RANGE ROVER SPORT PHEV

НА СПОРТСКИОТ ИЗГЛЕД И МОЌНОСТА ИМ СЕ ПРИДРУЖИ И ПОГОЛЕМАТА ЕФИКАСНОСТ

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ

ЕМИСИЈА НА CO2 G/KM
Од 64


ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО L/100KM (Комбиниран циклус)
Од 2,8

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Дизајнирајте го вашето совршено возило
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ја понудата Land Rover
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover блиску до вас
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
КРАТОК ПРЕГЛЕД НА СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
ЗАБРЗУВАЊЕ

6,7

sec



Од 0-100km/h за само 6,7 секунди. Во споредба со конвенционалниот бензински мотор, моторот PHEV P400e ви дава дополнително засилување во перформансите кога тоа најмногу ви треба.
ПОВЕЌЕ КОЊСКИ СИЛИ

404PS



Моторот PHEV P400e нуди врвни перформанси со комбинираната моќност од моторот и електромоторот коишто заедно развиваат 404РЅ.
АВТОНОМИЈА ВО РЕЖИМОТ САМО EV (ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО)

51

km



PHEV P400e во целост е способен за совладување на повеќето кратки релации во режим за потполно електрично возило (EV), со автономија до 51km.
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО

64

g/km CO2



Бројките покажуваат реална потрошувачка од само 3,6 литри на 100km и 64g/km CO2 што го прават ова возило едно од нашите најефикасни возила досега.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА PHEV
ПОЛНЕЊЕ
За да го наполните возилото со помош на кабли за полнење во домашни услови ќе ви требаат само 7,4 часа, во зависност од вашето локално напојување со електрична енергија. Кога користите полнење со временско програмирање за да одредите кога PHEV ќе се полни, можете да ја искористите предноста на ефтината тарифа за електрична енергија, или пак едноставно изберете го периодот од денот што најмногу ви одговара за полнење на вашето возило.**
ИНТЕЛИГЕНТЕН ДИСПЛЕЈ НА PLUG-IN ХИБРИД
Оваа карактеристика е интегрирана во Touch Pro и интерактивниот дисплеј за возачот и ви кажува колку ефикасно возите. Исто така ви дава и податоци во реално време за тоа како работи електромоторот заедно со конвенционалниот мотор со внатрешно согорување.
ПРЕТХОДНО КЛИМАТИЗИРАЊЕ НА КАБИНАТА
Кабината можете претходно да ја загреете или да ја изладите без стартување на моторот пред да влезете во возилото, а сепак да ја задржите целата автономија во електричниот режим, детаљ што го прави возењето уште поудобно.
ИНТЕЛИГЕНТНО ПЛАНИРАЊЕ НА ПАТЕКАТА
Сопствениците на PHEV можат со помош на системот InControl да ги видат станиците за полнење долж дадената патека. Системот исто така подробно ги опишува најефикасните патеки, при што во предвид ги зема и степенот на наклоните и конфигурацијата на теренот. Ова се прикажува на горниоит екран на допир.
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО НА PLUG-IN ХИБРИДНОТО ВОЗИЛО
Кога е во режим EV (електрично возило), моторот дава нулта емисија од издувната цевка со автономија на возење до 51km. При подолги патувања, двата мотори работат заедно и се добиваат навистина импресивни бројки за емисијата со помалку од 64g/100km CO2. Ова гарантира поголема заштеда на гориво и намалено влијание врз животната околина.
ПРЕФИНЕТО, ТИВКО ВОЗЕЊЕ
Нашиот најтивок Range Rover Sport досега. PHEV дава виртуелно тивко возење во режимот за електрично возило (EV). Тој гарантира беспрекорна транзиција помеѓу бензинскиот мотор и електромоторот, нуди оптимална префинетост и го збогатува чувството на спокојство во внатрешноста.
ПЕРФОРМАНСИ
ИНСТАНТЕН ВРТЕЖЕН МОМЕНТ

Електромоторот на PHEV развива инстантен вртежен момент за моторот со врвна реакција. Комбинирајќи ги Ingenium бензинскиот мотор Si4 со моќност од 300PS со електромоторот со моќност од 85kW тој развива моќност од 404PS, а од 0 до 100km/h забрзува за само 6,7 секунди и постигнува максимална брзина од 220km/h – подобри перформанси од V6 моторот со супер полнач.

ДИЗАЈН
ИНТЕГРИРАН ДИЗАЈН

Секој детаљ од дизајнот на PHEV беше внимателно разгледан, како на пр. интеграцијата на портата за полнење во предната украсна маска, за да се обезбеди едноставно врска и пристап за приклучување на кабелот без да се наруши легендарниот дизајн на Range Rover.

ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВА ВОЗИЛО
СПОСОБНОСТ
СПОСОБНОСТА Е ВО НЕГОВАТА ДНК

Способностите за теренско возење не се загрозени, а во некои случаи се и подобрени. PHEV е способен да минува низ вода со длабочина до 850mm* што е еднакво на способноста што ја има Range Rover Sport опремен со конвенционален мотор, а дополнителниот вртежен момент што го обезбедува електромоторот на мала брзина е предност во разни ситуации при теренско возење.

SE
Се карактеризира со предни светла за магла и напредна внатрешност со предни седишта со електромоторно прилагодување во 14 насоки.
ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВОЈ МОДЕЛ
HSE
Матрикс-ЛЕД фаровите ја унапредуваат надворешноста на возилото додека внатрешноста се карактеризира со седишта од перфорирана кожа Windsor.
ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВОЈ МОДЕЛ
HSE СО ПАКЕТОТ DYNAMIC
Деталите на надворешноста во бојата Shadow Atlas го збогатуваат динамичкиот дизајн, додека внатрешноста се карактеризира со седишта од перфорирана кожа Windsor.
ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВОЈ МОДЕЛ
AUTOBIOGRAPHY СО ПАКЕТОТ DYNAMIC
Нагласените детали на надворешноста во бојата Narvik Black, покривот во контрастната црна боја и седиштата Autobiography од полуанилинска кожа го прават овој модел достоен на неговото име.
ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВОЈ МОДЕЛ

*Минувањето низ вода е можно само кога моторот работи
*
*Времето за полнење се разликува во однос на пазарот, електричното напојување и решението за полнење. Багажниот простор во задниот дел кај PHEV моделите е намален. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач