ПОЛНЕЊЕ НА PHEV

ПРОНАЈДЕТЕ ГО ВАШЕТО ИДЕАЛНО РЕШЕНИ ЗА ПОЛНЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО

ИСТРАЖЕТЕ ГО ПОЛНЕЊЕТО

ЕМИСИЈА НА CO2 g/km
Од 72

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус I/100km
Од 3,2

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Дизајнирајте го вашето совршено возило
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ја понудата Land Rover
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover блиску до вас
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ
ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

PHEV возилата од нашата програма можат целосно да се наполнат или од домашна приклучница или од IEC конектор. Идеално е полнењето преку ноќ, а целосното полнење се одвива за само 7,5 часа што овозможува автономија до 48km без емисија на издувни гасови. Со вградување и користење на ѕиден полнач времето за полнењето може да се намали на околу 2,75 часа*.

ПОЛНЕЊЕ НА ЈАВНИ СТАНИЦИ
ПОЛНЕЊЕ НА ЈАВНИ СТАНИЦИ

За полнење на вашето Plug-in хибридно возило надвор од дома, можете да ги користите јавните станици за полнење. Вакви станици за полнење има на одморалишта на автопат, станици за гориво и јавни паркиралишта. Системот Connect Pro ќе ги обележи станиците за полнење долж вашата патека. **

ОПРЕМА ЗА ПОЛНЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО
ПРОНАЈДЕТЕ ДОДАТОЦИ
КАБЕЛ ЗА ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ - СТАНДАРД
Сите PHEV возила на Land Rover доаѓаат со кабел за полнење во домашни услови (кабел за полнење мод 2). Кабелот се поврзува на домашна приклучница и поддржува време за полнење од само 7,5 часа. Кабелот може да се користи на секакви временски услови. Информирајте се кај вашиот продавач на Land Rover за времето за полнење во вашата област. †
ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ КАБЕЛ ЗА ПОЛНЕЊЕ — ДОДАТОК
Целосно полнење може да се постигне за само 2,75 часа* со помош на додатокот Повеќенаменски кабел за полнење (Универзален кабел за полнење мод 2) и посебен ѕиден полнач. Приклучниот адаптер ви овозможува да го користите кабелот и во странство, за разни варијатни на приклучници со два или три пина, во зависност од регионот.†
КАБЕЛ ЗА ПОЛНЕЊЕ ЗА ЈАВНИ СТАНИЦИ — ДОДАТОК
Кога патувате, кабелот за полнење за јавни станици (кабел за полнење мод 3) ви помага да се поврзете со AC станиците за полнење на наизменична струја. Кабелот е компатибилен со домашен ѕиден полнач, којшто во вашиот дом може да го вгради снабдувач овластен од страна на Land Rover.†
ДОМАШЕН ЅИДЕН ПОЛНАЧ

Нашите овластени снабдувачи и вградувачи на ѕидни полначи ќе гарантираат дека секоја извршена работа е според најстрогите стандарди. Робустниот ѕиден полнач може да се смести на локација што е најпогодна за вас. За подетални информации прашајте го вашиот продавач на Land Rover.

ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
РЕГЕНЕРАТИВНО КОЧЕЊЕ

Регенеративното кочење го користи електромоторот за да ја собере кинетичката енергија при кочењето, претворувајќи ја во електрична енергија што се користи за полнење на високонапонските батерии. Овој процес започнува веднаш штом ќе го поместите вашето стопало од педалот за гас, како и во текот на кочењето. Регенеративното кочење не го заменува полнењето на вашето возило, но ќе го надополни електричниот полнеж што е достапен во текот на вашето патување.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
RANGE ROVER PHEV
Уникатен, префинет и луксузен; тоа е возило што ги нуди сите класични квалитети на Range Rover, а во исто време дава нова дефиниција за врвниот Range Rover со ефикасност и перформанси на PHEV.
Истражете го овој модел
RANGE ROVER SPORT PHEV
Перформансите, способноста и ефикасноста се издигнуваат на нови височини со Range Rover Sport PHEV. Динамичкиот дизајн и агилното, доверливо возење се надополнуваат со засилените перформанси и пониската емисија на издувните гасови од нашиот најиновативен мотор досега.
Истражете го овој модел

*Времето за полнење може да се разликува во зависност од вашето домашно електрично напојување.
*
*Одредени станици можат да бараат регистрација или плаќање веднаш.
† Никогаш не употребувајте продолжни кабли или адаптери со ниедно електрично возило или кабел за полнење.
Багажниот простор во задниот дел кај PHEV моделите е намален. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач.
Опремата за полнење може да се разликува од пазар до пазар. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач.
‡ Сите вредности се цели на производителот и се предмет на крајно потврдување пред да се почне со производство. Забележете дека вредностите за емисијата на CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала, а најниските вредности може да не се постигнат со стандардните тркала.