ДОДАТОЦИ

ВАШ СВЕТ. ВАШ НАЧИН.

zONCQGzyneU
ГОРЕ
НАДВОРЕШНОСТ
#component-4
ВНАТРЕШНОСТ
#component-8
ПАКЕТИ СО ДОДАТОЦИ
#component-10
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила на Land Rover и споредете ги едно до друго
Url
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете вашиот совршен Defender
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
Url
ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
Регистрирајте се за најновите вести за Defender
НАДВОРЕШНОСТ
СТРАНИЧНО ПОСТАВЕН НОСАЧ ЗА ОПРЕМА

Надворешниот странично поставен носач за опрема1 со капацитет од 28 литри ви овозможува сигурно и безбедно да сместитете опрема надвор од возилото. Водоотпорен и со заклучување, овој носач овозможува едноставно и безбедно сместување на опремата.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
БАГАЖНИК ЗА ПОКРИВОТ ЗА ЕКСПЕДИЦИИ
Кога возите по екстремни патеки многу е важно целата опрема да остане со вас. Способен да издржи динамичко оптоварување од 142kg2, багажникот за покрив за експедиции1 нуди простор повеќе од доволно.
СКАЛИ, НА ОТВОРАЊЕ, ЗА ПОКРИВОТ
Скалите на отворање за покривот3 го подобруваат пристапот до покривот и го олеснуваат сместувањето на багажот. За дополнителна безбедност, скалите може да се заклучат во затворената положба.
ВОДООТПОРНА НАСТРЕШНИЦА НА ПУМПАЊЕ
Уживајте во погледот без да се грижите за временските прилики. Водоотпорната настрешница за покривот3 може брзо да се подготви и нуди можност за поставување на страна или одзади на возилото.
ПРЕНОСЛИВ СИСТЕМ ЗА ПЛАКНЕЊЕ
Преносливиот систем за плакнење има резервоар од 6,5 литри, плакнењето го изведува под притисок и со него можете да ја исчистете вашата опрема многу едноставно. Во системот се вклучени и црево и приклучок за туш и ви овозможува да ги исплакнете чизмите, велосипедите и нуркачките одела.
НОСАЧ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ
Изберете еден од двата понудени носачи за велосипед што се монтираат на покривот3 и носете два велосипеди на секоја ваша авантура.
ВНАТРЕШНОСТ
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
СТОЛЧЕ-РАНЕЦ
Безбедно сместено на задното седиште, но сепак вешто поставено надвор од вашето видно поле. Ранецот има зафатнина од 20 литри и во него сите ваши битни работи ви се при рака. Столчето-ранец може едноставно да се отстрани и да го земете со вас кога го напуштате возилото.
ИНТЕГРИРАН КОМПРЕСОР ЗА ВОЗДУХ
Со интегрираниот компресор за воздух можете во секое време да ги пумпате пневматиците на возилото, на велосипедите, да ги пумпате душеците на воздух и другите делови што се пумпаат. Компресорот е вграден во багажниот простор на возилото.
СИСТЕМОТ CLICK AND GO
Сестран, повеќенаменски систем за патниците од вториот ред. Се поставува помеѓу монтажните места за наслонот за глава и нуди дополнителни приклучоци што можат да се додадат за да ги држат вашите таблети, торби, преносни компјутери и јакни.
ПАКЕТИ ЗА МИЛЕНИЧИЊА
Изберете некој од нашите пакети за миленичиња за да бидете сигурен дека вашето милениче е безбедно и се чувствува комфорно на секое патување. Во исто време, со овие пакети ја заштитувате и внатрешноста на вашето возило.
ПАКЕТИ СО ДОДАТОЦИ

Четири пакети. Неограничени можности. За да ги искористите предностите од својот свет, изберете еден од четирите подолунаведени пакети.

ПАКЕТ EXPLORER
Пробијте ја својата патека, без оглед на теренот. Пакетот Explorer во Defender внесува опрема што им пркоси на традициите и со којашто ќе ги освојувате непознатите пејсажи. Откријте го вашиот совршен пакет со помош на нашиот прашалник.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ ПАКЕТИТЕ СО ДОДАТОЦИ
ПАКЕТ ADVENTURE
Ослободете ја вашата страст на нови територии. Пакетот Adventure во Defender внесува опрема којашто ќе ви овозможи да излезете од разгазената патека и да возите по природната конфигурација на теренот. Откријте го вашиот совршен пакет со помош на нашиот прашалник.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ ПАКЕТИТЕ СО ДОДАТОЦИ
ПАКЕТ COUNTRY
Совладајте го и најкалливиот терен. Пакетот Country во Defender внесува опрема што ќе ги искористи основните карактеристики и секое патување ќе биде навистина незаборавно. Откријте го вашиот совршен пакет со помош на нашиот прашалник.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ ПАКЕТИТЕ СО ДОДАТОЦИ
ПАКЕТ URBAN
Освојте ја бетонската џунгла. Пакетот Urban во Defender внесува опрема со којашто овој модел ќе се истакнува во соседството и ќе ги привлекува погледите со својот стил, самодоверба и ладнокрвност. Откријте го вашиот совршен пакет со помош на нашиот прашалник.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ ПАКЕТИТЕ СО ДОДАТОЦИ
ВРВНА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Искористете ги предностите од својот свет. Со Defender, имате можност целосно да го персонализирате возилото за да одговара на вашиот животен стил.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВРВНАТА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила на Land Rover и споредете ги едно до друго
Url
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете вашиот совршен Defender
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
Url
ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
Регистрирајте се за најновите вести за Defender

1Бара кровни шини за да може да се вгради.
2Кога е вградено во 110 со пневматици за теренско возење.
3Достапно на почетокот на 2020 година.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило на интернет.
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
Одредени функции бараат погодна SIM картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач.