Информации и забава

    • TOUCH PRO DUO
      TOUCH PRO DUO

      Touch Pro Duo, нашиот нов стандарден систем со двоен екран на допир, му овозможува на корисникот истовремено да гледа и да комуницира со повеќе функции одеднаш. Ова ја дава флексибилноста за поефикасно користење на системот, додека ги гледате сите потребни информации. На пример, на горниот екран можете да го употребувате системот за навигација додека на долниот екран пуштате забавни содржини.

    • ВОЛАН
      ВОЛАН

      Уникатните прекинувачи на воланот, коишто се скриени додека не засветат, го намалуваат бројот на елементи за контрола во кабината. Овие капацитивни прекинувачи спроведуваат мноштво функции коишто сакате да ги изведе вашето возило. Почесто употребуваните карактеристики, како што се медиумите и телефонот, сега можете во целост да ги командувате од новите елементи за контрола коишто се поставени на воланот во комбинација со интерактивниот дисплеј за возачот со што се намалува попречувањето на возачот.

    • ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ
      ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ

      Со својата крајно остра резолуција којашто дава глатки криви линии и остри рабови, овој систем се карактеризира со опционален интерактивен дисплеј за возачот со висока резолуција и има димензија од 12.3“. Ви овозможува да комуницирате директно со дисплејот и да ги контролирате вашите медиуми, да правите телефонски повици и да селектирате карактеристики за да го исполните погледот што сте го избрале. Можете да избирате помеѓу трите различни погледи: Dual Dial, Single Dial или Extended.

    • ЗАБАВА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА
      ЗАБАВА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА

      Овој опционален систем се карактеризира со два екрани од 8” поставени во наслоните за глава на коишто може да се прикажуваат филмови и ТВ канали, вклучувајќи и дигитални. Секој екран се контролира независно. Системот има две USB 3.0 порти, една HDMI и Mobile High-Definition Link порта којашто ја поддржуваат повеќето паметни телефони, таблети или други уреди. Обезбедени се и два комплети од WhiteFire® приклучени слушалки и безжичен далечински управувач.

    • REMOTE
      REMOTE

      Remote е повеќефункционална апликација којашто ви овозможува да го набљудувате, а и да комуницирате со Range Rover Velar од вашиот паметен телефон или паметен часовник*. Со апликацијата Remote можете далечински да го стартувате моторот** за да ја климатизирате кабината, да го заклучите или отклучите возилото, да го лоцирате вашиот Range Rover Velar на мапа или со помош на функцијата за звучен (бип) и визуелен (блесок со трепкачите) сигнал, и да ги следите вашите патувања - сето тоа преку апликацијата. *Само со компатибилните уреди **Достапно е само со опционалниот клима уред со временско програмирање со Remote

    • INCONTROL ПОВРЗЛИВОСТ
      INCONTROL ПОВРЗЛИВОСТ

      InControl се карактеризира со проширени системи за поврзливост и за информации и забава кај Range Rover Velar, обезбедувајќи ја опцијата за додавање на услугите, технологиите и апликациите на Connect Pro за да ви понуди највисоко ниво на поврзливост и удобност коишто вие и вашите сопатници можете да ги користите. Тука спаѓаат InControl Apps, Remote Premium и Pro Services, вклучувајќи ја и технологијата Wi-Fi Hotspot.

    Иновации

    • МОТОРИТЕ INGENIUM
      МОТОРИТЕ INGENIUM

      Моторот Ingenium е од најновата генерација на целосно алуминиумски мотори на Land Rover. Полесен, со помала потрошувачка на гориво и помоќен од своите претходници, тој користи врвни иновации, како што е системот Постојано променлив òд на вшумукавчките вентили (Continuous Inlet Variable Valve Lift), за да ги надгради перформансите во секој аспект, да ја намали потрошувачката на гориво и да помогне во намалувањето на емисијата на CO2.

    • АЛУМИНИУМСКА КОНСТРУКЦИЈА СО МАЛА ТЕЖИНА
      АЛУМИНИУМСКА КОНСТРУКЦИЈА СО МАЛА ТЕЖИНА

      Алуминиумската конструкција на каросеријата на Range Rover Velar е дизајнирана за оптимална безбедност, јакост и за поголема ефикасност. Деловите од легура со голема јакост и таблите за придушување со голема густина се интегрирани заедно со задната спојна греда за динамичка крутост за да се намали тежината без да се компромитира безбедноста.

    • LAND ROVER IGUIDE
      LAND ROVER IGUIDE

      Апликацијата Land Rover iGuide ја користи најновата технологија за проширена реалност за да ги објасни сите карактеристики и елементи за контрола на вашиот Range Rover Velar што треба да ги знаете. Таа служи и како мобилен прирачник за сопственикот, обезбедувајќи дека секогаш при рака ќе го имате одговорот на кое било прашање.

    Перформанси

    • НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ (TORQUE VECTORING)
      НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ (TORQUE VECTORING)

      Системот Насочување на вртежниот момент преку кочење дава контролирано движење, со брза реакција, низ свиоци и работи заедно со системот Интелигентна динамика на погонот (IDD). Заедно, системите ја урамнотежуваат распределбата на вртежниот момент на моторот меѓу четирите тркала, што се забележува во смиреноста и стабилноста на возилото.

    • ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА
      ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

      Овој систем дава рамно возење и оптимална контрола, а тоа го постигнува преку набуљудување на движењата на каросеријата и воланот до 500 пати во секунда. Системот реагира на командите на возачот и на податоците од патот постојано менувајќи ги поставките на амортизерите, меѓу крајните меки и тврди поставки.

    • ДИНАМИЧКА КОНТРОЛА НА СТАБИЛНОСТА
      ДИНАМИЧКА КОНТРОЛА НА СТАБИЛНОСТА

      Системот Динамичка контрола на стабилноста (DSC) го набљудува однесувањето на динамиката на возилото и интервенира ако забележи дека возилото не реагира на командите на возачот. Овој систем се грижи Range Rover Velar да обезбеди поврзано, урамнотежено и стабилно возење. Нешто во што ќе уживате и при друмско и при теренско возење.

    • КОНТРОЛА НА СТАБИЛНОСТА ПРИ НАВАЛУВАЊЕ
      КОНТРОЛА НА СТАБИЛНОСТА ПРИ НАВАЛУВАЊЕ

      Системот Контрола на стабилноста при навалување (RSC) е интегриран со системот Динамичка контрола на стабилноста (DSC) за да се намали можноста за превртување додека се обидувате да заобиколите некоја пречка или друг учесник во сообраќајот. Овој систем ги набљудува движењето на возилото и силите при движење во свиоци за да забележи каков било потенцијален ризик од превртување. Ако системот забележи каков било ризик, го активира кочењето на надворешното предно тркало за да се намалат силите коишто ја намалуваат стабилноста.

    Способност

    • АКТИВЕН ЗАДЕН ДИФЕРЕНЦИЈАЛ СО БЛОКАДА
      АКТИВЕН ЗАДЕН ДИФЕРЕНЦИЈАЛ СО БЛОКАДА

      Активен заден диференцијал со блокада* нуди дополнителни придобивки со поголема тракција во свиоците и поголеми зафат на тркалата со подлогата при теренско возење. Тоа го прави со контролирање на провртувањето меѓу левото и десното тркало на задната оска. *Опционална опрема кај погонските единици D300 и P380.

    • ТРГНУВАЊЕ ПРИ МАЛА ТРАКЦИЈА
      ТРГНУВАЊЕ ПРИ МАЛА ТРАКЦИЈА

      На лизгави површини, како што се тревата или снегот, вртежниот момент може да се урамнотежува меѓу предните и задните тркала за да се максимира тракцијата. Во екстремни услови кадешто само предните тркала имаат тракција, до 100 проценти од вртежниот момент на моторот може да се пренесе на предните тркала за да се добие оптимален зафат на тркалата со подлогата.

    • ЕЛЕКТРОНСКО ВОЗДУШНО ПОТПИРАЊЕ
      ЕЛЕКТРОНСКО ВОЗДУШНО ПОТПИРАЊЕ

      Компетентното, сталожено возење се надградува со најновиот систем на воздушно потпирање* којшто обезбедува исклучителна артикулација на тркалата и урамнотеженост. Способен да совлада тешки ситуации, системот го држи стабилен Range Rover Velar без оглед на тежината на теренот. За невиден квалитет на возењето, системот незабележително ги менува висините кога за тоа има потреба. *Се вградува како стандардна опрема кај погонските единици D300 и P380, а како опционална опрема кај погонските единици D180, D240 и P300.

    • TERRAIN RESPONSE
      TERRAIN RESPONSE

      Дел од стандардната опрема кај Range Rover Velar моделите, нашите уникатни системи Terrain Response му овозможуваат на возачот да ги оптимизира системите за моторот, за менувачот, за централниот диференцијал и за шасијата на возилото за да ги исполнат барањата на теренот, преку избирање на еден од лесно препознатливите режими за возење. Terrain Response 2 е опција којашто ги издига способностите на извонредниот систем на ново ниво. Се карактеризира со автоматска работа со којашто се набљудуваат тековните услови за возење и систематски се избира најдобрата поставка што одговара на теренот.

    • НАПРЕДЕН СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ВЛЕЧЕЊЕ ПРИКОЛКА ADVANCED TOW ASSIST
      НАПРЕДЕН СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ВЛЕЧЕЊЕ ПРИКОЛКА ADVANCED TOW ASSIST

      Опционалниот напреден систем за помош при влечење приколка Advanced Tow Assist ви овозможува да ја контролирате насоката на движење на приколката кога се движите наназад. Со помош на вртливиот бирач на системот Terrain Response 2 преку елементите за контрола на системот Touch Pro, системот го контролира управувањето на возилото за да се постигне посакуваната патека на движење на приколката, којашто се прикажува на екранот на допир.

    • КОНТРОЛА НА СПУШТАЊЕ ПО НАДОЛНИНА
      КОНТРОЛА НА СПУШТАЊЕ ПО НАДОЛНИНА

      Системот Контрола на спуштање по надолнина (HDC), којшто е патентиран од страна на Land Rover, му помага на возачот при контролирано спуштање по стрмен терен. Тоа го прави преку одржување на константна брзина и активирање на кочењето независно на секое тркало. Системот Контрола на спуштање по надолнина (HDC), којшто доаѓа како дел од стандардната опрема, осигурува дека возилото нема да се придвижи наназад при тргнување на нагорнина.

    Стандардни системи за помош на возачот

    • СИСТЕМ ЗА АВТОНОМНО ИТНО КОЧЕЊЕ
      СИСТЕМ ЗА АВТОНОМНО ИТНО КОЧЕЊЕ

      Ако при брзина помеѓу 5 и 80km/h се забележи потенцијален судар, тогаш системот Автономно итно кочење прикажува предупредување, давајќи ви време да дејствувате. Ако не сте презеле никакво дејство, тогаш системот ќе ги активира кочниците.

    • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НАПУШТАЊЕ НА КОЛОВОЗНАТА ЛЕНТА
      ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НАПУШТАЊЕ НА КОЛОВОЗНАТА ЛЕНТА

      Системот Предупредување за напуштање на коловозната лента се грижи долгите патувања да бидат многу побезбедни. Системот забележува кога вашиот автомобил ненамерно излегува од вашата коловозна лента и ве известува со помош на визуелно предупредување и нежно вибрирање на воланот.

    • ПОМОШ ЗА ПАРКИРАЊЕ НАНАЗАД
      ПОМОШ ЗА ПАРКИРАЊЕ НАНАЗАД

      Функцијата Помош за паркирање наназад се грижи движењето наназад во тесен простор да биде поедноставно и побезбедно. Изберете степен на пренос за òд наназад и сензорите во задниот одбојник автоматски ќе се акивираат. Екранот на допир и аудио системот ви обезбедуваат повратна информација за тоа колку сте блиску до пречките додека паркирате.

    • КОНТРОЛА НА ПАТНА БРЗИНА СО ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА
      КОНТРОЛА НА ПАТНА БРЗИНА СО ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА

      Кога се движите со постојана брзина на автопат или кога возите во сообраќај којшто бавно се движи, овој систем ќе го држи вашето возило на безбедно растојание од возилото пред вас ако тоа забави или ако застане.

    Опционални пакети

    • ПАКЕТ DRIVE
      ПАКЕТ DRIVE

      Пакетот Drive нуди спектар од карактеристики коишто се дизајнирани да се грижат за вашата безбедност и за безбедноста на вашите сопатници. Во пакетот се вклучени карактеристиките: - Надзор на состојбата на возачот - Набљудување на мртвиот агол - Препознавање сообраќаен знак

    • ПАКЕТ DRIVE PRO
      ПАКЕТ DRIVE PRO

      Пакетот Drive Pro се грижи секое патување да биде уште побезбедно и порелаксирано. Во овој пакет се вклучени карактеристиките од пакетот Drive, плус: - Помош за задржување во коловозна лента - Помош за мртов агол - Прилагодлива контрола на патна брзина

    • ПАКЕТ PARK
      ПАКЕТ PARK

      Пакетот Park е тука за да ви помогне при маневрирање во тесен простор и во урбано опкружување. Во пакетот се вклучени карактеристиките: - 360° Помош при паркирање - Набљудување на сообраќајот зад вас

    • ПАКЕТ PARK PRO
      ПАКЕТ PARK PRO

      Пакетот Park Pro ви овозможува едноставно и безбедно да се паркирате и да маневрирате во тесен простор. Во пакетот се вклучени карактеристиките: - Набљудување на сообраќајот зад вас - Помош при паркирање

    Комфор и удобност

    • ПРИЛАГОДЛИВО ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
      ПРИЛАГОДЛИВО ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

      Оваа опционална карактеристика ви овозможува да ја менувате бојата и интензитетот на осветлувањето со што ќе го менувате амбиентот во кабината за да одговара на вашето расположение. Има вкупно десет бои.

    • ДЕЛЛИВ ПОТПИРАЧ ЗА РАЦЕ
      ДЕЛЛИВ ПОТПИРАЧ ЗА РАЦЕ

      Делливиот лизгачки потпирач за раце, којшто работи независно, се грижи да се максимира вашиот личен комфор.

    • КЛИМА УРЕД СО ЧЕТИРИ ЗОНИ
      КЛИМА УРЕД СО ЧЕТИРИ ЗОНИ

      Овој опционален систем обезбедува посебни елементи за контрола за возачот, совозачот и за патниците на страничните седишта од вториот ред. Вклучени се дополнителни отвори за вентилација во Б-столбот.

    • АВТОМАТСКО ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ПРИСТАПНАТА ВИСИНА
      АВТОМАТСКО ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ПРИСТАПНАТА ВИСИНА

      За да уживате во уште повисоко ниво на комфор, системот Автоматско прилагодување на пристапната висина, како дел од опционалното електронско воздушно потпирање*, ви овозможува да влегувате и излегувате од возилото со леснотија бидејќи системот го спушта возилото за 40mm. *Стандардна опрема кај V6 мотори. Опционална опрема кај D420.