Опционални пакети

    Опции за надворешноста

    Опции за надворешноста

    Опции за надворешноста

    ПАНОРАМСКИ ПОКРИВ

    Ја полни внатрешноста на Range Rover со светлина, опционалниот фиксен или лизгачки панорамски покрив ги зголемува чувството на простор и врската со надворешниот свет. Достапен е во широка палета на бои за да одговара на бојата на надворешноста на каросеријата на вашето возило или во контрастните бои Narvik Black или Indus Silver.

    Креирајте свој модел

    Опции за внатрешноста

    • ДЕКОРАТИВНИ ПОВРШИНИ
      ДЕКОРАТИВНИ ПОВРШИНИ

      Можете да изберете еден од седумте нови фурнири меѓу кои се Kalahari, Argento Pinstripe, Satin Straight Walnut и Black Burr Ash.

    • СЕДИШТА
      СЕДИШТА

      Дизајнирани и создадени имајќи го на ум максималниот комфор, седиштата во Range Rover се достапни со тапацир од фина кожа или мебел-штоф. Напредната функционалност на седиштата вклучува опционално потпирање во горниот, рамениот дел на седиштето и функцијата масажа со жешки камења.

    • БОИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА
      БОИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА

      Кабината на Range Rover го нагласува најдоброто од современиот живот. Топлината на дрвените фурнири, врвните метални завршни детали и меката кожа се испреплетуваат меѓу себе за да се создаде чувство на домашна атмосфера. На располагање е широк спектар на бои и првокласни материјали за седиштата што одговараат на сите вкусови.

    • ПАКЕТИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА
      ПАКЕТИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА

      Вашиот Range Rover можете да го персонализирате со помош на понуденото множество дополнителна опрема. Од пакетите Entertainment до пакетот Connect Pro што нуди 4G Wi-Fi и пакетот Smartphone што овозможува сонхронизација за повеќето паметни телефони, ќе најдете пакет што ќе ги исполни вашите барања.

    ОПРЕМА НА LAND ROVER - ДОДАТОЦИ

    • СИСТЕМ CLICK AND GO
      СИСТЕМ CLICK AND GO

      Овој повеќенаменски дополнителен систем на задниот дел од наслонот на седиштето може да се постави помеѓу држачите на наслонот за глава со приклучоци што се додадаваат за да ги држат вашите таблети, торби или јакни.

    • СТРАНИЧНИ СКАЛИ НА ОТВОРАЊЕ
      СТРАНИЧНИ СКАЛИ НА ОТВОРАЊЕ

      Вешто сместени под праговите кога нема потреба за нив, овие паметни, практични скали го олеснуваат влегувањето и излегувањето од возилото.

    • ДОДАТОЦИ ЗА НОСЕЊЕ БАГАЖ НА ПОКРИВОТ
      ДОДАТОЦИ ЗА НОСЕЊЕ БАГАЖ НА ПОКРИВОТ

      Уживајте во флексибилниот капацитет и едноставноста на багажниот простор со мноштво додатоци за покривот вклучувајќи ги носачот за велосипеди што се монтира на покривот, носачот на опрема за водени спортови и спортскиот кровен куфер.

    • ДОДАТОЦИ ЗА БАГАЖНИОТ ПРОСТОР
      ДОДАТОЦИ ЗА БАГАЖНИОТ ПРОСТОР

      Оптимизирајте го багажниот простор со додатоци меѓу кои се преграда во багажниот простор, разделник за багажниот простор за да го поделите багажниот простор во две секции и гумена патосница за да го заштитите подот во багажниот простор.