RANGE ROVER SENTINEL

СИГУРНОСТ ПОД ПОВРШИНАТА

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
L6ERQib4Sb0

Range Rover Sentinel ги има стилот, префинетоста и способноста за теренско возење што би ја очекувале од еден Range Rover. Под површината, се крие другата страна на приказната.

Ова е Range Rover екстремно комфорен. Ова е блиндирано возило што е стручно проектирано од тимот Special Vehicle Operations за да обезбеди сигурност од напади.

СИГУРНОСТ ПОД ПОВРШИНАТА
БЛИНДИРАНО СТАКЛО
Кога заканите можат да се појават од секаде се исплати да се биде подготвен. Тоа е причината за употреба на блиндирано стакло, според европскиот стандард VPAM BRV 2009 VR8 и PAS 300, насекаде во Range Rover Sentinel, за да помогне во заштитата на патниците и возачот.
ЗАШТИТНА ЌЕЛИЈА
Дизајнирана за да ги исполни ригорозните стандарди за целото возило VPAM BRV 2009 VR8, PAS 300 и ERV 2010, целосно потврдената заштитна ќелија се грижи за сигурноста на патниците во возилото дури и при ситуации со непријателско однесување.
ЗАШТИТА ОД ЕКСПЛОЗИЈА НА ПОКРИВОТ И НА ДОЛНАТА СТРАНА ОД ПОДОТ
Интегрален дел на заштитната ќелија на Range Rover Sentinel се покривот и долниот дел од подот со заштита од експлозија. Заштитата на овие делови може да издржи експлозии во согласност со стандардите ERV 2010 и PAS 300 и нуди дополнителен степен на одбрана од напади од повеќе страни.
СИСТЕМ РАН-ФЛЕТ
Извлекувањето од екстремните закани при големи брзини не е невозможно поради специјално изработените тркала со ран-флет систем. Системот е тестиран на растојание до 50km при брзина од 80km/h.
ПОТВРДЕНА ЗАШТИТА ОД РАСПРСКУВАЧКИ МАТЕРИЈАЛИ
Range Rover Sentinel е дизајниран за да се соочи со модерните, неконвенционални форми на напад. Тоа сега вклучува заштита од импровизирани експлозивни направи, а Range Rover Sentinel е тестиран според STANAG 4569 против моќна мина поставена на страничниот дел на возилото и зад предното тркало.
СИСТЕМ ЗА БЕГСТВО ВО ВОНРЕДНИ ОКОЛНОСТИ
Во вонредни околности, патниците можат брзо и сигурно да излезат од Range Rover Sentinel преку блиндираната плоча за бегство. Оваа плоча се наоѓа во багажниот простор и овозможува бегство дури и кога вратите се неупотребливи.
ВИСТИНСКИ RANGE ROVER

Наспроти степенот на заштита што го нудат системите за блиндирање и за заштита на патниците во возилото, Range Rover Sentinel го задржува луксузот и гарантира за перформансите за друмско и теренско возење што се очекуваат од еден Range Rover.

НЕСПОРЕДЛИВА СПОСОБНОСТ

Во ситуации со насилство, способноста да се избега е исто така важна како и способноста за борба. Затоа Range Rover Sentinel е опремен со V8 бензински мотор со супер полнач којшто развива доволно моќност за да се избега од агресорите.

Се разбира, за вистински Range Rover, минувањето низ длабока вода * , стрмните надолнини и предизвикувачкиот терен едвај можат да се регистрираат како пречки што отвора многубројни опции за избегнување **.

Важно! Шасијата, потпирањето и кочниците се надградени за да овозможат дополнителни карактеристики за сигурност. Го доби европското одобрение на тип на целото возило European Whole Vehicle Type Approval (EWVTA) и беше оценето на PAS301 за цивилни блиндирани возила.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
ЗАСОЛНИШТЕ

Во внатрешноста, Range Rover Sentinel се карактеризира со истото ниво на префинетост што може да се најде во ексклузивниот Range Rover Autobiography. Тука спаѓаат фината кожа, богатите фурнири и деталите од алуминиум. Овие елементи создаваат внатрешност којашто е една од најлуксузните меѓу моделите на Range Rover.

Навистина, во секојдневното возење Range Rover Sentinel нема да изгледа ништо подобар од елегантното и софистицирано луксузно возило од коешто е изведен.

SPECIAL VEHICLE OPERATIONS

Range Rover Sentinel не е единственото возило што е издигнато до највисокото ниво од нашиот бескомпромисен тим Special Vehicle Operations.

ИСТРАЖЕТЕ ГО SV
КОНТАКТИРАЈТЕ ГО НАШИОТ ТИМ ЗА ПРОДАЖБА НА БЛИНДИРАНИ ВОЗИЛА

Ако имате какви било прашања во врска со блиндираните возила, контактирајте член од нашиот посебен тим.

Тел. број: +44 (0) 1920 885126

E-пошта: armoured@jaguarlandrover.com

ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Пронајдете го застапништвото на Land Rover што е најблиску до вас
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Дознајте повеќе за Special Vehicle Operations во вашата земја
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Land Rover
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас

*Максималната длабочина на минување низ вода е 850mm.
*
* Range Rover Sentinel не се препорачува за возење по мек песок. За да ја дознаете неговата целосна способност за теренско возење, пожелно е возачите да поминат обука во мрежата на Land Rover Driving Experience. За дополнителни информации контактирајте го тимот за продажба на блиндирани возила на Land Rover.