Дизајн

    Разновидност

    Технологија

    • ИНОВАЦИИ
      ИНОВАЦИИ

      Ние постојано ја осовременуваме нашата технологија за мотори за да ги вградиме најновите иновации, како што е системот за интелегентен Stop/Start којшто ја намалува потрошувачката на гориво за 5% до 7% во споредба со моторите од претходната генерација. Исто така се вградува и трансмисија со опција за мала тежина за да се подобри ефикасноста и да се намали уште повеќе емисијата на СО2.

    • ДРУМСКИ ПЕРФОРМАНСИ
      ДРУМСКИ ПЕРФОРМАНСИ

      Прилагодливата контрола на патна брзина одржува постојана брзина на долгите патувања држејќи ве на безбедно растојание од возилото пред вас. Прилагодливата динамика ја дава оптималната рамнотежa помеѓу возењето и контролата, додека технологијата Насочување на вртежниот момент (Torque Vectoring) обезбедува глатко, контролирано движење низ свиоците. Заедно, овие системи даваат непрекинато, сигурно возење.

    • СПОСОБНОСТ ЗА ТЕРЕНСКО ВОЗЕЊЕ
      СПОСОБНОСТ ЗА ТЕРЕНСКО ВОЗЕЊЕ

      Способноста е во DNA на секој Land Rover и ви овозможува со леснотија да се справите со најтешкиот терен и услови за возење. Од системот Terrain Response до системот Контрола на спуштање по надолнина (HDC), нашиот пакет од сопствени технологии ве уверува дека можете да се чувствувате сигурен при теренското возење исто како и при друмското возење.

    • СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
      СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

      Нашите Системи за помош за возачот ви овозможуваат да се концентрирате на патот пред вас. Тие ги набљудуваат условите и ви помагаат во одредени ситуации за возење. На пример, системот Набљудување на мртвиот агол ве предупредува за возила што ви приоѓаат од која било страна, системот Препознавање сообраќаен знак ве информира преку прикажување на сообраќајните знаци во групата инструменти со што ви помага побрзо да реагирате на какви било ограничувања, а тука е и пакетот од технологии за паркирање за да ве ослободат од стресот при паркирањето.

    • КОМФОР И УДОБНОСТ
      КОМФОР И УДОБНОСТ

      Нашите возила се карактеризираат со палета од најсовремени системи за греење и за ладење кои ќе овозможат максимален комфор за вас и за вашите сопатници. Без оглед на временските прилики, вие ќе пристигнете на вашето одредиште релаксирани и свежи.

    • ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
      ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА

      Вашиот паметен телефон и вашето возило можат да ви обезбедат мноштво информации и да ви понудат забава. Системот за сателитска навигација преку екранот на допир од 10” ви го прикажува патот пред вас додека вашиот совозач гледа DVD или TV, ако е избрана функцијата Dual View. InControl Apps на вашиот паметен телефон преку екранот на допир од 10" сигурно ве поврзува со вашето возило, а аудио системот на Meridian™ ја исполнува кабината со вашата музика.

    Комфор и удобност

    Способност

    Тестиран до екстреми

    • ПОТПИРАЊЕ
      ПОТПИРАЊЕ

      Тешко дека сте го „нагазиле“ Range Rover Evoque посилно од нас. За да го гарантираме неспоредливиот простор од динамички способности, и за друмско и за теренско возење, Range Rover Evoque беше изложен до десет години на најтешките услови за возење во еден временски период со помош на нашата најсовремена опрема за тестирање.

    • БРЗИНА НА ВЕТЕРОТ
      БРЗИНА НА ВЕТЕРОТ

      Во нашите климатски комори можеме да симулираме некои од најпредизвикувачките ветришта со кои Range Rover Evoque ќе се соочи. Не само снежни бури со ветришта со брзина од 240 km/h, туку и високи амбиентални температури и ситуации со мали воздушни струења. Вистинската доверливост ќе ја развиеме само ако ги тестираме сите системи до нивните крајни граници.

    • ТОПЛИ И ЛАДНИ КЛИМАТСКИ УСЛОВИ
      ТОПЛИ И ЛАДНИ КЛИМАТСКИ УСЛОВИ

      Во реални услови и во нашите климатски комори, ги замрзнуваме возилата до -40°C и ги грееме до 50°C. Потоа, главните функции и системи се испитуваат според нашите ригорозни стандарди. Затоа, комфорот и спокојството никогаш не се далеку, дури и на најоддалечените планински или пустински локации.

    • ТЕРЕНСКО ВОЗЕЊЕ
      ТЕРЕНСКО ВОЗЕЊЕ

      Од замрзнатиот терен во Арјеплог, Шведска, до безмилосните пустински песоци на Дубаи, гарантираме дека нашите легендарни перформанси за секаков терен се вродени во секое возило. Прототиповите ги развиваме низ приближно 8500km, преку најтешките теренски патеки.

    Перформанси

    Одржливост