СО ДВЕ ЛИЦА
Оваа постава е дизајнирана за да ве топли или да ве лади и се прилагодува на вашето опкружување. Направена е од мерино волна и висококвалитетна ткаенина што има способност за одведување на потта.
ХИБРИДНА ЈАКНА RODINA
Мека јакна третирана со DWR, со ракави што брзо се отстрануваат и за неколку секунди може да се претвори во елек.
ЛЕСНА ЈАКНА ОД GORE‑TEX<sup>®</sup> ЕДНОСТАВНА ЗА ПАКУВАЊЕ
Јакната SHAKEDRY од GORE‑TEX® може да се спакува на 15 проценти од нејзината површина, лесна е како пердув, едноставна е за сместување и гарантира врвна заштита од вода.
КУФЕР LEROVA
Водоотпорен куфер што ќе ви помогне да ги заштитите вашите работи во текот на вашите авантури.
КОЛЕКЦИЈАТА ADVENTURE
- Заштитен ранец Mirovia
- Микрофибер крпа Active Towel
- Мулти-тул прибор
- Матарка
ИСТРАЖЕТЕ ПОВЕЌЕ ПАКЕТИ СО ДОДАТОЦИ
ПАКЕТ EXPLORER
Пробијте ја својата патека, без оглед на теренот. Пакетот Explorer во Defender внесува опрема што им пркоси на традициите и со којашто ќе ги освојувате непознатите пејсажи.
ИСТРАЖЕТЕ ГО ПАКЕТОТ EXPLORER
ПАКЕТ COUNTRY
Совладајте го и најкалливиот терен. Пакетот Country во Defender внесува опрема што ќе ги искористи основните карактеристики и секое патување ќе биде навистина незаборавно.
ИСТРАЖЕТЕ ГО ПАКЕТОТ COUNTRY
ПАКЕТ URBAN
Освојте ја бетонската џунгла. Пакетот Urban во Defender внесува опрема со којашто овој модел ќе се истакнува во соседството и ќе ги привлекува погледите со својот стил, самодоверба и ладнокрвност.
ИСТРАЖЕТЕ ГО ПАКЕТОТ URBAN
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила на Land Rover и споредете ги едно до друго
Url
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете вашиот совршен Defender
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
Url
ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
Регистрирајте се за најновите вести за Defender
Url

1Бара кровни шини за да може да се вгради.

2Надградбите ќе бидат достапни во почетокот на 2020 година.

3Достапно само за Defender 110. Не е компатибилно со фиксни странични скали или странични цевки со блескава површинска обработка.

4Не е компатибилно со фиксни странични скали или странични скали на отворање.

Информациите, спецификацијата, моторите и боите прикажани на оваа веб локација се базираат на европската спецификација и може да се разликуваат од пазар до пазар и се предмет на измена без известување. Некои возила се прикажани со опционална опрема и додатоци што ги вградува продавачот што можеби не се достапни на сите пазари. Контактирајте го вашиот локален продавач за достапноста и цените на вашиот локален пазар.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило на интернет.

Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.

Одредени функции бараат погодна SIM картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач.