Информации и забава

    • ВОЛАН
      ВОЛАН

      На воланот има чувствителни на допир прекинувачи коишто се скриени додека не засветат. Еден од овие прекинувачи е програмибилен, така што може да се персонализира според вашите желби за да исполнува множество функции.

    • ЗАБАВА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА
      ЗАБАВА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА

      Опционалниот систем за забава на задните седишта обезебдува два 8"-ни екрани вградени на задниот дел од предните наслони за глава или 10"-ни екрани на допир со висока резолуција поставени на седиштата со можност за прилагодување на положбата. Системот е опремен со безжични слушалки и далечински, USB и HDMI порти за да поддржува повеќе уреди.

    • ПРЕПОЗНАВАЊЕ ГЛАС
      ПРЕПОЗНАВАЊЕ ГЛАС

      За да можете да ги извршувате вашите задачи без да го тргнете погледот од патот. Range Rover ви нуди интелигентен систем за препознавање глас. На пример, ‘Tune to 97.9’ (Намести на фреквенција 97,9) или ‘Call home’ (повикај дома).

    • INCONTROL APPS
      INCONTROL APPS

      InControl Apps претставува интерактивна група на апликации, оптимизирани за возила, што овозможуваат проследување содржини од медиуми, услуги базирани на облак или на локација и повеќе - преку USB порта.

    • PRO SERVICES
      PRO SERVICES

      InControl Apps претставува интерактивна група на апликации, оптимизирани за возила, што овозможуваат проследување содржини од медиуми, услуги базирани на облак или на локација и повеќе - преку USB порта.

    • PROTECT
      PROTECT

      Заедно со способноста за далечинска проверка на нивото на гориво и за едноставно пронаоѓање на вашиот паркиран Range Rover, користете ја карактеристиката Protect за да ги запишувате вашите патувања, па дури и да проверите да не сте оставиле некој прозорец отворен. Вклучена е и функцијата Optimised Land Rover Assistance.

    АУДИО СИСТЕМ Meridian™

    Врвна резолуција, кристално чисти високи тонови и моќен, длабок бас - емитирани преку внимателно распоредените 13 звучници вклучувајќи го и двоканалниот сабвуфер.

    Meridian е регистриран заштитен знак на Meridian Audio Ltd.

    Истражете го Meridian™

    АУДИО СИСТЕМ Meridian™ СО ОПКРУЖУВАЧКИ ЗВУК

    Полниот и чист звук како да се работи за изведба во живо се добива преку распоредот на 19те предни, странични и задни звучници, вклучувајќи го и двоканалниот сабвуфер - беспрекорно соединети со помош на технологијата Trifield™.

    Trifield и “three fields” уредот е заштитен знак на Trifield Productions Ltd.

    ИСТРАЖЕТЕ ГО Meridian™

    АУДИО СИСТЕМ Meridian™ SIGNATURE

    Аудио системот Signature се карактеризира со 29 звучници вклучувајќи и двоканален сабвуфер и емитира интензивно, лично аудио доживување за секое седиште во возилото. Првата во светот Trifield™ 3D технологија го носи опкружувачкиот звук на следното ниво.

    ИСТРАЖЕТЕ ГО Meridian™

    Иновации

    • PHEV (PLUG-IN HYBRID ELECTRIC VEHICLE - ХИБРИДНО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА ПОЛНЕЊЕ СО ПРИКЛУЧУВАЊЕ)
      PHEV (PLUG-IN HYBRID ELECTRIC VEHICLE - ХИБРИДНО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА ПОЛНЕЊЕ СО ПРИКЛУЧУВАЊЕ)

      Без никаков компромис во однос на способностите, перформансите или изгледот, хибридното електрично возило на полнење со приклучување (PHEV) се движи со помош на нашиот најиновативен погонски систем досега со емисија на CO₂ од 64g/km.

    • ЦЕЛОСНО АЛУМИНИУМСКА КАРОСЕРИЈА
      ЦЕЛОСНО АЛУМИНИУМСКА КАРОСЕРИЈА

      Полесна, посилна и поодржлива, иновативната целосно алуминиумска монокок каросерија нуди извонредна крутост и рафинираност со способност да ги поднесе истите удари при теренското возење како и секој Land Rover.

    • Land Rover IGUIDE (НАСКОРО)
      Land Rover IGUIDE (НАСКОРО)

      Апликацијата Land Rover iGuide ја користи најновата технологија за проширена реалност за да ги објасни сите карактеристики и елементи за контрола на вашето возило што треба да ги знаете. Таа служи и како мобилен прирачник за сопственикот, обезбедувајќи дека секогаш при рака ќе го имате одговорот на кое било прашање.

    Перформанси

    • СПУШТАЊЕ ЗАРАДИ БРЗИНА
      СПУШТАЊЕ ЗАРАДИ БРЗИНА

      Системот Спуштање заради брзина го користи електронското воздушно потпирање за да го намали отпорот на воздухот и потрошувачката на гориво при патување со постојана брзина. Тоа го постигнува со спуштање на возилото за 15mm од нормалната висина за возење кога брзината ќе достигне вредност од 105km/h.

    • РЕЖИМ EV
      РЕЖИМ EV

      Големиот капацитет на батеријата му овозможува на Range Rover да се движи само со помош на електромоторот. Ако барате поголема моќност или ако наполнетоста на батеријата падне на ниво коешто не е доволно за да се одржува движењето, системот ќе го вклучи бензинскиот мотор. Освен автоматската работа, возачот може да избере еден од трите режими за возење за да го оптимизира искористувањето на енергијата.

    • ДИНАМИЧЕН РЕЖИМ
      ДИНАМИЧЕН РЕЖИМ

      Оваа поставка - како дел од системот Terrain Response - дава потврдо потпирање за да се дозволи подинамичен стил на возење. Возењето е поврзано и сигурно, и ви гарантира максимално задоволство во возењето.

    • РЕЖИМ КОМФОР
      РЕЖИМ КОМФОР

      Дел од системот Terrain Response, оваа поставка дава првокласно ниво на комфор на патот, којшто се добива преку калибрирање на поставките на потпирањето за да се обезбеди попрефинето возење.

    Способност

    • ТРАНСФЕР КУТИЈА СО ДВА СТЕПЕНИ НА ПРЕНОС
      ТРАНСФЕР КУТИЈА СО ДВА СТЕПЕНИ НА ПРЕНОС

      Дополнителните пониски степени на пренос можат да се покажат како драгоцени во предизвикувачки услови какви што има при теренско возење или при влечење. Системот Трансфер кутија со два степени на пренос ви дава прецизна брзина и контрола во такви случаи.

    • ТРГНУВАЊЕ ПРИ МАЛА ТРАКЦИЈА
      ТРГНУВАЊЕ ПРИ МАЛА ТРАКЦИЈА

      Обезбедувајќи ви контрола за оптимален вртежен момент кога тргнувате од место, системот Тргнување при мала тракција ја подобрува способноста при лизгави услови како мокра трева, снег или мраз.

    • НАПРЕДЕН СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ВЛЕЧЕЊЕ
      НАПРЕДЕН СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ВЛЕЧЕЊЕ

      Напредниот систем за помош при влечење ви овозможува да ја контролирате насоката на движење на приколката при òд наназад со помош на вртливиот контролер на системот Terrain Response 2. Опционалниот систем ќе го контролира управувањето со возилото за да се постигне посакуваната патека на движење на приколката.

    • КОНТРОЛА НА СПУШТАЊЕ ПО НАДОЛНИНА
      КОНТРОЛА НА СПУШТАЊЕ ПО НАДОЛНИНА

      Системот Контрола на спуштање по надолнина (HDC) кој е патентиран од страна на Land Rover е стандардна карактеристика. Му помага на возачот со контролирано спуштање по стрмен терен. Тоа го прави преку одржување константна брзина и активирање на кочниците независно на секое тркало.

    СТАНДАРДНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

    • ИТНО КОЧЕЊЕ
      ИТНО КОЧЕЊЕ

      Ако се забележи ситуација за потенцијален челен судар, се прикажува предупредување, давајќи ви време да дејствувате. Ако не реагирате, тогаш системот ќе ги активира кочниците за да помогне да се намали тежината на можниот судар.

    • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НАПУШТАЊЕ НА КОЛОВОЗНАТА ЛЕНТА
      ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НАПУШТАЊЕ НА КОЛОВОЗНАТА ЛЕНТА

      Се грижи долгите патувања да бидат многу побезбедни. Системот Предупредување за напуштање на коловозната лента забележува кога вашиот автомобил ненамерно излегува од вашата коловозна лента и ве известува со помош на визуелно предупредување и вибрирање на воланот.

    • ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ НАПРЕД И НАЗАД
      ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ НАПРЕД И НАЗАД

      Се грижи маневрирањето да биде поедноставно. Кога ќе изберете степен на пренос за òд наназад, сензорите во предниот и задниот одбојник ќе се акивираат. Како што се паркирате, екранот на допир и аудио системот ви обезбедуваат повратна информација за тоа колку сте блиску до пречките.

    • КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА И ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА
      КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА И ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА

      Системот Контрола на патната брзина со Ограничувач на брзината ја одржува тековната брзина без да има потреба за постојана употреба на педалот за гас, со што се грижи да се намали заморот на возачот. Ограничувачот на брзина ви овозможува претходно да ја поставите максималната брзина.

    Пакети за помош на возачот

    • DRIVE
      DRIVE

      Опционалниот пакет Drive нуди спектар од карактеристики коишто се грижат да бидете безбедни и информирани, вклучувајќи ги карактеристиките Надзор на состојбата на возачот, Набљудување на мртвиот агол, Препознавање сообраќаен знак и Прилагодлив ограничувач на брзината.

    • ПАКЕТ DRIVE PRO
      ПАКЕТ DRIVE PRO

      Покрај технологиите што се вклучени во пакетот Drive, пакетот Drive Pro се карактеризира со технологиите Помош за задржување во коловозна лента, Помош за мртов агол и Прилагодлива контрола на патна брзина со Помош при возење во колона и Итно кочење при големи брзини.

    • PARK
      PARK

      Се карактеризира со технологиите 360° Помош при паркирање и Набљудување на сообраќајот зад вас за да имате целосна доверба при маневрирање во тесен простор. Функцијата Набљудување за слободен излез ги предупредува патниците на задните седишта за возилата што приоѓаат пред да излезат.

    • PARK PRO
      PARK PRO

      Покрај технологиите во пакетот Park, пакетот Park Pro се карактеризира со технологијата Помош при паркирање за да ги направи паралелното и паркирањето под прав агол поедноставни од кога и да било преку управување на вашето возило во погоден простор.

    Комфор и удобност

    • ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ НА СЕДИШТАТА
      ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ НА СЕДИШТАТА

      На располагање се предни и задни седишта со греење и ладење за да се обезбеди оптимален комфор без оглед на температурата. Оваа опција овозможува вие и вашите сопатници да ја поставите посакуваната температура независно еден од друг

    • МАКСИМАЛНО ПОМЕСТУВАЊЕ НАНАПРЕД НА СЕДИШТЕТО ЗА СОВОЗАЧОТ
      МАКСИМАЛНО ПОМЕСТУВАЊЕ НАНАПРЕД НА СЕДИШТЕТО ЗА СОВОЗАЧОТ

      Со еден допир на копчето седиштето за совозачот се поместува нанапред во крајната положба, најдалеку од патникот на задното седиште и на тој начин се максимира просторот и видливоста за тој патник.

    • ЛАДИЛНИК ВО ЦЕНТРАЛНАТА КОНЗОЛА
      ЛАДИЛНИК ВО ЦЕНТРАЛНАТА КОНЗОЛА

      Опционалниот оддел со ладилник во предната централна конзола ви го обезбедува луксузот за ладење пијалоци кога ќе посакате. Во ладилникот можат да се сместат до 4 шишиња од 500ml и да ги одржувате на температура од 5°C.

    • НАПРЕДНО НАСОЧЕНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
      НАПРЕДНО НАСОЧЕНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

      Патниците на задните седишта имаат опција со две поставки: ладна бела светлина и топла бела светлина, секоја со повеќе нивои на осветленост. Првата е посоодветна за работа и активности што бараат фокус, додека втората дава порелаксирачка, природна светлина.

    • КЛИМА УРЕД СО ЧЕТИРИ ЗОНИ
      КЛИМА УРЕД СО ЧЕТИРИ ЗОНИ

      Клима уредот со четири зони може исто така да го зголеми комфорот преку прилагодување на температурата, насоката и интензитетот на воздушното струење. Системот има посебни елементи за контрола за возачот, за совозачот и за патниците на седиштата од двете страни во вториот ред. Вклучени се дополнителни отвори за вентилација во Б-столбот.

    • ПОВРЗЛИВОСТ
      ПОВРЗЛИВОСТ

      Range Rover доаѓа со до седум USB порти, напојувачки и податочни, HDMI порта, и струјни приклучоци на мрежата од 12V за помошни уреди. Секој патник во возилото може да ги полни своите уреди и да ужива во забавата; без оглед дали ги користат своите таблети, мобилни телефони или други уреди.

    • ДАЛЕЧИНСКО ЗАГРЕВАЊЕ
      ДАЛЕЧИНСКО ЗАГРЕВАЊЕ

      Овој иновативен систем може претходно да го загрее или да го проветри возилото со помош на далечински управувач и седумдневен временски програматор. Секогаш можете да бидете сигурен дека кабината е на вистинската температура пред да влезете во неа.

    • КРАЈНА ВРАТА СО ЕЛЕКРОМОТОРЕН ПОГОН СО ФУНКЦИЈАТА АКТИВИРАЊЕ СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА
      КРАЈНА ВРАТА СО ЕЛЕКРОМОТОРЕН ПОГОН СО ФУНКЦИЈАТА АКТИВИРАЊЕ СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА

      Функцијата за активирање на крајната врата со електромоторен погон со помош на гестикулација ви овозможува да ја отворите или да ја затворите крајната врата без да има потреба да го допрете возилото или клуч картичката. Функцијата е со електронско управување и има два сензора на двете страни од возилото. За да ја активирате, едноставно, движете ја вашата нога под кој било од сензорите.

    • МЕКО ЗАТВОРАЊЕ ВРАТА
      МЕКО ЗАТВОРАЊЕ ВРАТА

      Range Rover е на располагање и со опционалната функција Меко затворање врата за да обезбеди електрично забравување на предните и задните врати. Ова го контролира движењето на вратата во последните 6mm со што се обезбедува меко затворање на предните и на задните врати.