Значајни карактеристики на моделот

  • 20"-НИ ТРКАЛА „STYLE 7014“ СО 7 КРАЦИ И ЗАВРШНА ОБРАБОТКА ВО БОЈАТА SPARKLE SILVER
    20"-НИ ТРКАЛА „STYLE 7014“ СО 7 КРАЦИ И ЗАВРШНА ОБРАБОТКА ВО БОЈАТА SPARKLE SILVER

    20”-ни тркала со 7 уникатни краци и со легендарното лого на Land Rover во срцето на нивниот дизајн.

  • МАТРИКС ЛЕД ФАРОВИ СО ПРЕПОЗНАТЛИВИ СВЕТЛА ЗА ДНЕВНО ВОЗЕЊЕ
    МАТРИКС ЛЕД ФАРОВИ СО ПРЕПОЗНАТЛИВИ СВЕТЛА ЗА ДНЕВНО ВОЗЕЊЕ

    Смело дизајнираните Матрикс ЛЕД фарови даваат светлина со квалитет којшто е близок до квалитетот на дневната светлина, одлично го осветлуваат патот и го намалуваат заморот на очите. Системот Помош за интелигентно долго светло на фаровите (IHBA), користи предна камера што ги забележува возилата коишто доаѓаат од спротивен правец и манипулира со снопот на долгото светло создавајќи „сенки“ околу возилото или возилата пред вас, така што можете да продолжите да ги користите долгите светла на фаровите за осветлување на патот без да ги заслепите другите учесници во сообраќајот.

  • РЕТРОВИЗОРИ НА ВРАТИТЕ СО АВТОМАТСКО ПРИДУШУВАЊЕ, СО ЕЛЕКТРОМОТОРНО СКЛОПУВАЊЕ, СО ГРЕЕЊЕ И СО ПРИОДНИ СВЕТЛА
    РЕТРОВИЗОРИ НА ВРАТИТЕ СО АВТОМАТСКО ПРИДУШУВАЊЕ, СО ЕЛЕКТРОМОТОРНО СКЛОПУВАЊЕ, СО ГРЕЕЊЕ И СО ПРИОДНИ СВЕТЛА

    Овие напредни ретровизори, со греење, се одликуваат со електромоторно склопување за да се избегне нивното оштетување при паркирање во тесен простор. Покрај тоа, ретровизорите на вратите ја имаат функцијата за автоматско придушување којашто го минимизира отсјајот од фаровите во текот на ноќното возење. Приодните светла, вградени на долната страна на ретровизорите, ја отсликуваат силуетата на Range Rover Velar.

  • СЕДИШТА ОД ПЕРФОРИРАНА ЗРНЕСТА КОЖА СО МЕМОРИСКА ФУНКЦИЈА ЗА СЕДИШТЕТО ЗА ВОЗАЧОТ
    СЕДИШТА ОД ПЕРФОРИРАНА ЗРНЕСТА КОЖА СО МЕМОРИСКА ФУНКЦИЈА ЗА СЕДИШТЕТО ЗА ВОЗАЧОТ

    Овие седишта со електромоторно прилагодување во 10 насоки се тапацирани со зрнеста кожа којашто дава прекрасен изглед и чувство на комфор. Мемориската функција може да складира до 3 посакувани позиции за седење.

  • АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN™ СО ОПКРУЖУВАЧКИ ЗВУК И СО ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ
    АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN™ СО ОПКРУЖУВАЧКИ ЗВУК И СО ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ

    Аудио системот MeridianTM со опкружувачки звук развива моќност од 825W преку своите 16 звучници и двоканалниот сабвуфер - хомогено соединети со помош на технологијата TrifieldTM. Интерактивниот дисплеј за возачот со висока резолуција и димензија од 12.3” може да прима и прикажува бројни информации, забавни содржини и податоци за активната безбедност.

  • ПАКЕТ PARK И ПАКЕТ DRIVE
    ПАКЕТ PARK И ПАКЕТ DRIVE

    Пакетот Park е тука за да ви помогне при маневрирање во тесен простор и во урбано опкружување. Во пакетот се вклучени карактеристиките: 360° Помош при паркирање и Набљудување на сообраќајот зад вас. Пакетот Drive нуди спектар од карактеристики коишто се грижат да не дојде до ненамерно надминување на тековно дозволената брзина. Во пакетот се вклучени карактеристиките: Надзор на состојбата на возачот, Набљудување на мртвиот агол и Препознавање сообраќаен знак.

Краток преглед на моторите

Мотор Забрзување 0-100km/h
во сек.
Максимална брзина km/h Вртежен момент Nm Во град l/100km
(Velar/R-Dynamic)
Надвор од град l/100km
(Velar/R-Dynamic)
Комбиниран циклус l/100km
(Velar/R-Dynamic)
Емисија на CO2 g/kg
(Velar/R-Dynamic)
D180 КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ 8.9 193 430 6.2 4,9 5,4 142
D240 КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ 7.3 217 500 7.2 5.1 5.8 189
D300 КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ 6.5 241 700 7.4 5.8 6.4 194
D250 КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ 6.7 217 365 9,1 6.7 7.6 208
D380 КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ 5.7 250 450 12.7 7.5 9,4 287