RANGE ROVER PHEV

БЕСКОМПРОМИСНА ПРЕФИНЕТОСТ. ЗАЧУДУВАЧКА СПОСОБНОСТ

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ

ЕМИСИЈА НА CO2 G/KM
Од 64


ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО L/100KM (Комбиниран циклус)
Од 2,8

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Дизајнирајте го вашето совршено возило
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ја понудата Land Rover
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover блиску до вас
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
КРАТОК ПРЕГЛЕД НА СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
ЗАБРЗУВАЊЕ

6,8

sec



Од 0-100km/h за само 6,8 секунди. Во споредба со конвенционалниот бензински мотор, моторот PHEV P400e ви дава дополнително засилување во перформансите кога тоа најмногу ви треба.
ПОВЕЌЕ КОЊСКИ СИЛИ

404PS



Моторот PHEV P400e нуди врвни перформанси со комбинираната моќност од моторот и електромоторот коишто заедно развиваат 404РЅ.
АВТОНОМИЈА ВО РЕЖИМОТ САМО EV (ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО)

51

km



PHEV P400e во целост е способен за совладување на повеќето кратки релации во режим за потполно електрично возило (EV), со автономија до 51km.
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО

64

g/km CO2



Бројките покажуваат реална потрошувачка од само 3,6 литри на 100km и 64g/km CO2 што го прават ова возило едно од нашите најефикасни возила досега.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА PHEV
ПОЛНЕЊЕ
За да го наполните возилото со помош на кабли за полнење во домашни услови ќе ви требаат само 7,4 часа, во зависност од вашето локално напојување со електрична енергија. Кога користите полнење со временско програмирање за да одредите кога PHEV ќе се полни, можете да ја искористите предноста на ефтината тарифа за електрична енергија, или пак едноставно изберете го периодот од денот што најмногу ви одговара за полнење на вашето возило.**
ИНТЕЛИГЕНТЕН ДИСПЛЕЈ НА PLUG-IN ХИБРИД
Оваа карактеристика е интегрирана во Touch Pro и интерактивниот дисплеј за возачот и ви кажува колку ефикасно возите. Исто така ви дава и податоци во реално време за тоа како работи електромоторот заедно со конвенционалниот мотор со внатрешно согорување.
ПРЕТХОДНО КЛИМАТИЗИРАЊЕ НА КАБИНАТА
Кабината можете претходно да ја загреете или да ја изладите без стартување на моторот пред да влезете во возилото, а сепак да ја задржите целата автономија во електричниот режим, детаљ што го прави возењето уште поудобно.
ИНТЕЛИГЕНТНО ПЛАНИРАЊЕ НА ПАТЕКАТА
Сопствениците на PHEV можат со помош на системот InControl да ги видат станиците за полнење долж дадената патека. Системот исто така подробно ги опишува најефикасните патеки, при што во предвид ги зема и степенот на наклоните и конфигурацијата на теренот. Ова се прикажува на горниоит екран на допир.
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО НА PLUG-IN ХИБРИДНОТО ВОЗИЛО
Кога е во режим EV (електрично возило), моторот дава нулта емисија од издувната цевка со автономија на возење до 51km. При подолги патувања, двата мотори работат заедно и се добиваат навистина импресивни бројки за емисијата со помалку од 64g/100km CO2. Ова гарантира поголема заштеда на гориво и намалено влијание врз животната околина.
ПРЕФИНЕТО, ТИВКО ВОЗЕЊЕ
Нашиот најтивок Range Rover Sport досега. PHEV дава виртуелно тивко возење во режимот за електрично возило (EV). Тој гарантира беспрекорна транзиција помеѓу бензинскиот мотор и електромоторот, нуди оптимална префинетост и го збогатува чувството на спокојство во внатрешноста.
ДИЗАЈН
ИНТЕГРИРАН ДИЗАЈН

Секој детаљ од дизајнот на PHEV беше внимателно разгледан, како на пр. интеграцијата на портата за полнење во предната украсна маска, за да се обезбеди едноставно врска и пристап за приклучување на кабелот без да се наруши легендарниот дизајн на Range Rover.

КОМФОР И УДОБНОСТ
КОМФОР БЕЗ КОМПРОМИСИ

PHEV возилата го нудат истото ниво на префинетост како и сите други модели на Range Rover. Првокласни материјали. Завршна обработка, за пример. А технологиите, како на пр. Touch Pro Duo и интерактивниот дисплеј за возачот, се без конкуренција.

СПОСОБНОСТ
НЕСПОРЕДЛИВА СПОСОБНОСТ

Range Rover отсекогаш бил синоним за најмирно возење со највисок степен на способност и верзијата PHEV не е исклучок. Режимот EV (електрично возило) овозможува исклучителна контрола на мали брзини и ја задржува најдобрата во класата способност што ја има Range Rover за минување низ вода* со длабочина до 900mm.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
СТАНДАРДНО МЕЃУОСКИНО РАСТОЈАНИЕ
ГОЛЕМО МЕЃУОСКИНО РАСТОЈАНИЕ
VOGUE
Деталите на украсната маска и издадените делови на предниот одбојник се во бојата Atlas, додека внатрешноста нуди префинети елементи како што се седиштата од перфорирана Windsor кожа.
Истражете го овој модел
AUTOBIOGRAPHY
Исклучително луксузен SUV. Завршните елементи на отворите за вентилација на предниот одбојник, страничните отвори за вентилација и страничната истакната графика се во бојата Atlas, а во внатрешноста се задните седишта од бизнис класата.
Истражете го овој модел
VOGUE
Деталите на украсната маска и издадените делови на предниот одбојник се во бојата Atlas, додека внатрешноста нуди префинети елементи како што се седиштата од перфорирана Windsor кожа.
Истражете го овој модел
AUTOBIOGRAPHY
Исклучително луксузен SUV. Завршните елементи на отворите за вентилација на предниот одбојник, страничните отвори за вентилација и страничната истакната графика се во бојата Atlas, а во внатрешноста се задните седишта од бизнис класата.
Истражете го овој модел
SVAutobiography*
Кулминација на префинетост, SVAutobiography со големо меѓуоскино растојание нуди луксузна нажлебена завршна обработка на елементи од внатрешноста и задни седишта од бизнис класа во варијантата Comfort-Plus.
Истражете го овој модел

*Минувањето низ вода е можно само кога моторот работи
*
* Времето за полнење се разликува во однос на пазарот, електричното напојување и решението за полнење. Багажниот простор во задниот дел кај PHEV моделите е намален. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач