Дизајн

    Перформанси

    Технологија

    • ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
      ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА

      Емитирајќи мноштво информации и забавни содржини, системот за информации и забава во автмобил Touch Pro Duo се карактеризира со најинтуитивните и најнапредните интегрирани технологии за да осигура дека можете да го извлечете најдоброто од вашето патување.

    • ИНОВАЦИИ
      ИНОВАЦИИ

      Range Rover Sport има линија на префинети мотори со мала потрошувачка на гориво што имаат силни перформанси. Можете да изберете некој од напредните бензински и дизел мотори или новото хибридно електрично возило на полнење со приклучување (PHEV)—нашиот најиновативен погонски систем досега.

    • ДРУМСКИ ПЕРФОРМАНСИ
      ДРУМСКИ ПЕРФОРМАНСИ

      Исклучителниот зафат на тркалата со подлогата и одличната управливост потврдуваат дека Range Rover Sport е нашиот најдинамичен SUV. Со пакет од внимателно проектирани технологии тој ви нуди возбудливо возење, без оглед на патот и условите.

    • ТЕРЕНСКИ ПЕРФОРМАНСИ
      ТЕРЕНСКИ ПЕРФОРМАНСИ

      Типичната за Range Rover Sport способност за теренско возење произлегува од комбинацијата на системите Погон на сите тркала (AWD) и уникатните, иновативни технологии за движење по секаков терен.

    • СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
      СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

      Од справување со градскиот метеж до обезбедување дополнителна безбедност за вас и за вашите сопатници, на располагање се бројни стандардни и опционални иновативни технологии. Секоја од нив е дизајнирана и проектирана да обезбеди удобност, едноставност и комфор во текот на вашето патување.

    • КОМФОР И УДОБНОСТ
      КОМФОР И УДОБНОСТ

      Range Rover Sport го издигнува комфорот за возачот и за совозачот на највисоко ниво. Прецизно дизајнирана, современата внатрешност доаѓа со нови предни седишта коишто нудат подобрено држење и со опцијата да изберете седишта од полуанилинска кожа.

    Разновидност

    Комфор и удобност

    Способност

    ОДРЖЛИВОСТ

    • ЕФИКАСНОСТ
      ЕФИКАСНОСТ

      Во погонските системи на Range Rover Sport се вградени технологии за ниска емисија на CO₂ како што е системот интелигентен Stop/Start. Системот го гасне моторот кога возилото стои во место и повторно го стартува кога ќе го тргнете вашето стопало од педалот за кочниците, намалувајќи ја потрошувачката на гориво за 5 до 7 проценти. Дополнителниот режим ECO користи софтвер за да осигура дека возилото работи поефикасно и поекономично.

    • АЛУМИНИУМ
      АЛУМИНИУМ

      Во алуминиумската конструкција на каросеријата на Range Rover Sport е вграден рециклиран материјал, а резултатот е намалена тежина, намалена потрошувачка на гориво, пониска емисија на издувни гасови и зголемени перформанси.

    • ПРИСТАП КОН ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС
      ПРИСТАП КОН ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС

      Бидејќи сме еколошки одговорна компанија, ние сме обврзани да произведуваме возила во коишто се употребуваат поодржливи материјали, да создаваме помалку отпад и што помалку да ги искористуваме природните ресурси. Согласно на тоа, Range Rover Sport е дизајниран да може 85 проценти од него да се рециклира и 95 проценти од деловите да се поправат. Затоа инвестираме во најсовремени постројки кадешто можеме нашите автомобили да ги направиме уште поефикасни - со помала потрошувачка на вода и енергија, создавање помалку отпад и пониска емисија на јагленород.

    Безбедносни карактеристики

    • ISOFIX
      ISOFIX

      ISOFIX точките на задните седишта се грижат за едноставното вградување на детските седишта. Тие, исто така, осигуруваат цврста врска меѓу детското седиште и возилото со што се унапредува и безбедноста.

    • ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА
      ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

      Опсежниот систем од воздушни перничиња за возачот и сопатниците кај Range Rover Sport обезбедува одлична заштита за сите патници во возилото.

    • БЕЗБЕДНОСНИ ПОЈАСИ
      БЕЗБЕДНОСНИ ПОЈАСИ

      Со предзатегнувачите на безбедносните појаси се добива дополнителна заштита. Во случај на челен судар тие го намалуваат движењето на телото нанапред.

    • ЛЕД ФАРОВИ
      ЛЕД ФАРОВИ

      Range Rover Sport се карактеризира со ЛЕД осветлување околу целото возило како дел од стандардната опрема. ЛЕД светлата се дизајнирани да траат колку и работниот век на возилото и трошат помалку енергија.

    • СПОРТСКА КОМАНДНА ПОЗИЦИЈА ЗА ВОЗЕЊЕ
      СПОРТСКА КОМАНДНА ПОЗИЦИЈА ЗА ВОЗЕЊЕ

      Спортската командна позиција за возење на Range Rover Sport се грижи да се добие посамоуверено, поангажирано возење. Издигнатата позиција ви дава подобра видливост што придонесува за подобра безбедност и сигурност.

    • ПОМОШ ПРИ НАГЛО КОЧЕЊЕ (EBA)
      ПОМОШ ПРИ НАГЛО КОЧЕЊЕ (EBA)

      Системот Помош при нагло кочење препознава кога нагло ќе го активирате кочењето но без потребната сила да се максимира застанувањето. Затоа, системот го засилува притисокот за кочење преку пумпата за ABS за да се осигура дека ќе застанете навреме.