LAND ROVER PIVI PRO

СÈ ШТО ВИ ТРЕБА Е САМО НА ДОПИР ОД ВАС

WATCH THE FILM




“Pivi беспрекорно се соединува со вашето возило.”



Технологијата треба да е беспрекорна – и во вашиот дом и во вашиот автомобил – и да е спремна за пат заедно со вас. Pivi Pro, нашиот целосно нов систем за информации и забава во-автомобил се карактеризира со брзо вклучување, така што додека да седнете во вашиот автомобил, неговите функции веќе ви се достапни.



Ѕвезда на претставата е интерфејсот којшто е сличен на интерфејсот на паметен телефон. Pivi Pro има мени со рамна структура што овозможува едноставно и интуитивно пронаоѓање на потребните функции, исто како на вашиот паметен телефон, а повеќето паметни телефони можат беспрекорно да се интегрираат преку бесплатните апликации за поврзливост. Како што работи, така Pivi Pro учи и се прилагодува на вашиот стил, а функциите што вообичаено ги користите ќе ги прикаже први.

Доаѓа во сите Land Rover возила, the Land Rover Defender ќе биде нашето прво возило со Pivi Pro.


Прилагодлив основен екран

Новиот основен екран на Pivi Pro се фокусира на обезбедување на вистинската информација – како што се информациите за насоките и сообраќајот – во вистинско време, паралелно со директен пристап до функциите коишто најчесто ги користите. Вашето одредиште можете да го поставите брзо и едноставно, а до него можете да пристапите со еден допир на екранот. Вашите омилени и најчесто користени функции можат да се изведат од основниот екран.

Кога прв пат го користите Pivi Pro, ќе ги забележите поставките за навигацијата, забавата и телефонот, но можете многу едноставно да ги прилагодите на вашите потреби и вашиот стил.





Навигација

Ќе забележите дека во системот за навигација на Pivi Pro нема традиционално мени 1. Се ослободивме од притискање на копчиња од листа на листа пред да го изберете вашето одредиште. Наместо тоа, овозможивме директен пристап до сè со само еден допир на екранот. Исто така, Pivi Pro:

• Ви овозможува да користите гестикулации со штипнување и зумирање на мапа исто како што би направиле на паметен телефон

• Прави прилагодувања и препораки врз основа на вашите посакувани патеки

• Ви ја прикажува состојбата во сообраќајот и проценетото време на пристигнување за вашите вообичаени одредишта

• Користи гласовно водење за непознати патеки. Гласовното водење автоматски се исклучува за вообичаените патеки

• Ви ги предложува најбрзите патеки за вашето движење со помош на сообраќајни информации во реално време и динамичко водење

• Прикажува попатни цени на гориво, достапност на паркинг простор и ви предложува интересни места/место за оброк во тек на вашето патување


Бидете поврзани

Со мобилна податочна врска и пакетот Online имате пристап до многу повеќе содржини.

• Проследувајте ја вашата музика и подкаст дигиталните датотеки преку услугите за поврзливост Online Media

• Критики и оценки за предложените интересни места од вашето соседство

• Синхронизирајте го вашиот Google и/или Outlook Calendar

• Пристапете до временска прогноза во живо со AccuWeather

• Користите дополнителни функции како на пр. апликации за паркинг

• Едноставно поврзете се со вашите омилени апликации преку е-пошта или со скенирање на QR кодот

• Гласовни команди со природна интеграција на јазикот за поддржаните јазици.

• Wi-Fi овозможено со податочен план ви дава до 20GB/месец2 од 4G податоци преку вградената SIM картичка и надворешната антена, овозможувајќи ви ја најдобрата можна врска

• Комуникација со вашиот автомобил преку апликацијата Remote

• Ве алармира и го следи вашето возило во случај на кражба со функцијата Secure Tracker или Secure Tracker Pro

Интегрирано

Pivi Pro се интегрира со сите екрани во вашето возило. Интерактивниот дисплеј за возачот има нов стандарден распоред, како и дополнителни погледи. Стандардниот распоред е традиционален и се карактеризира со два аналогни инструменти со избрани кратки информации во средината. Од друга страна, можете да изберете информации за навигација, медија плеер или информации од системите за помош на возачот – сите на целиот екран на Дисплејот.

А кога треба да се фокусирате на патот пред вас, на Head-up дисплејот можете да ги видите битните информации, како што се вашата брзина на движење или информациите за теренско возење, во насока на вашиот поглед. Исто така, Head-up дисплејот:

• Обезбедува мини мапа за навигација како што се приближувате до вашето следно свртување

• Ве известува за дојдовните повици

• Го прикажува насловот на следниот аудио запис во вашата листа со записи за репродукција, кога прескокнувате низ списокот.


„Директен пристап до сè со само еден допир на екранот. Висока технологија којашто е едноставна за користење“.





Always up to date

Додека вашето возило е под гаранција Pivi Pro бесплатно ќе ви ги обезбедува новитетите. Тука се вклучени обновувањата на мапите, софтверот за вашето возило, како и нови функции и услуги. Кога сте поврзани, обновувањата ќе се извршуваат безжично, преку етерот. Обновувањата за модулот на возилото можат да се распоредат за преземање и инсталирање во одредено време, за ваша дополнителна удобност. Наш фокус при создавањето возило опремено за 21 век значеше дека со Pivi Pro, ќе уживате во нашите најинтуитивни технологии досега.

СЕГА Е ДОСТАПЕН ВО ...

Pivi сега е достапен во Land Rover Defender.

ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВА ВОЗИЛО

1Некои вклучени функции се дел од претплатата за Connected Navigation што е вклучена во почетната гаранција за возилото.
2Се применува политиката за фер користење. Стандардна претплата 1 година.