Информации и забава

    • ВОЛАН
      ВОЛАН

      Уникатните прекинувачи на воланот, коишто се скриени додека не засветат, го намалуваат бројот на елементи за контрола во кабината и спроведуваат мноштво функции. Често употребуваните карактеристики, како што се медиумите, сега можете во целост да ги командувате од воланот во комбинација со интерактивниот дисплеј за возачот.

    • ЗАБАВА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА
      ЗАБАВА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА

      Опционалниот систем за забава на задните седишта обезебдува два 8"-ни екрани вградени на задниот дел од предните наслони за глава или 10"-ни екрани на допир со висока резолуција поставени на седиштата со можност за прилагодување на положбата. Двата системи доаѓаат со пар на дигитални безжични слушалки WhiteFire® и HDMI, Mobile High-Definition Link (MHL) и USB приклучници.

    • ПРЕПОЗНАВАЊЕ ГЛАС
      ПРЕПОЗНАВАЊЕ ГЛАС

      Системот за препознавање глас на InControl ги разбира изговорените инструкции така што можете да комуницирате со вашето возило и апликациите, да направите телефонски повик или да изберете музички запис, без да ја изгубите концентрацијата за патот пред вас.

    • INCONTROL APPS
      INCONTROL APPS

      InControl Apps претставува интерактивна група на апликации, оптимизирани за возила, што овозможуваат проследување содржини од медиуми, услуги базирани на облак или на локација и повеќе - преку USB порта.

    • PRO SERVICES
      PRO SERVICES

      Pro Services обезбедува сè од информации во реално време за текот на сообраќајот до навигација со водење од врата до врата.

    • PROTECT
      PROTECT

      Користете ја карактеристиката Protect за да ги запишувате вашите патувања, за далечинска проверка на нивото на гориво, за едноставно пронаоѓање на вашето паркирано возило, па дури и да проверите да не сте оставиле некој прозорец отворен. Вклучена е и функцијата Optimised Land Rover Assistance.

    АУДИО СИСТЕМ Meridian™

    Врвна резолуција, кристално чисти високи тонови и моќен, длабок бас - емитирани преку внимателно распоредените 13 звучници вклучувајќи го и двоканалниот сабвуфер.

    Истражете го Meridian™

    АУДИО СИСТЕМ Meridian™ СО ОПКРУЖУВАЧКИ ЗВУК

    Полниот и чист звук како да се работи за изведба во живо се добива преку распоредот на 19те предни, странични и задни звучници, вклучувајќи го и двоканалниот сабвуфер - беспрекорно соединети со помош на технологијата Trifield™.

    ИСТРАЖЕТЕ ГО Meridian™

    АУДИО СИСТЕМ Meridian™ SIGNATURE

    Првата во светот Trifield™ 3D технологија го носи опкружувачкиот звук на следното ниво. Аудио системот Signature има 23 звучници вклучувајќи и двоканален сабвуфер. Исклучително автентичен, го проширува чувството за простор во кабината, интерпретирајќи ги вашите омилени перформанси во вистинска мерка и на вистинска локација.

    ИСТРАЖЕТЕ ГО Meridian™

    Иновации

    • PHEV
      PHEV

      Без никаков компромис во однос на способностите, перформансите или изгледот, хибридното електрично возило на полнење со приклучување (PHEV) се движи со помош на нашиот најиновативен погонски систем досега со емисија на CO₂ од 64g/km.

    • ЦЕЛОСНО АЛУМИНИУМСКА КАРОСЕРИЈА
      ЦЕЛОСНО АЛУМИНИУМСКА КАРОСЕРИЈА

      Полесна, посилна и поодржлива, иновативната целосно алуминиумска монокок каросерија нуди извонредна крутост и рафинираност со способност да ги поднесе истите удари при теренското возење како и секој Land Rover.

    • IGUIDE (наскоро)
      IGUIDE (наскоро)

      Апликацијата Land Rover iGuide ја користи најновата технологија за проширена реалност за да ги објасни сите карактеристики и елементи за контрола на вашето возило што треба да ги знаете. Таа служи и како мобилен прирачник за сопственикот, обезбедувајќи дека секогаш при рака ќе го имате одговорот на кое било прашање.

    Перформанси

    • ЕЛЕКТРОНСКИ АКТИВЕН ДИФЕРЕНЦИЈАЛ СО НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ ПРЕКУ КОЧЕЊЕ
      ЕЛЕКТРОНСКИ АКТИВЕН ДИФЕРЕНЦИЈАЛ СО НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ ПРЕКУ КОЧЕЊЕ

      Со системот Насочување на вртежниот момент преку кочење движењето низ свиоци и управливоста се со брза реакција и контролирани дури и низ најтесните свиоци. Електронскиот активен диференцијал и системот за кочење на возилото постојано ја урамнотежуваат распределбата на вртежниот момент на моторот меѓу четирите тркала при движење низ свиоци.

    • ДИНАМИЧКА КОНТРОЛА НА СТАБИЛНОСТА
      ДИНАМИЧКА КОНТРОЛА НА СТАБИЛНОСТА

      Го набљудува динамичкото однесување на Range Rover Sport и интервенира за да ја максимира стабилноста на возилото. Системот Динамичка контрола на стабилноста го намалува вртежниот момент на моторот и соодветно го активира кочењето за да ја корегира насоката на движење на возилото.

    • СПУШТАЊЕ ЗАРАДИ БРЗИНА
      СПУШТАЊЕ ЗАРАДИ БРЗИНА

      Системот Спуштање заради брзина* го користи електронското воздушно потпирање за да го намали отпорот на воздухот и потрошувачката на гориво при патување со постојана брзина. Тоа го постигнува со спуштање на возилото за 15mm од нормалната висина за возење кога брзината ќе достигне вредност од 105km/h.

      *Не е достапно кај потпирање со навојни пружини.

    • ПРОГРАМА ДИНАМИКА
      ПРОГРАМА ДИНАМИКА

      Возилата опремени со системот Terrain Response 2 и електронски активен диференцијал со насочување на вртежниот момент преку кочење добиваат една дополнителна поставка, Програма Динамика, којашто го прилагодува потпирањето така за да се даде покрута контрола на каросеријата со поглатка управливост и поостри реакции.

    Способност

    • НАПРЕДЕН СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ВЛЕЧЕЊЕ ПРИКОЛКА
      НАПРЕДЕН СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ВЛЕЧЕЊЕ ПРИКОЛКА

      Опционалниот напреден систем за помош при влечење приколка ви овозможува да ја контролирате насоката на движење на приколката при òд наназад со помош на вртливиот контролер на системот Terrain Response 2. Системот ќе го контролира управувањето со возилото за да се постигне посакуваната патека на движење на приколката.

    • ТРГНУВАЊЕ ПРИ МАЛА ТРАКЦИЈА
      ТРГНУВАЊЕ ПРИ МАЛА ТРАКЦИЈА

      Обезбедувајќи ви контрола за оптимален вртежен момент кога тргнувате од место, системот Тргнување при мала тракција ја подобрува способноста при лизгави услови како што е мокра трева, снег или мраз.

    • ТРАНСФЕР КУТИЈА СО ДВА СТЕПЕНИ НА ПРЕНОС
      ТРАНСФЕР КУТИЈА СО ДВА СТЕПЕНИ НА ПРЕНОС

      Дополнителните пониски степени на пренос можат да се покажат како драгоцени во предизвикувачки услови како што се стрмни нагорнини или надолнини, при теренско возење или при влечење. Системот Трансфер кутија со два степени на пренос ви дава прецизна брзина и контрола во такви случаи.

    • КОНТРОЛА НА СПУШТАЊЕ ПО НАДОЛНИНА
      КОНТРОЛА НА СПУШТАЊЕ ПО НАДОЛНИНА

      Системот Контрола на спуштање по надолнина (HDC) кој е патентиран од страна на Land Rover е стандардна карактеристика. Му помага на возачот со контролирано спуштање по стрмен терен. Тоа го прави преку одржување константна брзина и активирање на кочниците независно на секое тркало.

    СТАНДАРДНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

    • ИТНО КОЧЕЊЕ
      ИТНО КОЧЕЊЕ

      Системот Итно кочење може да помогне да се спречат судари со други возила или пешаци. Ако се забележи ситуација за потенцијален челен судар, се прикажува предупредување, давајќи ви време да дејствувате. Ако не реагирате, тогаш системот ќе ги активира кочниците за да помогне да се намали тежината на можниот судар.

    • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НАПУШТАЊЕ НА КОЛОВОЗНАТА ЛЕНТА
      ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НАПУШТАЊЕ НА КОЛОВОЗНАТА ЛЕНТА

      Се грижи долгите патувања да бидат многу побезбедни. Системот Предупредување за напуштање на коловозната лента забележува кога вашиот автомобил ненамерно излегува од вашата коловозна лента и ве известува со помош на визуелно предупредување и вибрирање на воланот.

    • ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ НАПРЕД И НАЗАД
      ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ НАПРЕД И НАЗАД

      Кога ќе изберете степен на пренос за òд наназад, сензорите во задниот одбојник автоматски ќе се акивираат. Како што се паркирате, екранот на допир и аудио системот ви обезбедуваат повратна информација за тоа колку сте блиску до пречките.

    • КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА И ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА
      КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА И ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА

      Системите Контрола на патната брзина и Ограничувач на брзината ја одржуваат тековната брзина без да има потреба за постојана употреба на педалот за гас, со што се грижат да се намали заморот на возачот. Системот Ограничувач на брзината ви овозможува претходно да ја поставите максималната брзина.

    Опционални на пакети

    • DRIVE
      DRIVE

      Опционалниот пакет нуди спектар од карактеристики коишто се грижат да бидете безбедни и информирани, вклучувајќи ги карактеристиките Надзор на состојбата на возачот, Набљудување на мртвиот агол, Препознавање сообраќаен знак и Прилагодлив ограничувач на брзината.

    • DRIVE PRO
      DRIVE PRO

      Покрај технологиите што се вклучени во пакетот Drive, пакетот Drive Pro се карактеризира со технологиите Помош за задржување во коловозна лента, Помош за мртов агол и Прилагодлива контрола на патна брзина со Помош при возење во колона и Итно кочење при големи брзини.

    • PARK
      PARK

      Се карактеризира со технологиите 360° Помош при паркирање и Набљудување на сообраќајот зад вас за да имате целосна доверба при маневрирање во тесен простор. Функцијата Набљудување за слободен излез ги предупредува патниците на задните седишта за возилата што приоѓаат пред да излезат.

    • PARK PRO
      PARK PRO

      Покрај технологиите во пакетот Park, пакетот Park Pro се карактеризира со технологијата Помош при паркирање за да ги направи паралелното и паркирањето под прав агол поедноставни од кога и да било преку управување на вашето возило во погоден простор.

    Комфор и удобност

    • ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ НА СЕДИШТАТА
      ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ НА СЕДИШТАТА

      На располагање се опционални предни и задни седишта со греење и ладење за да се обезбеди оптимален комфор без оглед на температурата.

    • ПОВРЗЛИВОСТ
      ПОВРЗЛИВОСТ

      Range Rover Sport е достапен со две опционални домашни приклучници и пет USB порти поставени низ кабината така што, без оглед на тоа каде седите или каде седат вашите сопатници, секој може да ужива во забавата и да ги полни своите уреди.

    • ПРИЛАГОДЛИВО АМБИЕНТНО ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
      ПРИЛАГОДЛИВО АМБИЕНТНО ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

      Прилагодливото амбиентно внатрешно осветлување ви овозможува да ја менувате бојата и интензитетот на осветлувањето со што ќе го менувате амбиентот во кабината за да одговара на вашето расположение. Преку екранот на допир можете да изберете некоја од десетте понудени бои.

    • ДАЛЕЧИНСКО ЗАГРЕВАЊЕ СО КЛИМА УРЕД СО ВРЕМЕНСКО ПРОГРАМИРАЊЕ
      ДАЛЕЧИНСКО ЗАГРЕВАЊЕ СО КЛИМА УРЕД СО ВРЕМЕНСКО ПРОГРАМИРАЊЕ

      Овој систем може претходно да го загрее или да го проветри возилото со помош на далечински управувач и 7-дневен временски програматор. Секогаш можете да бидете сигурен дека кабината е на вистинската температура пред да влезете во неа.

    • КРАЈНА ВРАТА СО ЕЛЕКРОМОТОРЕН ПОГОН СО ФУНКЦИЈАТА АКТИВИРАЊЕ СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА
      КРАЈНА ВРАТА СО ЕЛЕКРОМОТОРЕН ПОГОН СО ФУНКЦИЈАТА АКТИВИРАЊЕ СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА

      Функцијата за активирање на крајната врата со електромоторен погон со помош на гестикулација ви овозможува да ја отворите или да ја затворите крајната врата без да има потреба да го допрете возилото. Функцијата е со електронско управување и има два сензора на двете страни од возилото. За да ја активирате, едноставно, движете ја вашата нога под кој било од сензорите.

    • МЕКО ЗАТВОРАЊЕ ВРАТА
      МЕКО ЗАТВОРАЊЕ ВРАТА

      Range Rover Sport е на располагање со електрични брави на сите врати. Ова овозможува контролирано движење на вратата во последните 6mm со што се обезбедува меко затворање на предните и на задните врати.