СПОСОБНОСТ

НЕСОПИРЛИВ. НАСЕКАДЕ

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
ГОРЕ
СПОСОБНОСТИ
#component-6
ПРЕМИНУВАЈЌИ ГРАНИЦИ
#component-8
ДВИЖЕЊЕ ПО СЕКАКОВ ТЕРЕН
#component-13
ПОГОНСКИ СИСТЕМИ
#component-16
ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА
#component-18
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила на Land Rover и споредете ги едно до друго
Url
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете вашиот совршен Defender
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
Url
ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
Регистрирајте се за најновите вести за Defender

Defender е создаден за да можете да сонувате за поголеми нешта. Да запнете повеќе. Да ги надминете границите.


КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
СПОСОБНОСТ ЗА ДВИЖЕЊЕ ПО СЕКАКОВ ТЕРЕН
Откривајте нови територии. Борете се со екстремните услови. Извонредните способности за движење по секаков терен и постојаниот погон на сите тркала го прават Defender несопирлив. Како за теренско, така и за друмско возење.
ТЕРЕНСКА РЕАКЦИЈА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА
Истражувајте. На ваш начин. Персонализирајте ги вашите склоности во системот за теренско возење со помош на технологијата Теренска реакција којашто може да се конфигурира.
ГЕОМЕТРИЈА
Исклучителни агли на приод, рампа и напуштање. Скратени преден и заден препуст. Геометријата на Defender му ги овозможува врвните способности.
СПОСОБНОСТИ
ТЕРЕНСКО ВОЗЕЊЕ
ТЕРЕНСКО ВОЗЕЊЕ

Погон на сите тркала, трансфер кутија со два степени на пренос, Активен заден диференцијал со блокада и поголеми пневматици. Овие елементи го прават Defender најспособен Land Rover досега.

ГЕОМЕТРИЈА
ГЕОМЕТРИЈА

Врвната геометрија ги засилува способностите на возилото за движење по секаков терен. Неговиот агол на приод е 38 степени1. Со него во комбинација се и аголот на рампа од 31 степен и аголот на напуштање од 40 степени1.

ДРУМСКО ВОЗЕЊЕ
ДРУМСКО ВОЗЕЊЕ

Способен за друмско возење исто како што е и за теренското возење. Уживајте во префинетиот комфор со независно предно и задно потпирање. Ви нудиме потпирање со пружини или електронско воздушно потпирање со системот Прилагодлива динамика.

ПРЕМИНУВАЈЌИ ГРАНИЦИ
ПРЕВЕЗУВАЊЕ ТОВАР

Без компромис. Динамичката носивост овозможува товар со тежина до 168kg2. Статичката носивост на Defender од 300kg ви дава можност да ја проширите вашата авантура. Ако сакате да останете на некоја локација и таму да преноќите, тука е шаторот што се поставува на покривот којшто ќе ви овозможи безгрижно да ја поминете ноќта.

МИНУВАЊЕ НИЗ ВОДА
МИНУВАЊЕ НИЗ ВОДА

Способноста на Defender за минување низ вода со длабочина до 900mm овозможува совладување водени премини.3 Програмата Минување низ вода (Wade) во системот Теренска реакција го подигнува возилото со помош на електронското воздушно потпирање. Системот од камери за 3Д опкружувачка слика со системот Препознавање на длабочината на водата ви кажува колку е длабока водата.

ВЛЕЧЕЊЕ
ВЛЕЧЕЊЕ

Со капацитетот за влечење од 3500kg што го има Defender можете да одговорите на најтешките барања. Напредниот систем за помош при влечење ви овозможува да се движите наназад со приколката, додека Defender се грижи за корекциите во управувањето.

ВЛЕЧЕЊЕ СО САЈЛА ОД МАКАРА
ВЛЕЧЕЊЕ СО САЈЛА ОД МАКАРА

Моќноста за влечење и чистата сила се демонстрираат преку електричната макара со далечински управувач4. Овој уред има максимална влечна сила од 4536kg и со него може да се управува на растојание до 45 метри.

ВАШИОТ DEFENDER

Подготвен буквално за сè. Defender којшто е персонализиран за вас.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ДВИЖЕЊЕ ПО СЕКАКОВ ТЕРЕН
ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА
Кога се движите преку површини со мала тракција, како на пр. мраз и снег, вртежниот момент може да се балансира помеѓу предните и задните тркала и на тој начин се обезбедува поголема стабилност и контрола.
МЕНУВАЧ СО ДВА СТЕПЕНИ НА ПРЕНОС
Дополнителната група од пониски степени на пренос може да се покаже како драгоцена во предизвикувачки услови како што се стрмни нагорнини или надолнини, при теренско возење или при влечење.
ЕЛЕКТРОНСКО ВОЗДУШНО ПОТПИРАЊЕ
Можете да изберете од пристапната висина од 50mm под нормалната висина за возење до зголемена висина до 75mm, со понатамошно зголемување на висината за возење до дополнителни 70mm за екстремни услови при теренско возење.
АКТИВЕН ЗАДЕН ДИФЕРЕНЦИЈАЛ СО БЛОКАДА
Системот нуди дополнителни поволности со поголема тракција во свиоците и поголем зафат на тркалата со подлогата при теренско возење. Тоа се постигнува со контрола на провртувањето помеѓу левото и десното тркало на задната оска.
ТЕРЕНСКА РЕАКЦИЈА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА
Први во светот со системот Теренска реакција, поединечно конфигурирајте ги поставките за погонскиот систем, управувањето, диференцијалите и за контролата на тракција за да одговараат на вашите барања за теренско возење.
ТЕХНОЛОГИИ ЗА ТЕРЕНСКО ВОЗЕЊЕ
Defender ви гарантира целосна самодоверба и контрола без оглед на тоа по каков терен возите. Во тоа се вклучени системите Тргнување при мала тракција, Контрола на постепено ослободување на кочниците и Контрола на спуштањето по надолнина.
ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА
Системот дава рамно возење и оптимална контрола. Тоа го постигнува со набљудување на движењата на каросеријата и управувачот до 500 пати во секунда. Овој систем реагира на командите на возачот и на конфигурацијата на теренот со постојана промена на поставките на амортизерите помеѓу крајно меки и крајно тврди.
КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКОВ ТЕРЕН (ATPC)
Поставете и одржувајте стабилна брзина во предизвикувачките услови при теренското возење. Системот Контрола на движењето по секаков терен работи повеќе како контрола на мала патна брзина и функционира на брзините помеѓу 1,8km/h и 30km/h.
ПОГОНСКИ СИСТЕМИ
БЕНЗИН И ДИЗЕЛ
Defender нуди палета од префинети Ingenium мотори со мала потрошувачка на гориво. Изберете некој од напредните бензински или дизел мотори.
БЕНЗИНСКИ ДЕЛУМЕН ХИБРИД
Моторот P400 ја собира и складира енергијата којашто нормално се губи при намалување на брзината на возилото и потоа ја ослободува во погонскиот систем, со што се грижи за помала потрошувачка на гориво и пониска емисија на CO2.
БЕНЗИНСКИ ПЛАГ-ИН ХИБРИД
Наскоро. Нашиот P400e мотор за хибридно електрично возило на полнење со приклучување (PHEV) ќе ги донесе придобивките од електрификацијата во Defender.
ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА
ПНЕВМАТИЦИ ЗА СЕКАКОВ ТЕРЕН

Пневматиците за сите сезони се достапни како стандард. Или пак издигнете ги способностите на Defender на повисоко ниво со пневматиците за теренско возење.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ DEFENDER

Големината доаѓа во сите облици, димензии и во секаков дизајн на каросеријата.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила на Land Rover и споредете ги едно до друго
Url
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете вашиот совршен Defender
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
Url
ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
Регистрирајте се за најновите вести за Defender

1Со електронско воздушно потпирање во висина за теренско возење.
2Defender 110 со пневматици за теренско возење.
3Секогаш проверете ја патеката и излезот пред минување низ вода.
4Достапно во почетокот на 2020 година.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило на интернет.
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
Одредени функции бараат погодна SIM картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач.