RANGE ROVER SPORT AUTOBIOGRAPHY СО ПАКЕТОТ DYNAMIC
ИСКЛУЧИТЕЛЕН И ДЕФИНИРАН
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛИскористете го конфигураторот за да го создадете вашиот совршен Range Rover Sport
Откријте повеќе за возилата на Land Rover
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Побарајте продавач на Land Rover близу вас
Range Rover Sport Autobiography со пакетот Dynamic се карактеризира со 21”-ни тркала од легура ‘Style 5085’ со 5 двојни краци обработени со дијамант како дел од стандардната опрема.
Матрикс ЛЕД фаровите со препознатливи светла за дневно возење (DRL) го овозможуваат системот Напреден светлосен сноп за возење (ADB) и се карактеризираат со Систем за прилагодливо предно осветлување (AFS). Системот ADB го дели главниот светлосен сноп во вертикални ленти со што ја максимира видливоста додека истовремено фрла сенка пред возилата што доаѓаат од спротивна насока за да не ги заслепува.
Овие напредни ретровизори, со греење, со приодни светла и со функцијата автоматско придушување се одликуваат со електромоторно склопување за да се избегне нивното оштетување при паркирање во тесен простор. Покрај тоа, ретровизорот на вратата ја има функцијата за автоматско соборување кога ќе се избере степен на пренос за òд наназад, подобрувајќи ја видливоста при маневрирањето.
Обезбедуваат исклучителен комфор дури и на најдолгите патувања. Предните седишта од полуанилинска кожа со греење и ладење и со мемориска функција, а задните седишта со греење, се перфорирани во стилот Cut Diamond, со прилагодливи странични потпирачи и со електромоторно издолжување на перничето на седиштето.
Полниот и чист звук како да се работи за изведба во живо се добива преку распоредот на 19-те предни, странични и задни звучници, вклучувајќи го и двоканалниот сабвуфер - беспрекорно соединети со помош на технологијата Trifield™. Сето тоа се контролира едноставно преку Touch Pro Duo.
Се нуди спектар од карактеристики коишто се грижат да бидете безбедни и информирани. Во пакетот Drive се вклучени карактеристиките Надзор на состојбата на возачот, Набљудување на мртвиот агол и Препознавање сообраќаен знак и Прилагодлив ограничувач на брзината. Покрај ова, пакетот Park ги вклучува карактеристиките 360° Помош при паркирање, Набљудување на сообраќајот зад вас и Набљудување за слободен излез.
Мотор | Забрзување 0-100km/h во сек. |
Максимална брзина km/h | Вртежен момент Nm | Комбиниран циклус l/100km | Емисија на CO2 g/kg |
---|---|---|---|---|---|
SDV6 3.0L SDV6 DIESEL (306PS) AUTO Автоматска трансмисија со 8 степени на пренос КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ | 7.3 | 209 / 225** | 700 | 7.0 | 185 |
SDV8 4.4L SDV8 DIESEL (339PS) AUTO Автоматска трансмисија со 8 степени на пренос КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ | 6.9 | 209 / 225** | 740 | 8.4 | 219 |
P400e 2.0L P400e PETROL PHEV (404PS) AUTO Автоматска трансмисија со 8 степени на пренос КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ | 6.7 | 220 | 640 | 2.8 | 64 |
V8 5.0L V8 SUPERCHARGED PETROL (525PS) AUTO Автоматска трансмисија со 8 степени на пренос КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ Сите вредности се привремени и се предмет на официјално потврдување **Only available on 5 seat Dynamic Pack models | 5.3 | 225 / 250** | 625 | 12.8 | 294 |
Впечатливите линии на Range Rover Sport S нудат совршен вовед во моделите коишто се на располагање.
Се карактеризира со предни светла за магла и напредна внатрешност со предни седишта со електромоторно прилагодување во 14 насоки.
Матрикс-ЛЕД фаровите ја унапредуваат надворешноста на возилото додека внатрешноста се карактеризира со седишта од перфорирана Windsor кожа.
Деталите на надворешноста во бојата Shadow Atlas го збогатуваат динамичкиот дизајн, додека внатрешноста се карактеризира со седишта од перфорирана Windsor кожа.
Нагласените детали на надворешноста во бојата Narvik Black, покривот во контрастната боја Black и Autobiography седиштата од полуанилинска кожа го прават овој модел достоен на неговото име.
Дизајнот е одреден со карактеристики коишто ги оптимизираат и формата и функцијата. Ексклузивниот 5.0-литарски бензински V8 мотор со компресор со моќност од 575PS е дел од стандардната опрема.