Опционални пакети

    Опции за надворешноста

    Опции за надворешноста

    Опции за надворешноста

    ПАНОРАМСКИ ПОКРИВ

    Ја полни внатрешноста на Range Rover Sport со светлина, опционалниот фиксен или лизгачки панорамски покрив ги зголемува чувството на простор и врската со надворешниот свет. Достапен е во широка палета на бои за да одговара на бојата на надворешноста на каросеријата на вашето возило или во контрастна боја Narvik Black.

    Креирајте свој модел

    Опции за внатрешноста

    • ЗАВРШНИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА
      ЗАВРШНИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА

      Изберете од понудената палета со завршни елементи за внатрешноста во којашто спаѓаат завршни елементи од дрво, алуминиум и карбонски влакна. Завршните елементи можат да бидат уникатни за одредени модели.

    • БОИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА
      БОИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА

      За да осигурате дека возилото изгледа добро како што е и возењето со него, на располагање ви е спектар од бои меѓу кои има нови современи бои, Ebony Vintage Tan и Ebony Eclipse.

    • СЕДИШТА
      СЕДИШТА

      Со поместување во до 22 насоки, седиштата во вашето возило се достапни во широка палета од материјали, вклучувајќи ја и полуанилинската кожа, и во нови современи бои. Опционалните технологии како што се масажер, греење и ладење обезбедуваат зголемен комфор.

    ОПРЕМА НА LAND ROVER - ДОДАТОЦИ

    • СИСТЕМ CLICK AND GO
      СИСТЕМ CLICK AND GO

      Овој повеќенаменски дополнителен систем на задниот дел од наслонот на седиштето може да се постави помеѓу држачите на наслонот за глава со приклучоци што се додадаваат за да ги држат вашите таблети, торби или јакни.

    • СТРАНИЧНИ СКАЛИ НА ОТВОРАЊЕ
      СТРАНИЧНИ СКАЛИ НА ОТВОРАЊЕ

      Вешто сместени под праговите кога нема потреба за нив, овие паметни, практични скали го олеснуваат влегувањето и излегувањето од возилото.

    • ДОДАТОЦИ ЗА НОСЕЊЕ БАГАЖ НА ПОКРИВОТ
      ДОДАТОЦИ ЗА НОСЕЊЕ БАГАЖ НА ПОКРИВОТ

      Уживајте во флексибилниот капацитет и едноставноста на багажниот простор со мноштво додатоци за покривот вклучувајќи ги носачот за велосипеди што се монтира на покривот, носачот на опрема за водени спортови и спортскиот кровен куфер.

    • ДОДАТОЦИ ЗА БАГАЖНИОТ ПРОСТОР
      ДОДАТОЦИ ЗА БАГАЖНИОТ ПРОСТОР

      Оптимизирајте го багажниот простор со додатоци меѓу кои се преграда во багажниот простор, разделник за багажниот простор за да го поделите багажниот простор во две секции и гумена патосница за да го заштитите подот во багажниот простор.