Дизајн

    Технологија

    Перформанси

    • ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
      ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА

      Специфично за Land Rover, новиот систем за информации и забава на InControl, Touch Pro Duo, изгледа и работи како ниеден друг систем. Испорачувајќи мноштво информации и забавни содржини, системот се карактеризира со најинтуитивните и најнапредните интегрирани технологии за да осигура дека можете да го извлечете најдоброто од вашето патување.

    • ИНОВАЦИИ
      ИНОВАЦИИ

      Range Rover Velar нуди ефикасно и префинето возење со брза реакција благодарејќи на своите напредни мотори, V6 моторот и 4-цилиндричните Ingenium мотори. Со алуминиумска конструкција со мала тежина, автомобилот е креиран за да го исполни пристапот за поголем работен век; користејќи повеќе рециклирани материјали, создавајќи пониска емисија на издувни гасови и намалувајќи ја потрошувачката на гориво.

    • ДРУМСКИ ПЕРФОРМАНСИ
      ДРУМСКИ ПЕРФОРМАНСИ

      Сигурно и комфорно возење во коешто навистина се ужива. Иновациите, како што се системите Прилагодлива динамика и Електронско воздушно потпирање, ги израмнуваат тумбите на патот за да ве уверат дека способностите за друмско возење и квалитетот на возењето се унапредени. Range Rover Velar има агилна и остра управливост со брза реакција којашто осигурува мирно и стабилно возење низ свиоците.

    • СПОСОБНОСТ ЗА ТЕРЕНСКО ВОЗЕЊЕ
      СПОСОБНОСТ ЗА ТЕРЕНСКО ВОЗЕЊЕ

      За сигурно теренско возење преку најразлични терени, во Range Rover Velar е вграден системот Контрола на спуштање по надолнина (HDC) како дел од стандардната опрема заедно со опционалниот систем Terrain Response 2. Во исто време, интелигентните системи со постојан погон на четири тркала (4WD) на Land Rover имаат неспоредлива способност за секакви временски услови и за секакви површини.

    • СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
      СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

      Range Rover Velar при рака има мноштво од стандардни и опционални системи за помош на возачот за да го збогати доживувањето во возењето. Во него се вградени најиновативните технологии за рационалност, инженерство и за возила. Овие карактеристики ќе ви помогнат со леснотија да се справите со повеќето ситуации за возење во сообраќајот, на автопат, на локални патишта и дури и во ситуации со ноќно возење.

    • КОМФОР И УДОБНОСТ
      КОМФОР И УДОБНОСТ

      Прекрасно изработени седишта со опциите за материјали: вештачка кожа Luxtec и антилоп материјал, перфорирана Windsor кожа или првокласен мебел штоф и антилоп материјал. Достапни се и предни седишта со климатизација и мемориска функција и задни седишта со греење и навалување.

    Комфор и удобност

    Способност

    Тестиран до екстреми

    • Полуглува комора
      Полуглува комора

      Во нашата полуглува комора, кабината ја изложивме на најразлични фреквенции и вибрации, како би биле сигурни дека целосно новиот Range Rover Velar секогаш звучи префинето.

    • Брзина на ветрот
      Брзина на ветрот

      Вистинската доверливост ќе ја развиеме само ако ги тестираме сите системи до нивните крајни граници. Во нашите климатски комори можеме да симулираме некои од најпредизвикувачките ветришта со кои може да се соочите.

    • Екстремни температури
      Екстремни температури

      Во реални услови и во нашите климатски комори, ги замрзнуваме возилата до -40C и ги грееме до 50C. Затоа, комфорот и спокојството никогаш не се далеку, дури и на најоддалечените локации.

    • Теренско возење
      Теренско возење

      Од замрзнатиот терен во Арјеплог, Шведска, до безмилосните пустински песоци на Дубаи, гарантираме дека нашите легендарни перформанси за секаков терен се вродени во секое возило.

    Разновидност

    Безбедност

    • ISOFIX
      ISOFIX

      ISOFIX точките на задните седишта на Range Rover Velar се грижат за едноставното вградување на детските седишта. Тие, исто така, осигуруваат цврста врска меѓу детското седиште и возилото со што се унапредува и безбедноста.

    • ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА
      ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

      Опсежниот систем на Range Rover Velar со шест воздушни перничиња за возачот и сопатниците обезбедува одлична заштита за сите патници во возилото.

    • БЕЗБЕДНОСНИ ПОЈАСИ
      БЕЗБЕДНОСНИ ПОЈАСИ

      Предзатегнувачите коишто се вградени во безбедносните појаси се активираат кога ќе се забележи нагло намалување на брзината. Со влечење на патникот цврсто кон седиштето, тие ве штитат и ве обезбедуваат вас и вашите сопатници во случај на судар.

    • СПОРТСКА КОМАНДНА ПОЗИЦИЈА ЗА ВОЗЕЊЕ
      СПОРТСКА КОМАНДНА ПОЗИЦИЈА ЗА ВОЗЕЊЕ

      Спортската командна позиција за возење на Range Rover Velar се грижи да се добие посамоуверено, поангажирано возење. Издигнатата позиција ви дава подобра видливост што придонесува за подобра безбедност и сигурност.

    • ПОГОНСКИ СИСТЕМИ
      ПОГОНСКИ СИСТЕМИ

      Range Rover Velar ги користи најновите безбедносни технологии вклучувајќи ја и технологијата Електронска контрола на тракцијата (ETC) којашто ја оптимизира тракцијата и технологијата Електронска распределба на силата за кочење (EBD) којашто автоматски ја менува силата за кочење на секоја оска за да се минимизира патот на кочење.

    • ПОМОШ ПРИ НАГЛО КОЧЕЊЕ
      ПОМОШ ПРИ НАГЛО КОЧЕЊЕ

      Системот Помош при нагло кочење препознава кога нагло ќе го активирате кочењето но без потребната сила да се максимира застанувањето. Затоа, системот го засилува притисокот за кочење преку пумпата за ABS за да се осигура дека ќе застанете навреме.