Уште од претставувањето на првиот Range Rover во 1970 година, возилото постојано се развива. Најлуксузниот SUV во светот се карактеризира со врвно ниво на софистицираност, вродена способност и инспиративен дизајн, коишто заедно со технолошките предности го одвојуваат ова возило од останатите. Да се навратиме на историјатот на серијата луксузни SUV возила позната како фамилијата Range Rover.


    Погледнете го постојаниот развој на Range Rover уште од неговото појавување

    1969 - Прототип Range Rover Velar

    За да ја зачуваат тајната за прототипот на првиот Range Rover, дизајнерите и инженерите коишто стоеа зад ова револуционерно ново возило, му го дадоа името „Velar“ на строго доверливиот прототип, изведено од италијанскиот збор „velare“, којшто значи „да се сокрие или покрие“. Првите 26 прототипи дури и го носеа беџот со истото име за да го маскираат својот идентитет.

    Првите прототипи на Range Rover го носеа беџот Velar, за да го сокријат својот идентитет

    1970 - Прво производство на Range Rover со 3 врати

    По успешното тестирање на идејното возило Velar, првиот Range Rover ѝ беше претставен на јавноста. Беше прифатен со воодушевување од страна на критиката, благодарејќи на ретката комбинација од способност и елегантен дизајн. Range Rover беше првото возило со постојан погон на 4 тркала и се одликуваше со деллива крајна врата, едноделна хауба поставена на шарки и континуирана странична линија

    1981 - Range Rover со 4 врати

    По 11 години присуство на пазарот, Range Rover Classic беше достапен и како возило со 4 врати, нудејќи им поголеми опции на вљубениците во ова возило, чијшто број постојано растеше.

    • Range Rover
    • Range Rover

    Лево: Од своето прво појавување пред јавноста Range Rover беше познат по својот луксузен став Десно: Со својот карактеристичен дизајн Range Rover е веднаш препознатлив

    1994 - Втора генерација на Range Rover

    Полуксузен од својот претходник, нагласените дизајнерски детали на возилата од втора генерација, како што се легендарната силуета и воведувањето на четириаголни фарови наместо кружните го издржаа тестот на времето, правејќи го возилото веднаш препознатливо до денешен ден.

    2001 - Трета генерација на Range Rover

    Со својот постојан развој, овој Range Rover стана првиот модел со монокок каросерија. Инспирација за дизајнот на трупот беше зашилувањето на италијанскиот глисер Riva, додека макарите на луксузната јахта беа мотив за металните завршни елементи во внатрешноста на возилото.

    • Range Rover
    • Range Rover

    Лево: Во втората генерација на Range Rover беше внесен уште поголем луксуз Десно: Инспирација за дизајнот на возилото дојде од италијанскиот глисер Riva

    2004 - Идејно возило Range Stormer

    Идејното возило Stormer ќе стане познато по трасирањето на иднината на дизајнот на Range Rover, како и храбриот приод кон усвојувањето на новата технологија во возилата.

    2005 - Производство на Range Rover Sport

    Воведувањето на првиот спортски SUV во фамилијата на Range Rover покажа дека Land Rover е посветен на перформансите. Опциите за мотори го вклучија 4.2-литарскиот бензински мотор со компресор којшто брзо ги ослободуваше перформансите. Range Rover Sport исто така понуди вмрежено воздушно потпирање, овозможувајќи му на возачот избор на висина на возењето, којашто ги оптимизира комфорот и 4х4 погонот, како при друмското така и при теренското возење. Променливата висина беше една од многуте јасни нови карактеристики којашто ги отсликуваше динамичките перформанси при претставувањето на возилото.

    • Range Rover
    • Range Rover

    Лево: Идејното возило Stormer ја трасираше иднината на дизајнот на Range Rover Десно: Пристигнувањето на Range Rover Sport донесе подобрени перформанси

    2008 - Идејно возило LRX

    Ова cross-coupé идејно возило беше амбициозен и прогресивен чекор за дизајнерскиот тим на Land Rover. Иако целната група беа возачи коишто ретко се одлучуваат за теренско возење, идејното возило сепак ја задржа легендарната способност на Land Rover, но во себе внесе и внатрешност којашто медиумите ја нарекоа „футиристичка“.

    Дизајнот на идејното возило LRX ќе има големо влијание врз дизајнот на Range Rover Evoque

    2011 - Производство на Range Rover Evoque

    Со титулата „Автомобил на годината“ добиена на бројни пазари, Range Rover Evoque блесна веднаш штом беше претставен на саемот Paris Motor Show во 2010 година. Многу карактеристики коишто ги видовме кај идејното возило LRX го најдоа својот пат во луксузното cross-coupé, заедно со свежата интерпретација на класичниот дизајн на Range Rover.

    Range Rover Evoque

    Range Rover Evoque со себе донесе нов, смел дизајн

    2012 - Четврта генерација на Range Rover

    Четвратата инкарнација на Range Rover беше првата што се карактеризираше со целосно алуминиумска каросерија со мала тежина и беше веднаш препознатлива поради своето големо меќуоскино растојание и линијата на покривот. Возилото се карактеризираше и со верзијата од следната генерација на системот Terrain Response® на Land Rover. Оваа вградена технологија за возење автоматски ги избира најдобрите поставки на возилото во однос на теренот по којшто се движи.

    2013 - Range Rover Hybrid

    Првиот хибрид во фамилијата на Range Rover не само што донесе подобрена горивна економичност и намалена емисија на издувните гасови, туку што е и најважно, не ја загрози способноста. За да го докаже тоа, возилото тргна на пат долг 16.000km од Солихал, Англија, до Мумбаи, Индија, преку најтешкиот тест за теренското возење, Хималаите.

    • Range Rover Hybrid
    • Range Rover Hybrid

    Лево: Првиот хибрид на Range Rover ја намали емисијата на издувни гасови без да ги загрози перформансите Десно: Луксузните караткеристики коишто се очекуваа од Range Rover се задржаа во моделот Hybrid

    2013 - Втора генерација на Range Rover Sport

    Претставен од актерот Даниел Крег, познат по улогата на Џејмс Бонд, одредени улици во Њу Јорк беа привремено затворени за сообраќај за да се лансира надградениот Range Rover Sport којшто се одликуваше со зголемена ефикасност од 3.0-литарскиот V6 мотор.



    Range Rover Sport

    Зголемената моќност на моторот беше главна карактеристика на втората генерација на Range Rover Sport

    2015 - Лансирање на Range Rover Sport SVR

    Проектиран како SUV со високи перформанси со оптимална моќност, Range Rover Sport SVR беше првиот произведен од страна на тимот Special Vehicle Operations. Како најбрз Land Rover досега, возилото нуди незаборавно возење. Моќноста на возилото се огледува во карактеристиките на дизајнот како што се четирите издувни цевки и уникатниот заден спојлер.

    2015 - Range Rover SVAutobiography

    Кулминацијата на префинетост и луксуз, моделот Range Rover SVAutobiography го редефинира Range Rover доживувањето. Грижата за секој детаљ се гледа во кабината, во завршните елементи од полиран алуминиум и седиштата од бизнис класата. Надворешност со уникатен избор од палетата на бои коишто гарантираат дека возачите добиваат врвно доживување на луксузот коешто асоцира на Range Rover. Веднаш потоа беше претставен моделот SVAutobiography Dynamic, којшто со карактеристичниот дизајн и моќниот V8 мотор ги отсликуваше својата моќност и својата агилност.

    • Range Rover Sport SVR
    • Range Rover

    Лево: Range Rover Sport SVR ги комбинира моќноста и перформансите за возбудливо возењеДесно: Кулминација на луксуз и софистицираност, моделот Range Rover SVAutobiography

    2015 - Range Rover Evoque Convertible

    Првиот Range Rover convertible, моделот Evoque Convertible ги комбинираше познатата способност на Land Rover со привлечните карактеристики како што е покривот со Z системот за негово склопување, а истовремено одржувајќи го силниот визуелен став изработен од дизајнерите на Land Rover. Резултатот е првиот премиум компакт и најспособниот 4x4 convertible SUV за секаков терен во светот.

    Range Rover Evoque Convertible

    Моделот Range Rover Evoque Convertible беше првиот Range Rover од тој тип

    Од строго доверливото идејно возило Velar до првиот Range Rover Evoque Convertible, еволуцијата на Range Rover е јасна. Без да ја загрозува способноста, луксузниот SUV продолжува да ги поставува стандардите за дизајн на автомобили, способоност и перформанси.

    Погледнете ја галеријата


    ФАМИЛИЈАТА НА RANGE ROVER

    ОТКРИЈТЕ КОЈ Е ВИСТИНСКИОТ RANGE ROVER ЗА ВАС.


    • Range Rover
      RANGE ROVER

      Кога го претставивме пред повеќе од 45 години, Range Rover ја смени сликата којашто светот ја имаше за теренското возење. Низ годините, тој стана врвен претставник на прославениот британски дизајн.

      Истражете го ова возило
    • Range Rover Sport
      RANGE ROVER SPORT

      Range Rover Sport навистина ја оправдува буквата „S“ (спорт) во кратенката SUV. Поставувајќи ја нашата серија модели на друго ниво, тој е најагилниот, најдинамичниот и најчувствителниот Land Rover досега.

      Истражете го ова возило
    • Range Rover Evoque
      RANGE ROVER EVOQUE

      Повеќе од 170 меѓународни награди и сѐ уште се бројат. Range Rover Evoque е достапен во три каросериски изведби: Coupé, изведба со пет врати и Convertible.

      Истражете го ова возило