„Како дополнување на наградата Светски дизајн на автомобил за 2018 година што ја доби Velar, моделот SVAutobiography Dynamic со 5.0-литарскиот V8 мотор ги издигнува префинетоста и перформансите на повисоко ниво“.

Michael Van Der Sande (Мајкл Ван Дер Санде),
Генерален директор на Special Vehicle Operations

ДИЗАЈН

Значајни карактеристики на моделот

  • ТРКАЛА
    ТРКАЛА

    Со дизајнот на стандардните ковани тркала од легура со димензија од 21” се подобрува прецизната агилност и управливост на возилото. Опционалните тркала со димензија од 22” се понудени во две завршни обработки.

  • ЛУКСУЗНИ СЕДИШТА
    ЛУКСУЗНИ СЕДИШТА

    За да се постигне врвен луксуз тука се уникатните предни седишта од перфорирана кожа Windsor прошиена со ромбоидни форми. Овие седишта се карактеризираат со поместување во 20 насоки, греење, ладење, мемориска функција и масажер како стандард. Задните седишта со греење и навалување гарантираат врвен комфор.

  • МОДЕРНО ОПКРУЖУВАЊЕ
    МОДЕРНО ОПКРУЖУВАЊЕ

    Од алуминиумски лопатки за менување степени на пренос до елементи со нажлебена декоративна површина, како што се вртливиот селектор и контролните копчиња. Секој детаљ во ова возило е изработен за да понуди примерно ниво на луксуз и префинетост.

  • СПОСОБНОСТ
    СПОСОБНОСТ

    Land Rover отсекогаш бил синоним за способност. Range Rover Velar SVAutobiography Dynamic не е исклучок во тоа. Неговиот пакет од прецизни технологии гарантира дека можете да се справите со секаков терен од трева, чакал и снег до кал, бразди и песок и да имате безгранична доверба во возилото.

  • АКТИВЕН ИЗДУВЕН СИСТЕМ СО ПРОМЕНЛИВ ВЕНТИЛ
    АКТИВЕН ИЗДУВЕН СИСТЕМ СО ПРОМЕНЛИВ ВЕНТИЛ

    Во Range Rover Velar SVAutobiography Dynamic е вграден активен издувен систем со променлив вентил. Овој систем со мала тежина го користи најсовремениот софтвер за динамика на флуидите којшто гарантира восхитувачки перформанси и на возилото му дава уникатен звук од моторот.

  • ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ
    ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ

    Ова возило го нуди апсолутниот врв во динамичките перформанси и обезбедува извонредна способност и при друмско и при теренско возење. Системите Погон на сите тркала (AWD) и Интелигентна динамика на погонот (IDD) работат заедно за да ги оптимизираат тракцијата и потрошувачката на гориво.

ПЕРФОРМАНСИ

ПРЕФИНЕТОСТ

Краток преглед на моторите

Мотор Забрзување 0-100km/h
во секунди
Максимална брзина km/h Вртежен момент Nm
5.0-ЛИТАРСКИ V8 МОТОР СО СУПЕР ПОЛНАЧ Податоците се базираат на идејно возило со одреден дизајн и затоа се предмет на измена 4,5 274 680