Значајни карактеристики на моделот

  • 19"-НИ ТРКАЛА „STYLE 5046“ СО 5 КРАЦИ И ЗАВРШНА ОБРАБОТКА ВО БОЈАТА SPARKLE SILVER
    19"-НИ ТРКАЛА „STYLE 5046“ СО 5 КРАЦИ И ЗАВРШНА ОБРАБОТКА ВО БОЈАТА SPARKLE SILVER

    19”-ни тркала во динамичен дизајн со 5 краци, со легендарното лого на Land Rover во нивното срце.

  • ЛЕД ФАРОВИ СО ПРЕПОЗНАТЛИВИ СВЕТЛА ЗА ДНЕВНО ВОЗЕЊЕ
    ЛЕД ФАРОВИ СО ПРЕПОЗНАТЛИВИ СВЕТЛА ЗА ДНЕВНО ВОЗЕЊЕ

    Целосно ЛЕД фаровите со препознатливи светла за дневно возење го комбинираат уникатниот дизајн со практичните способности. Возењето ноќе или во услови со слаба видливост сега е поедноставно со помош на системот Автоматска помош за долги светла (AHBA). Системот AHBA автоматски ги соборува долгите светла кога ќе забележи возила од спротивен правец, а кога тие возила ќе поминат повторно ги вклучува долгите светла на фаровите.

  • РЕТРОВИЗОРИ НА ВРАТИТЕ СО АВТОМАТСКО ПРИДУШУВАЊЕ, СО ЕЛЕКТРОМОТОРНО СКЛОПУВАЊЕ, СО ГРЕЕЊЕ И СО ПРИОДНИ СВЕТЛА
    РЕТРОВИЗОРИ НА ВРАТИТЕ СО АВТОМАТСКО ПРИДУШУВАЊЕ, СО ЕЛЕКТРОМОТОРНО СКЛОПУВАЊЕ, СО ГРЕЕЊЕ И СО ПРИОДНИ СВЕТЛА

    Овие напредни ретровизори, со греење, се одликуваат со електромоторно склопување за да се избегне нивното оштетување при паркирање во тесен простор. Покрај тоа, ретровизорите на вратите ја имаат функцијата за автоматско придушување којашто го минимизира отсјајот од фаровите во текот на ноќното возење. Приодните светла, вградени на долната страна на ретровизорите, ја отсликуваат силуетата на Range Rover Velar.

  • СЕДИШТА ОД ПЕРФОРИРАНА ЗРНЕСТА КОЖА СО МЕМОРИСКА ФУНКЦИЈА ЗА СЕДИШТЕТО ЗА ВОЗАЧОТ
    СЕДИШТА ОД ПЕРФОРИРАНА ЗРНЕСТА КОЖА СО МЕМОРИСКА ФУНКЦИЈА ЗА СЕДИШТЕТО ЗА ВОЗАЧОТ

    Овие седишта со електромоторно прилагодување во 10 насоки се тапацирани со зрнеста кожа којашто дава прекрасен изглед и чувство на комфор. Мемориската функција може да складира до 3 посакувани позиции за седење.

  • АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN СО ОПКРУЖУВАЧКИ ЗВУК
    АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN СО ОПКРУЖУВАЧКИ ЗВУК

    Дигиталниот аудио систем Meridian™ од 380W се карактеризира со 11 звучници вклучувајќи двоканален сабвуфер, дава исклучително остри, кристално чисти високи тонови и моќен, длабок бас преку внимателно распоредените звучници.

  • КАМЕРА ЗА ПОГЛЕД НАНАЗАД
    КАМЕРА ЗА ПОГЛЕД НАНАЗАД

    Камерата за поглед наназад, којашто обезбедува подобрена видливост при движење наназад, е драгоцен соработник при паркирање и нуди помош кога закачувате приколка за возилото. За да се поедностави паркирањето во тесен простор, врз сликата од погледот наназад се појавуваат линии коишто го претставуваат габаритот на возилото и предвидената патека.

Краток преглед на моторите

Мотор Забрзување 0-100km/h
во сек.
Максимална брзина km/h Вртежен момент Nm Во град l/100km
(Velar/R-Dynamic)
Надвор од град l/100km
(Velar/R-Dynamic)
Комбиниран циклус l/100km
(Velar/R-Dynamic)
Емисија на CO2 g/kg
(Velar/R-Dynamic)
D180 КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ 8,9 193 430 6.2 4.9 5,4 142
D240 КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ 7.3 217 500 7.2 5.1 5,8 189
D300 КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ 6.5 241 700 7.4 5.8 6.4 194
D250 КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ 6.7 217 365 9,1 6.7 7.6 208
D380 КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ 5.7 250 450 12.7 7.5 9.4 287