Информации и забава

    • ДИГИТАЛЕН АУДИО СИСТЕМ НА MERIDIANTM СО ОПКРУЖУВАЧКИ ЗВУК
      ДИГИТАЛЕН АУДИО СИСТЕМ НА MERIDIANTM СО ОПКРУЖУВАЧКИ ЗВУК

      Land Rover склучи партнерство со Meridian, светски лидер за аудио технолигии со високи перформанси и дигитална обработка на звукот, за да развие напредни аудио системи за Range Rover Evoque. Дигиталниот аудио систем на Meridian од 825W со опкружувачки звук има 16 звучници и двоканален сабвуфер кај изведбите Coupé и со пет врати. Кај изведбата Convertible, дигиталниот аудио систем на Meridian од 660W со опкружувачки звук има 12 звучници и двоканален сабвуфер. И двата система даваат кристално чисти високи тонови и богат, длабок бас насекаде низ кабината. Ја слушате вашата музика онака како што вие сакате.

    • INCONTROL TOUCH PRO
      INCONTROL TOUCH PRO

      Хардверот и софтверот од најновата генерација во системот InControl Touch Pro го подигнуваат нивото на поврзливост и забава кај Range Rover Evoque до крајни граници. InControl Touch Pro е најнапредниот мултимедијален систем којшто Land Rover го понудил досега. Екранот на допир од 10" со брза реакција ги поддржува гестикулациите со лизгање со два прста и ја пренесува нашата најраскошна аудиовизуелна забава. За дополнително збогатување на доживувањето тука е и целосно прилагодливиот основен екран, како и говорната контрола.

    • ДВОЕН ПОГЛЕД
      ДВОЕН ПОГЛЕД

      Системот Двоен поглед* им овозможува на возачот и на совозачот да гледаат потполно независна содржина на екранот на допир од 10”. На пример, возачот може да го користи системот за сателитска навигација додека совозачот може да гледа DVD или TV. Во системот е вклучен и еден пар дигитални безжични слушалки од WhiteFire®.

    • INCONTROL CONNECT И CONNECT PRO
      INCONTROL CONNECT И CONNECT PRO

      Овие дополнителни технолошки пакети ги подигнуваат поврзливоста и удобноста на вашето возило на уште повисоко ниво. Remote Premium и InControl Apps го унапредуваат вашето доживување во автомобилот преку апликациите кои се компатибилни за паметен телефон и преку екранот на допир од 10” и ви овозможуваат да набљудувате и да дејствувате со вашиот Range Rover Evoque. Со функциите Wi Fi Hotspot и InControl Pro Services можете да останете поврзан со надворешниот свет. Било да е во прашање работата или задоволството, вашиот живот е полесен.

    • SPOTIFY ЗА INCONTROL APPS
      SPOTIFY ЗА INCONTROL APPS

      Достапна со нашите напредни пакети за поврзливост, InControl Connect и Connect Pro, апликацијата Spotify за InControl Apps ви овозможува да уживате во òд, во библиотека со повеќе од 30 милиони песни. Дизајнирана и креирана од Land Rover во соработка со Spotify, оваа апликација беше специјално оптимизирана за екранот на допир за вашиот Range Rover Evoque - правејќи ја едноставна и забавна за користење како што е Spotify апликацијата за паметен телефон. Можете да пребарувате и да прегледувате песни, станици и препораки, да создавате листа со песни за репродукција, и да уживате во целосниот пристап до вашата библиотека за офлајн песни.

    • INCONTROL PRO SERVICES
      INCONTROL PRO SERVICES

      Достапен како дел од пакетот InControl Connect Pro Pack, InControl Pro Services дополнително ги унапредува способностите на системот за информации и забава за да ви понуди дури и побогато доживување. Системот се состои од Wi-Fi хот-спот и податочна врска, овозможувајќи сообраќајни ажурирања во реално време, слики на улици и интернет пребарување, дополнувајќи ги можностите на системот InControl Touch Pro.

    Иновации

    • МОТОРОТ INGENIUM
      МОТОРОТ INGENIUM

      Нашиот нов мотор беше дизајниран и проектиран да даде беспрекорни перформанси, поголема ефикасност и неспоредлива рафинираност. Вообичаено 20kg полесен од претходниците, достапен е во две изведби за моќност, од 150PS и од 180PS, кај погон на 2 или на 4 тркала и со избор на рачен менувач со 6 степени на пренос или со автоматска трансмисија со 9 степени на пренос. Внатрешното триење е за фасцинантни 17% помало од претходните генерации на мотори а сервисните интервали се продолжени од 25.500 на 33.500 километри кај моделите со погон на четири тркала (4WD).

    • ПОТПИРАЊЕТО ИМА МАЛА ТЕЖИНА
      ПОТПИРАЊЕТО ИМА МАЛА ТЕЖИНА

      Конструирано од алуминиум и челик со мала тежина, напредната хидраулична технологија против отскок на столбот на потпирањето ја намалува бучавата којашто навлегува во кабината по удар. Системот осигурува и дека нерамните површини се скоро израмнети и дека нема да има повратен удар до вашите раце или до шасијата на возилото.

    Перформанси

    • ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА
      ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

      Системот Прилагодлива динамика обезбедува оптимална рамнотежа помеѓу возење и контрола. Тоа го прави со набљудување на движењата на возилото најмалку 1000 пати во секунда и ги прилагодува поставките на амортизерите помеѓу меки и тврди поставки, како што диктираат вашите инпути или патот. Ова се случува скоро моментално за да се минимизира навалувањето на каросеријата, да се добие поголема контрола и да се осигура стабилно, рамно возење. Системот ги чувствува дури и теренските услови и соодветно на нив ги оптимизира амортизерите.

      Креирајте свој модел
    • НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ (TORQUE VECTORING) ПРЕКУ КОЧЕЊЕ
      НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ (TORQUE VECTORING) ПРЕКУ КОЧЕЊЕ

      Овој систем ја унапредува агилноста и стабилноста на возилото во свиоците. Тој постојано ја набљудува и ја урамнотежува распределбата на вртежниот момент помеѓу сите тркала за да ги подобри зафатот на тркалата со подлогата и управувањето, и во друмски и во теренски услови. Системот исто така може да го зголеми степенот на вртење и да го намали подуправувањето со активирање на кочницата на внатрешното задно тркало, насочувајќи повеќе вртежен момент кон надворешното тркало, со што ја помага стабилноста.

      Креирајте свој модел
    • АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА СО 9 СТЕПЕНИ НА ПРЕНОС
      АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА СО 9 СТЕПЕНИ НА ПРЕНОС

      Компактната автоматска трансмисија, со мала тежина, со 9 степени на пренос обезбедува оптимална потрошувачка на гориво и емисија на CO2, како и поголема контрола во условите со помал зафат на тркалата со подлогата. Или пак кога влечете товар во специјално дизајнираниот многу низок прв степен на пренос. Трансмисијата е многу робустна и извонредно ги надополнува способностите на возилото за движење по секаков терен додека истовремено нуди примерно ниво на рафинираност и ефикасност.

      Креирајте свој модел
    • АКТИВЕН ПОГОН
      АКТИВЕН ПОГОН

      Кај моторите TD4 180PS и Si4, овој систем може да се покаже како непроценлив и во друмски и во теренски ситуации. Во многу услови на друмско возење, системот може да го исклучи погонот на задните тркала, со што ќе ја намали потрошувачката на гориво. Ако се промени подлогата или ако нагло забрзате, системот повторно ќе се вклучи во рок од 300 милисекунди. Посебен приказ на екранот на допир ве осигурува дека секогаш сте под контрола.

      Креирајте свој модел

    Способност

    • ПОГОН НА 4 ТРКАЛА (4WD)
      ПОГОН НА 4 ТРКАЛА (4WD)

      Кај моторите 2.0 литри дизел TD4 со 150 и со 180PS и кај моторот 2.0 литри бензински Si4, погонот на 4 тркала е основна карактеристика за Range Rover Evoque. Благодарејќи на неговите изолирани предна и задна носечка рамка, крутата монокок каросерија и технологијата како што е интелегентиот систем за погон на 4 тркала, можете со поголема сигурност да се впуштите во теренско возење.

    • ALL TERRAIN PROGRESS CONTROL
      ALL TERRAIN PROGRESS CONTROL

      Системот All Terrain Progress Control (ATPC) функционира на многу мали брзини, помеѓу 1,8km/h и 30km/h, и му помага на возачот да одржува стабилна брзина во тешки услови така да може да се концентрира на управувањето и пронаоѓањето вистинска патека помеѓу пречките. Исто така ви овозможува глатко и рамномерно тргнување, дури и на површини со мал коефициент на триење, како што се мраз, снег или мокра трева.

    • TERRAIN RESPONSE™
      TERRAIN RESPONSE™

      Системот Terrain Response™ ја издига способноста на нова височина. Ги оптимизира системите на моторот, на трансмисијата, на диференцијалите и системот на шасијата на возилото за да ги максимизира возењето, комфорот и тракцијата без оглед на тоа по каков терен се движи. Само изберете го режимот којшто одговара на условите: Општо возење, Трева/Чакал/Снег, Кал/Бразди и режимот Песок. Возилото секогаш дава доверливо, сигурно возење.

    • КОНТРОЛА НА СПУШТАЊЕ ПО НАДОЛНИНА
      КОНТРОЛА НА СПУШТАЊЕ ПО НАДОЛНИНА

      Системот Контрола на спуштање по надолнина (HDC) кој е патентиран од страна на Land Rover е стандардна опрема кај сите возила со погон на 4 тркала (4WD). Му помага на возачот при контролирано спуштање по стрмен терен преку одржување на константна брзина и активирање на кочниците независно на секое тркало. Системот работи автоматски за да го забави возилото и да ја одржува брзината во однос на избраниот степен на пренос и положбата на педалот за гас.

    • СИСТЕМ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ДЛАБОЧИНА НА ВОДАТА
      СИСТЕМ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ДЛАБОЧИНА НА ВОДАТА

      Чувствувјате се посигурно при минување преку воден тек, плитак или ако совладувате надојдена вода. Системот ја мери длабочината на водата со помош на сензорите поставени на долната страна на ретровизорите на вратите и обезбедува информации во реално време во однос на возилото. Овие податоци и максималната способност за минување низ вода се прикажуваат на екранот на допир, и ви даваат до знаење како да се однесувате соодветно на ситуацијата.

    • СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА НА ПОСТЕПЕНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КОЧНИЦИТЕ
      СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА НА ПОСТЕПЕНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КОЧНИЦИТЕ

      Слично на системот Помош при тргнување на нагорнина, овој систем спречува возилото да не забрза многу нагло кога се движи по надолнина. Ако возилото застане и тргне на наклон, системот ја држи кочницата пред да почне постепено да ја ослободува како што тргнувате.

    Системи за помош на возачот

    • ЦЕЛОСНА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
      ЦЕЛОСНА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

      Нашиот систем Целосна помош при паркирање ги прави едноставни паралелното и паркирањето под прав агол преку управување на вашето возило во погодниот простор. Само изберете го соодветниот степен на пренос и контролирајте ја вашата брзина со помош на педалите за кочница и за гас. Овој систем и ќе ве изнесе од просторот, со полесно маневрирање. Вашето движење е потпомогнато со графиките и известувањата.

    • СИСТЕМ ОД КАМЕРИ ЗА ОПКРУЖУВАЧКА СЛИКА
      СИСТЕМ ОД КАМЕРИ ЗА ОПКРУЖУВАЧКА СЛИКА

      Со поглед од приближно 360°, Системот од камери за опкружувачка слика ги користи камерите поставени околу возилото. Го потпомага паркирањето и е идеален за комплексни задачи за возење како што е влечење чамец или приколка за коњи. Заедно со способноста да прикажува неколку различни погледи во исто време, оваа технологија може и да зумира и да го поместува погледот, и осигурува дека може да се видат објекти и агли кои нормално се под оптичката видливост.

    • СИСТЕМ ЗА НАБЉУДУВАЊЕ НА МРТВИОТ АГОЛ
      СИСТЕМ ЗА НАБЉУДУВАЊЕ НА МРТВИОТ АГОЛ

      Системот за набљудување на мртвиот агол ве предупредува за возилата кои се во, или кои брзо приоѓаат до вашиот мртов агол. Тоа го прави со помош на мала предупредувачка светилка во односниот ретровизор на вратата. Системот за забележување на сообраќајот што приоѓа одзади ве предупредува за опасно приоѓање од која било страна на вашето возило и преку звучно и преку визуелно предупредување. На тој начин знаете што се случува зад вас дури и кога погледот ви е попречен.

    • ПОМОШ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА И НАДЗОР НА СОСТОЈБАТА НА ВОЗАЧОТ
      ПОМОШ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА И НАДЗОР НА СОСТОЈБАТА НА ВОЗАЧОТ

      Технологијата Помош за задржување во коловозна лента забележува кога вашето возило ненамерно излегува од вашата коловозна лента и постепено ве враќа назад. Системот Надзор на состојбата на возачот забележува ако сте почнале да се чувствувате поспан и ви дава рано предупредување да направите пауза.

    • ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНА БРЗИНА
      ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНА БРЗИНА

      Кога се движите со постојана брзина на автопат или кога возите во сообраќај кој бавно се движи, овој систем ќе го држи вашето возило на безбедно растојание од возилото пред вас ако тоа забави или ако застане. Кога возилото повторно забрзува, тогаш тоа го прави и вашиот Range Rover Evoque.

    • ПРЕПОЗНАВАЊЕ СООБРАЌАЕН ЗНАК
      ПРЕПОЗНАВАЊЕ СООБРАЌАЕН ЗНАК

      Системот Препознавање сообраќаен знак постојано ве информира со прикажување на сообраќајните знаци во групата инструменти каде што можете лесно да ги видите и како дел од Head-up дисплејот кога тој е вграден. Системот ги забележува знаците за ограничување на брзината (вклучително и променливите висечки знаци за ограничување на брзината) и сообраќајните знаци со дополнителни информации, како што е намалената брзина за влажни патишта.

    Комфор и удобност

    • КРАЈНА ВРАТА СО ЕЛЕКТРОМОТОРЕН ПОГОН АКТИВИРАНА СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА
      КРАЈНА ВРАТА СО ЕЛЕКТРОМОТОРЕН ПОГОН АКТИВИРАНА СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА

      Крајната врата со електромоторен погон активирана со гестикулација ви овозможува да ракувате со крајната врата (и за отворање и за затворање) надвор од возилото без да има потреба физички да ги допрете возилото или паметниот клуч. Кога паметниот клуч е забележан, тогаш со крајната врата може да се ракува со помош на движење на ногата нагоре под сензорите од двете страни на крајната врата.

      Креирајте свој модел
    • HOMELINK®
      HOMELINK®

      Модернизирајте го вашиот живот со системот HomeLink®. Овој универзален трансмитер може да се програмира да работи со три домашни или деловни безжично контролирани системи како што се гаражни врати, порти или осветлување. Изгубените далечински управувачи повеќе не се проблем.

      Креирајте свој модел
    • ПРИЛАГОДЛИВО ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
      ПРИЛАГОДЛИВО ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

      Оваа функција ви овозможува да ги менувате бојата и интензитетот на внатрешното осветлување на возилото така да можете да го менувате амбиентот за да одговара на вашето расположение. На располагање имате вкупно десет бои од ледено бела до тркачка црвена.

      Креирајте свој модел
    • КЛИМА УРЕД
      КЛИМА УРЕД

      Овој систем се карактеризира со сензор за воздух којшто ја набљудува влажноста, нивото на смог и екстремите во временските услови; отворите за вентилација поставени низ целото возило ви овозможуваат соодветно да ја прилагодите температурата во внатрешноста. Каде и да седат вашите сопатници, тие секогаш може да се чувствуваат комфорно.

      Креирајте свој модел