Опции и додатоци

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ

    Опции за надворешноста

    Опции за надворешноста

    ПАНОРАМСКИ ПОКРИВ

    Понудени ви се опциите за фиксен или лизгачки панорамски покрив. Опциите на панорамскиот покрив даваат чувство на поголем простор во возилото. Можете да изберете покрив или во боја на каросеријата или во црна контрастна боја за дополнително да ја истакнете надворешноста на вашето возило.

    КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

    Опции за внатрешноста

    • ЗАВРШНА ОБРАБОТКА
      ЗАВРШНА ОБРАБОТКА

      На располагање имате спектар од решенија за завршна обработка на декоративни површини меѓу коишто се завршната обработка од карбонски влакна со бакарна плетеница и алуминиум, матиран алуминиум и фурнир со висок сјај во Argento Pinstripe. Декоративните површини се прекрасно претставени над потпирачите за раце на вратите. Со изборот од палетата завршни обработки можете уште повеќе да го збогатите карактерот на внатрешноста.

    • СЕДИШТА
      СЕДИШТА

      Достапна е широка палета од седишта меѓу коишто се седиштата со електромоторно прилагодување во 8, 20, 18 и 20 насоки со множество од функционалности како што се предни седишта со мемориска функција, масажер, греење и ладење. Комфорт е од првостепено значење.

    • ПАЛЕТА ОД БОИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА
      ПАЛЕТА ОД БОИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА

      Вашиот избор на боја за внатрешноста е дополнителен израз на вашиот карактер. Боите Vintage Tan, Ebony, Eclipse, Light Oyster и Acorn се достапни и за седиштата и за тапацирот на таванот.

    • ПАКЕТИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА
      ПАКЕТИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА

      Избирајќи го пакетот Interior Luxury или пакетот Interior Luxury Plus ги издигнувате комфорот и стилот на прекрасно опремената кабина на Range Rover Velar.

    Опции за внатрешноста

    Опции за внатрешноста

    Опции за внатрешноста

    КЛИМА УРЕД СО ЧЕТИРИ ЗОНИ

    Овој систем обезбедува посебни елементи за контрола за возачот, совозачот и за патниците на страничните седишта од вториот ред. Вклучени се дополнителни отвори за вентилација во Б-столбот.

    ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА

    Опции за внатрешноста

    Опции за внатрешноста

    КАСЕТА СО ЗАКЛУЧУВАЊЕ И ЛАДЕЊЕ

    Дизајнирана за да ја лади касетата и да ја одржува температурата на предметите коишто се во неа слична на температурата во кабината, оваа карактеристика го спроведува ладниот воздух од клима уредот низ касетата.

    ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА

    Опции за внатрешноста

    Опции за внатрешноста

    ПРИЛАГОДЛИВО ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

    Оваа карактеристика ви овозможува да ја менувате бојата и интензитетот на осветлувањето со што ќе го менувате амбиентот во кабината за да одговара на вашето расположение. Има вкупно десет бои, од Ice White преку Moonlight до Racing Red.

    ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА

    ОПЦИИ И ОПРЕМА НА LAND ROVER - ОРИГИНАЛНИ ДОДАТОЦИ

    • ПАКЕТ CAPABILITY
      ПАКЕТ CAPABILITY

      Овој пакет се состои од: 22”-ни тркала Dynamic Baratheon, црни шини на покривот, напречни шипки, мала спортска кутија за покривот, носач за велосипеди монтиран на покривот - планински велосипед Land Rover, странични скали на отворање и штитници од кал напред и назад.

    • ПАКЕТ SPORT
      ПАКЕТ SPORT

      Овој пакет се состои од: 22”-ни тркала Dynamic Baratheon, странични скали на отворање, натпис во црна боја/црни куќишта на ретровизорите и заден спојлер.

    • СТРАНИЧНИ СКАЛИ НА ОТВОРАЊЕ
      СТРАНИЧНИ СКАЛИ НА ОТВОРАЊЕ

      Овие паметни и практични скали го олеснуваат влегувањето и излегувањето од возилото. Вешто сместени под праговите, страничните скали автоматски се отвораат штом ќе се отвори вратата, или кога ќе се активираат преку клуч картичката. Автоматски се враќаат во сместена положба кога вратата ќе се затвори. Страничните скали се чувствителни на пречки и нема да се отворат во поставки за теренско возење или со избран степен на пренос во подрачје со мал број на вртежи. Автоматскиот режим може да се заобиколи за да се овозможи пристап до покривот кога вратите се затворени. Страничните скали на отворање се компатибилни со предните штитници од кал, а завршната обработка е од не`рѓосувачки челик на којшто ласерски е изгравиран знакот Range Rover Velar.

    • ДОДАТОЦИ СО СИСТЕМ CLICK AND GO
      ДОДАТОЦИ СО СИСТЕМ CLICK AND GO

      Системот Click and Go е повеќенаменски дополнителен систем на задниот дел од наслонот на седиштето за патниците од вториот ред. Сестраната основа на системот се вградува помеѓу држачите на наслонот за глава и може да се додадат дополнителни приклучоци коишто ќе ги држат вашите таблети, торбички и кошули или јакни. Секој приклучок се продава посебно. Системот може лесно да се отстрани кога не се користи.