Range Rover Sport SVR е навистина најспособното SUV возило со високи перформанси во светот.

John Edwards (Џон Едвардс)
ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР, LAND ROVER SPECIAL VEHICLE OPERATIONS

    Перформанси

    SVR ПЕРФОРМАНСИ


    5.0-литарскиот V8 бензински мотор со компресор со моќност од 575PS развива јак вртежен момент од 680Nm и ве носи од 0 до 100km/h за 4,5 секунди. Перформансите се подвлечени со интегрираните отвори за воздух во хаубата од карбонски влакна и со големите отвори за влез на воздух поставени во одбојникот за да се максимира протокот на воздух до главните компоненти кога се искористува целосниот потенцијал на возилото.

    ТЕСТ ВОЗЕЊЕ

    Значајни карактеристики на моделот

    • СЕДИШТА SVR PERFORMANCE
      СЕДИШТА SVR PERFORMANCE

      Со врвно ниво на поддршка со максимална контрола, новите седишта SVR Performance со мала тежина со Windsor кожа имаат греење во седиштето како дел од стандардната опрема, а ладењето се нуди како опција. Со втиснатото лого SVR во наслоните за глава,

    • ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН
      ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН

      Performance седиштата на SVR се надополнети со ексклузивниот дизајн на воланот и декоративните завршни елементи од полиран алуминиум со завршна обработка Satin и од карбонски влакна во бојата Grand Black или Gloss. Знакот SVR на главните локации служи за да ги потсети патниците во возилото дека се наоѓаат во нашето најбрзо и најспособно SUV возило со високи перформанси досега.

    • НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН
      НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН

      Надворешноста на SVR е нагласена со уникатниот дизајн на хаубата изработена од композитни карбонски влакна којашто може да избрете да биде во боја на каросеријата на возилото или впечатлива, изложена хауба од карбонски влакна во бојата Gloss Black. Мускулестиот став на SVR уште повеќе се надополнува со украсната маска со знакот SVR и новите странични отвори поставени во крилата во бојата Narvik Black. Изгледот се заокружува со помош на Пиксел ЛЕД фаровите и јасните препознатливи светла за дневно возење (DRL).

    • ТРКАЛА
      ТРКАЛА

      SVR се карактеризира со 21"-ни тркала од легура ‘Style 5091’ со 5 двојни краци со завршна обработка во Satin Polish како дел од стандардната опрема. Можете да ги изберете и опционалните 22"-ни тркала од легура 'Style 5083' со 5 двојни краци со завршна обработка во Gloss Black или Satin Polish.

    • АКТИВЕН ИЗДУВЕН СИСТЕМ
      АКТИВЕН ИЗДУВЕН СИСТЕМ

      Активниот издувен систем се карактеризира со двостепен активен издув со електронски контролирани вентили којшто дава посебен засипнат звук. Тоа дополнително се засилува со ексклузивните вградени четири издувни цевки кај SVR како дел од стандардната опрема.

    • ШАСИЈА
      ШАСИЈА

      Тркалата со мала тежина обезбедуваат зголемени перформанси, додека зајакнатите системи за потпирање, амортизирање и управување овозможуваат прецизна контрола и возбудливо доживување при возењето.

    Краток преглед на моторите

    Мотор Забрзување 0-100km/h
    во сек.
    Максимална брзина km/h Вртежен момент Nm Во град l/100km Надвор од град l/100km Комбиниран циклус l/100km Емисија на CO2 g/kg
    V8 5.0 литри бензински 575PS Автоматска трансмисија со 8 степени на пренос КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ Сите вредности се привремени и се предмет на официјално потврдување 4.5 283 700 18 9.9 12.8 294

    ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ

    • S
    • SE
    • HSE
    • HSE СО ПАКЕТОТ DYNAMIC
    • Autobiography со пакетот Dynamic
    • SVR