ТЕХНОЛОГИЈА-ВО-АВТОМОБИЛ

СЕКОГАШ ВКЛУЧЕНА, СЕКОГАШ СПРЕМНА. НАША НАЈНАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА ДОСЕГА

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
ГОРЕ
ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
#component-6
ПРЕГЛЕДНОСТ
#component-8
УДОБНОСТ
#component-10
ПОВРЗЛИВОСТ
#component-15
КОМФОР
#component-17
ПОМОШ
#component-19
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила на Land Rover и споредете ги едно до друго
Url
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете вашиот совршен Defender
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
Url
ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
Регистрирајте се за најновите вести за Defender
Url

Со целосно новиот дизајн на надворешноста и внатрешноста, како и со пакетот со најновите системи за помош на возачот и карактеристиките за поврзливост, Defender од следната генерација ќе биде револуционерен производ за Land Rover.

Ник Колинс (Nick Collins)
Директор за возила, Jaguar Land Rover

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ЦЕЛОСНО НОВ СИСТЕМ ЗА ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
Инспириран од вашиот паметен телефон. Нашиот нов систем за информации и забава, Pivi Pro, нуди целосна поврзливост, а за главните информации ви е доволен еден поглед.
НАВИГАЦИЈА
Системот за навигација Connected Navigation Pro на Defender ги учи вашите омилени патеки и ви предлага побрзи алтернативни патеки за да не задоцните.
УНАПРЕДЕНА ПРЕГЛЕДНОСТ
Видете повеќе од светот околу вас. Технологијата ClearSight, како дел од напредниот систем од камери за 3Д опкружувачка слика, ја подобрува вашата прегледност.
ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
ЕДЕН ПОГЛЕД ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ
ЕДЕН ПОГЛЕД ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ

Екран на допир од 10“ лично за вас. Pivi Pro системот на Defender се карактеризира со распоред што е погоден за кратки информации и ви овозможува на основниот екран да изведувате секојдневни задачи и да користите вообичаени функции.

CONNECTED NAVIGATION PRO
CONNECTED NAVIGATION PRO

Останете поврзани со вашата патека преку сообраќајни информации во реално време и пристап во живо до информациите за цените на горивата, паркинг просторот и местото каде што се наоѓате. Сето тоа се прикажува во исклучителни 2Д или 3Д детали.

ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ
ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ

На интерактивниот дисплеј за возачот со екран од 12.3“ со висока резолуција во Defender можете да прикажете широк опсег на релевантни информации. Овој дисплеј можете да го персонализирате да прикажува мапа на цел екран, информации за телефонот и медиумите.

HEAD-UP ДИСПЛЕЈ
HEAD-UP ДИСПЛЕЈ

Овој систем, на ветробранското стакло ги прикажува главните податоци за возилото вклучувајќи ги брзината на движење, избраниот степен на пренос и насоките за навигација. Системот се карактеризира со кристално чиста графика со висока резолуција во боја, што ви овозможува едноставно да ги видите информациите, меѓу коишто се и информациите за теренско возење како на пр. аглите за надолжниот и напречниот наклон на теренот.

ПРЕГЛЕДНОСТ
ПОГЛЕД НА ТЕРЕНОТ ПРЕКУ CLEARSIGHT
ПОГЛЕД НА ТЕРЕНОТ ПРЕКУ CLEARSIGHT

Достапна како дел од системот од камери за 3Д опкружувачка слика. Функцијата Поглед на теренот преку ClearSight1 ви овозможува ефективно да гледате „низ“ хаубата на Defender. Оваа функција прикажува разни погледи на надворешноста, вклучувајќи ги погледите на долната страна на возилото и тркалата. Каде и да возите, со оваа функција можете да се чувствувате посигурен.

РЕТРОВИЗОР CLEARSIGHT
РЕТРОВИЗОР CLEARSIGHT

Не е важно дали на вашиот поглед му пречи опремата или патниците во вашето возило. Внатрешниот ретровизор ClearSight користи видео приказ во живо што гарантира дека секогаш ќе имате непречен поглед.2

ФАРОВИ
ФАРОВИ

Со овие фарови заморот при ноќното возење е помал. Осветлувањето од надворешните ЛЕД светла на Defender е блиско до дневната светлина. Матрикс ЛЕД фаровите овозможуваат видливост со долгите светла на фаровите и се грижат да се избегне заслепувањето на возилата што се движат од спротивна насока.

УДОБНОСТ
ПОЛНИ БАТЕРИИ НА ВАШИТЕ УРЕДИ

Со Defender, вие сте секогаш поврзани. Безжичното полнење во централната конзола, USB приклучниците во секој ред и домашната приклучница за напојување гарантираат дека во исто време можат да се полнат повеќе уреди.

https://cdn-jaguarlandrover.com/system/ext_360/l663/features/stay-charged/00.jpg
https://cdn-jaguarlandrover.com/system/ext_360/l663/features/stay-charged/**.jpg
Кликнете за комуникација
https://cdn-jaguarlandrover.com/system/ext_360/l663/features/stay-charged/00_m.jpg
https://cdn-jaguarlandrover.com/system/ext_360/l663/features/stay-charged/**_m.jpg
Допрете за комуникација
КЛУЧ ЗА АКТИВИРАЊЕ

Слободно прошетајте и истражете ја околината. Немате потреба да го носите вашиот конвенционален клуч со вас. Отпорен на вода и на удари, целосно новиот Клуч за активирање3 ви овозможува да го отклучите, заклучите, стартувате и да го возите вашето возило, а го прикажува и времето.

ВАШИОТ DEFENDER

Подготвен буквално за сè. Defender којшто е персонализиран за вас.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПОВРЗЛИВОСТ
ПАКЕТ ONLINE
Со овој пакет вашето патување е побогато. Сѐ што ви треба долж вашата патека ви е на дофат на раката, вклучувајќи ги Online Media, обновени информации за временската прогноза, информации од календарот како и места од интерес. Обезбедува неограничени податоци4 преку интегрирана SIM картичка.
АПЛИКАЦИЈАТА REMOTE
Вклучување на клима уредот однапред, заклучување, отклучување или лоцирање на вашето возило и следење на вашите патувања од вашиот паметен телефон или паметен часовник. Компатибилно со повеќето паметни телефони и паметни часовници.
ФУНКЦИЈАТА SOFTWARE UPDATES
Defender е секогаш во тек со помош на функцијата Software Updates5. Софтверот на системот за информации и забава, на телеметријата и софтверот на разните конролни модули на возилото може далечински да се обновува за да се обезбедат оптимални перформанси.
WI-FI ОВОЗМОЖЕНО
Вашето семејство е поврзано и ужива во забавата5. 4G Wi-Fi обезбедува пристап во-автомобилот до компатибилните мобилни мрежи. Тој обезбедува и поврзливост за највеќе осум уреди.
КОМФОР
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN<sup>TM</sup> СО ОПКРУЖУВАЧКИ ЗВУК
Опционалниот аудио систем Meridian со опкружувачки звук и моќност од 700W има 14 звучници и двоканален сабвуфер, и дава кристално чисти високи тонови и богат, длабок бас насекаде низ кабината. Ја слушате вашата музика онака како што вие сакате.
КЛИМА ВО ВНАТРЕШНОСТА
Без оглед на надворешните услови, возачот и сопатниците можат да уживаат во идеалната температура во возилото со клима уредот со две и три зони. Дополнително, јонизаторот на воздухот во кабината ги отстранува алергените, бактериите во воздухот и придружните непријатни миризби.
СЕДИШТА СО ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ
Го збогатуваат комфорот на возилото. Седиштата со греење и ладење гарантираат дека ќе бидете во оптимална околина на секое патување.
ПРЕМИУМ ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО КАБИНАТА
Премиум осветлувањето во кабината ви нуди 10 опции коишто можете да ги конфигурирате. Со ова осветлување можете вашето опкружување да го прилагодите на вашето расположение, карактер или на вашиот стил на возење.
СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ
<span style="text-transform: lowercase; ">i</span>GUIDE

iGuide апликацијата на Land Rover ви овозможува брз и едноставен пристап до информации во врска со карактеристиките и елементите за контрола на возилото. Наскоро, и за Apple® и за AndroidTM уреди.

СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ

Во Defender е вградено множество од карактеристики за помош на возачот за да добиете уште поголема безбедност и удобност при возењето - меѓу другите, тука се пакетот Blind Spot Assist, пакетот Driver Assist и системот од камери за 3Д опкружувачка слика.

ПАКЕТ BLIND SPOT ASSIST
ПАКЕТ DRIVER ASSIST
СИСТЕМ ОД КАМЕРИ ЗА 3Д ОПКРУЖУВАЧКА СЛИКА
ПОМОШ ЗА МРТОВ АГОЛ
Ако Defender забележи друг автомобил во вашиот мртов агол кога почнувате да менувате коловозна лента, тогаш во соодветниот надворешен ретровизор ќе се вклучи предупредувачко светло, а движењето на воланот ќе ви укаже дека вашето возило треба да го оддалечите од потенцијалниот судар.
НАБЉУДУВАЊЕ ЗА СЛОБОДЕН ИЗЛЕЗ
Овој систем се грижи за безбедноста на патниците што излегуваат од Defender. Тоа го прави со предупредувања за опасности што приоѓаат, како што се возила и велосипедисти што минуваат крај возилото.
НАБЉУДУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ЗАД ВАС
Овој систем ве предупредува за возила, пешаци или други опасности што приоѓаат од двете страни. Особено е од корист при òд наназад кога излегувате од паркинг место.
ПАКЕТ BLIND SPOT ASSIST
Карактеристики што влегуваат во пакетот Blind Spot Assist: Помош за мртов агол, Набљудување на сообраќајот зад вас и Набљудување со слободен излез.
ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА
Системот Прилагодлива контрола на патната брзина автоматски ќе го држи вашето возило на безбедно растојание од возилото пред вас, ако тоа ја намалува брзината или ако застане кога патувате или сте во сообраќај што се движи со мала брзина. Ако возилото пред вас застане во место и вие полека ќе застанете во место.
НАБЉУДУВАЊЕ ЗА ПРЕВЕНТИВА ОД СУДАР ОДЗАДИ
Ако возилото што ви приоѓа одзади не ја намалува брзината, Defender автоматски ќе ги вклучи предупредувачките трепкачи со што ќе се обиде да го алармира возачот што ви приоѓа за да почне со кочењето.
СИСТЕМ ОД КАМЕРИ ЗА 3Д ОПКРУЖУВАЧКА СЛИКА
Тука се вклучени карактеристиките од системот 360° помош при паркирање. Погледите од четирите камери коишто се дискретно поставени околу возилото се спојуваат за да се обезбеди 3Д поглед на возилото. Овој поглед се прикажува на екранот на допир и на друг начин не е возможно да се добие ваков поглед без да излезете надвор од возилото. Со ваква подобрена прегледност искачувањето по бреговит терен и маневрирањето со возилото се поедноставни од порано.
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ DEFENDER

Големината доаѓа во сите облици, димензии и во секаков дизајн на каросеријата.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила на Land Rover и споредете ги едно до друго
Url
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете вашиот совршен Defender
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
Url
ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
Регистрирајте се за најновите вести за Defender
Url

1Поглед на теренот преку ClearSight зависи од системот од камери за 3Д опкружувачка слика. Сликата не е во живо. Заради безбедност проверете ја околината. Подлежи на локалните прописи.
2Карактеристика што подлежи на локалните прописи. Ако корисниците на бифокални или прогресивни (варифокални) наочари не можат едноставно да го прилагодат фокусот на дигиталната слика на ретровизорот ClearSight, тие можат да го вратат нормалниот режим на ретровизорот во секое време.
3Достапно во почетокот на 2020 година.
4Се применува политиката за фер користење. По искористувањето 20GB пред истекот на еден месец, брзината може да се намали до крајот на месецот.
5Кога е поврзано на Wi-Fi или на мобилна мрежа.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило на интернет.
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
Одредени функции бараат погодна SIM картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач.