Дизајн

    Технологија

    • ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
      ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА

      Нашиот InControl систем за информации и забава во автомобил, Touch Pro Duo, изгледа и работи како ниеден друг таков систем. Емитирајќи мноштво информации и забавни содржини, Touch Pro Duo се карактеризира со најинтуитивните и најнапредните интегрирани технологии за да осигура дека можете да го извлечете најдоброто од вашето патување.

    • ИНОВАЦИИ
      ИНОВАЦИИ

      Range Rover има линија на префинети мотори со мала потрошувачка на гориво што имаат силни перформанси. Можете да изберете некој од напредните бензински и дизел мотори или новото хибридно електрично возило на полнење со приклучување (PHEV)—нашиот најиновативен погонски систем досега.

    • ПРЕФИНЕТИ ПЕРФОРМАНСИ
      ПРЕФИНЕТИ ПЕРФОРМАНСИ

      Пакет од внимателно проектирани технологии, вклучувајќи го и системот Terrain Response 2 со режимот Dynamic, дава стабилно возење без оглед на патот и условите за возење.

    • СПОСОБНОСТ ЗА ТЕРЕНСКО ВОЗЕЊЕ
      СПОСОБНОСТ ЗА ТЕРЕНСКО ВОЗЕЊЕ

      Првото возило што ги комбинира луксузот и префинетоста со светски познатата способност за секакви услови, Range Rover останува верен на својата пионерска улога. Способноста за теренско возење типична за Range Rover произлегува од комбинацијата на системите за погон на сите тркала (AWD) и уникатната, иновативна технологија за движење по секаков терен.

    • СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
      СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

      Од справување со градскиот метеж до обезбедување дополнителна безбедност за вас и за вашите сопатници. Во Range Rover на располагање имате бројни стандардни и опционални SUV технологии. Секоја од нив е дизајнирана и проектирана за да го нагласи задоволството од вашето возило.

    • КОМФОР И УДОБНОСТ
      КОМФОР И УДОБНОСТ

      Внатрешноста на Range Rover доаѓа со нови предни и задни седишта, со што се обебедува комфор на четири седишта со разновидност на пет седишта. Благосостојбата се надградува преку опционалниот клима уред со четири зони и јонизаторот на воздухот во кабината. Аудио системот Meridian™ и прилагодливото амбиентно осветлување ја надополнуваат релаксирачката атмосфера.

    Разновидност

    Комфор и удобност

    Способност

    Перформанси

    ОДРЖЛИВОСТ

    • СИСТЕМ ИНТЕЛИГЕНТЕН STOP/START
      СИСТЕМ ИНТЕЛИГЕНТЕН STOP/START

      Во сите погонски системи на Range Rover се вклучени технологиите за ниска емисија на CO₂. Напредниот систем Интелигентен Stop/Start ја намалува потрошувачката на гориво, а режимот ECO осигурува дека Range Rover работи поефикасно, автоматски применувајќи серија на дејства, од омекнување на педалот за гас и менување степени на пренос до исклучување на греењето на ретровизорите на вратите.

    • АЛУМИНИУМСКА КОНСТРУКЦИЈА
      АЛУМИНИУМСКА КОНСТРУКЦИЈА

      Дизајнот на Range Rover вклучува рециклиран материјал од процесот на производство на каросеријата. Ова доведува до значителни подобрувања на перформансите и пониска емисија на CO₂ во работниот век на возилото.

    • ПРИСТАП КОН ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС
      ПРИСТАП КОН ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС

      Ние сме обврзани да произведуваме возила во коишто се употребуваат поодржливи материјали, да создаваме помалку отпад и што помалку да ги искористуваме природните ресурси. Согласно на тоа, Range Rover е дизајниран да може 85 проценти од него да се рециклира и 95 проценти да се поправи.

    Безбедносни карактеристики

    • ISOFIX
      ISOFIX

      ISOFIX точките на задните седишта се грижат за едноставното вградување на детските седишта. Тие, исто така, осигуруваат цврста врска меѓу детското седиште и возилото со што се унапредува и безбедноста.

    • ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА
      ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

      Опсежниот систем од воздушни перничиња за возачот и сопатниците кај Range Rover обезбедува одлична заштита за сите патници во возилото.

    • БЕЗБЕДНОСНИ ПОЈАСИ
      БЕЗБЕДНОСНИ ПОЈАСИ

      Со предзатегнувачите на безбедносните појаси се добива дополнителна заштита. Во случај на челен судар тие го намалуваат движењето на телото нанапред.

    • АВТОНОМНО КОЧЕЊЕ
      АВТОНОМНО КОЧЕЊЕ

      Се грижи да не дојде до судар со други возила или пешаци преку активирање на кочниците за да помогне да се намали тежината на можниот судар.

    • ЕЛЕКТРОНСКА КОНТРОЛА НА ТРАКЦИЈАТА
      ЕЛЕКТРОНСКА КОНТРОЛА НА ТРАКЦИЈАТА

      Овој систем ги оптимизира тракцијата и стабилноста преку контролирање на провртувањето на тркалата со намалување на вртежниот момент на тркалото што провртило и го активира кочењето ако има потреба.

    • ПОМОШ ПРИ НАГЛО КОЧЕЊЕ (EBA)
      ПОМОШ ПРИ НАГЛО КОЧЕЊЕ (EBA)

      Системот Помош при нагло кочење (EBA) препознава кога нагло ќе го активирате кочењето но без потребната сила да се максимира застанувањето. Затоа, системот го засилува притисокот за кочење преку пумпата за ABS за да се осигура дека ќе застанете навреме.