Значајни карактеристики на моделот

  • 21"-НИ ТРКАЛА „STYLE 5047“ СО 5 ДВОЈНИ КРАЦИ И ЗАВРШНА ОБРАБОТКА ВО БОЈАТА SPARKLE SILVER
    21"-НИ ТРКАЛА „STYLE 5047“ СО 5 ДВОЈНИ КРАЦИ И ЗАВРШНА ОБРАБОТКА ВО БОЈАТА SPARKLE SILVER

    21”-ни тркала со динамичен дизајн со 5 двојни краци, со легендарното лого на Land Rover во нивното срце.

  • МАТРИКС ЛЕД ФАРОВИ СО ПРЕПОЗНАТЛИВИ СВЕТЛА ЗА ДНЕВНО ВОЗЕЊЕ
    МАТРИКС ЛЕД ФАРОВИ СО ПРЕПОЗНАТЛИВИ СВЕТЛА ЗА ДНЕВНО ВОЗЕЊЕ

    Смело дизајнираните Матрикс ЛЕД фарови даваат светлина со квалитет којшто е близок до квалитетот на дневната светлина, одлично го осветлуваат патот и го намалуваат заморот на очите. Системот Помош за интелигентно долго светло на фаровите (IHBA), користи предна камера што ги забележува возилата коишто доаѓаат од спротивен правец и манипулира со снопот на долгото светло создавајќи „сенки“ околу возилото или возилата пред вас, така што можете да продолжите да ги користите долгите светла на фаровите за осветлување на патот без да ги заслепите другите учесници во сообраќајот.

  • УПРАВУВАЧКИ СТОЛБ СО ЕЛЕКТРИЧНО ПРИЛАГОДУВАЊЕ
    УПРАВУВАЧКИ СТОЛБ СО ЕЛЕКТРИЧНО ПРИЛАГОДУВАЊЕ

    За дополнителна удобност, оваа карактеристика овозможува електрично прилагодување на управувачкиот столб во насоките напред-назад и нагоре-надолу.

  • СЕДИШТА ОД ПЕРФОРИРАНА WINDSOR КОЖА СО ПРИЛАГОДУВАЊЕ ВО 20 НАСОКИ СО МЕМОРИСКА ФУНКЦИЈА НА СЕДИШТАТА ЗА ВОЗАЧОТ/СОПАТНИКОТ, МАСАЖЕР  И ГРЕЕЊЕ/ЛАДЕЊЕ НА ПРЕДНИТЕ СЕДИШТА
    СЕДИШТА ОД ПЕРФОРИРАНА WINDSOR КОЖА СО ПРИЛАГОДУВАЊЕ ВО 20 НАСОКИ СО МЕМОРИСКА ФУНКЦИЈА НА СЕДИШТАТА ЗА ВОЗАЧОТ/СОПАТНИКОТ, МАСАЖЕР И ГРЕЕЊЕ/ЛАДЕЊЕ НА ПРЕДНИТЕ СЕДИШТА

    Седишта со мноштво функционалности тапацирани со мека Windsor кожа за да го почувствувате вистинскиот луксуз.

  • АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN™ СО ОПКРУЖУВАЧКИ ЗВУК И СО ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ
    АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN™ СО ОПКРУЖУВАЧКИ ЗВУК И СО ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ

    Аудио системот MeridianTM со опкружувачки звук развива моќност од 825W преку своите 16 звучници и двоканалниот сабвуфер - хомогено соединети со помош на технологијата TrifieldTM. Интерактивниот дисплеј за возачот со висока резолуција и димензија од 12.3” може да прима и прикажува бројни информации, забавни содржини и податоци за активната безбедност.

  • ПАКЕТ PARK PRO И ПАКЕТ DRIVE PRO
    ПАКЕТ PARK PRO И ПАКЕТ DRIVE PRO

    Пакетот Park Pro ви овозможува безбедно и сигурно да се паркирате и да маневрирате во тесен простор и во сообраќај којшто може да биде попречен од згради или други возила. Во пакетот се вклучени карактеристиките Набљудување на сообраќајот зад вас и Помош при паркирање. Пакетот Drive Pro се грижи секое патување да биде уште побезбедно и порелаксирано. Во овој пакет се вклучени карактеристиките од пакетот Drive, плус: Помош за задржување во коловозна лента, Помош за мртов агол, Прилагодлива контрола на патна брзина, Помош при возење во колона и Интелигентно итно кочење.

Краток преглед на моторите

Мотор Забрзување 0-100km/h
во сек.
Максимална брзина km/h Вртежен момент Nm Во град l/100km
(Velar/R-Dynamic)
Надвор од град l/100km
(Velar/R-Dynamic)
Комбиниран циклус l/100km
(Velar/R-Dynamic)
Емисија на CO2 g/kg
(Velar/R-Dynamic)
D180 КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ 8.9 193 430 6.2 4.9 5.4 142
D240 КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ 7,3 217 500 7.2 5.1 5.8 189
D300 КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ 6.5 241 700 7.4 5.8 6.4 194
D250 КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ 6.7 217 365 9.1 6.7 7.6 208
D380 КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ 5.7 250 450 12.7 7.5 9.4 287