25 ГОДИНИ СО DISCOVERY

ГИ СЛАВИМЕ ВАШИТЕ УНИКАТНИ ПРИКАЗНИ ВО НАШЕТО УНИКАТНО ВОЗИЛО

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
MjQgxzwcyk0

Нашиот механичар ни кажа дека системот за потпирање апсорбирал повеќе удари за еден ден возење во Боливија отколку што ќе апсорбира за целиот работен век на автомобилот во Обединетото Кралство.

РИКАРД БЕКМАН
ДИРЕКТОР НА АВАНТУРАТА G4 2006 COMPETITION И ВОДАЧ НА ТИМОТ ЗА ИЗВИДНИЦА

  • DISCOVERY ГО МИНУВА РАСТОЈАНИЕТО

    Во 1989 година од производната лента излезе првиот Discovery. Милионитиот Discovery возеше право од Солихал до Пекинг. Денес Discovery ве носи насекаде низ светот.

  • ОВЕКОВЕЧЕТЕ ГИ ВАШИТЕ АВАНТУРИ

    Уникатно возило заслужува и уникатен филм. Ве повикуваме да ни ги испратите вашите моменти со Discovery што ја демонстрираат неговата јакост, сестраност и чистата забава.

  • ПОДВИЖНИ СЛИКИ ШТО НÈ ЗАСМЕВААТ

    Докажавте дека со Discovery се возевте безбедно низ снежни меќави и длабока вода, нагоре и надолу по планините, преку песочни дини и до непристапните места во светот.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ СТЕ БИЛЕ

    Направивме изложба за да објавиме само мал дел од авантурите коишто ги споделивте со нас. Следете го глобалното патување со Discovery и уживајте во возењето.

ГЛОБАЛНИ АВАНТУРИ
25 ГОДИНИ СО DISCOVERY

Питер и Ајлин Крајтн поголемиот дел од последните 25 години го посветија на истражувањето на светот во Рабија, нивниот Discovery 3.5V8i. Два пати ја обиколија земјината топка по северната и јужната хемисфера, а во 2012 година, пропатуваа од најсеверната до најјужната точка што се достапни со 4х4 возило.

ПРОЧИТАЈТЕ ГО ПРИЛОГОТ
ВЕЧЕРА СО ЛАВОВИ

Ендрју Браун работи за Land Rover Experience, Јужна Африка, во Аруша Серенгети миграцискиот камп во Танзанија: „Од другата страна имаше осум лавови, а неколку бафала лутајќи се приближија до групата лавови. Откако ја сфатија својата грешка, се стрчаа право во мочуриштето, а шесте лавови ги следеа“.

ПРОЧИТАЈТЕ ГО ПРИЛОГОТ
МИСЛЕВМЕ ДЕКА ТОА Е ПАТЕКА

Рикард Бекман, Директор на авантурата G4 2006 competition и водач на тимот за извидница истражуваше терен во Боливија: „Патеката почна да оди нагоре кон планината, но немаше серпентини - одеше само право нагоре. Беше очигледно дека тоа е местото каде што би поставиле жичара. На крајот тоа не беше никаков проблем за Discovery, но беше страшно колку стана стрмен теренот“.

ПРОЧИТАЈТЕ ГО ПРИЛОГОТ
ПАТУВАЧКА АВАНТУРА СО LAND ROVER

Извонредни патувања повторно создадени од Abercrombie и Kent

ОТКРИЈТЕ ЈА ПРОГРАМАТА ПАТУВАЧКА АВАНТУРА
ВАШИ ПРИКАЗНИ
МИНУВАЊЕ ПРЕКУ ПУСТИНАТА
„Пред околу три години купив нов Discovery. Неодамна со еден пријател отидовме на големо патување низ Австралија (6000 Km), а главна намера ни беше да ја поминеме пустината Симпсон. Се вративме, а автомобилот функционираше беспрекорно“. МАЈК МОНТГОМЕРИ, АВСТРАЛИЈА
ПОТРАГА И СПАСУВАЊЕ
„Му се придружив на клубот Texas Rovers и од поранешен иструктор во Land Rover Experience дознав за што сè е способен мојот Discovery. Станав член на непрофитна експедиција, учествував во потрага и спасување како последица на поплави и торнада и стекнав голем број на пријатели од целиот свет, коишто никогаш немаше да ги сретнам без мојот Discavery“. КРИС ДЈУК, САД
ОД ГЕРМАНИЈА ДО ИНДОНЕЗИЈА
„Мојот Discovery беше возило на федералната полиција на Германија, со вградена дополнителна опрема. Сега е мој слуга во Индонезија за време на викендите, а и мој викенд воин за бегствата со кампирање и теренско возење“. АХМАД РАВИ, ИНДОНЕЗИЈА
ТЕСТИРАЊЕ НА СПОСОБНОСТИТЕ
„Прекрасен одмор со мојот Discovery во Велс. Бев презадоволен од способностите на мојот автомобил во вакво специјално опкружување“. КЛЕМЕНТИНЕ БЕРГМАНС, БЕЛГИЈА
ОДВЕДЕТЕ ГО СЕМЕЈСТВОТО НА ПЛАЖА
„Го земав семејството во нашиот Discovery, којшто го викаме Дива, на одмор на западната обала на Данска. Плажата е бесплатна за автомобили километри и километри. Возите до неа директно од патот. Син ми тргна на сурфање“. СТЕФАН МУРАВСКИ, ГЕРМАНИЈА
ДУХОВНИОТ ДОМ НА LAND ROVER
„Мојот Discovery се појавува од темнината на локацијата на Land Rover Experience во Истнор“. СТИВЕН ХЕИНС, ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО
ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈА ВО DISCOVERY СТИЛ
„Ги оставам работните обврски зад себе и се забавувам со мојот Land Rover Discovery“. ЕДУАРДО КАРИЉО, ШПАНИЈА
ДЛАБОКО ВО ШУМАТА
„Фотографија на Discovery во боровите шуми на регионот Алтај, над реката Об“. ОЛЕГ ШУПИН, РУСИЈА
DISCOVERY Е ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ
„Мојот прв автомобил беше Discovery 200 Tdi од 1994 година што го купив на старо. Во 1998 година купив нов Discovery 300 TDi што го возам до денешен ден и тоа со големо задоволство. Дваесет години Discovery! Моето семејство има Range Rover Sport. Со нетрпение го очекувам новиот Discovery, но една работа е сигурна. Ќе го задржам мојот 300 TDi за цел живот“. МАТЕО ФАРОЛДИ, ИТАЛИЈА
ЗАКАЖЕТЕ ДЕН ЗА EXPERIENCE
Искусите ги од прва рака способностите на Land Rover за движење по секаков терен
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблиску до вас
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Можете да нè контактирате телефонски, он-лајн или преку нашите социјални мрежи
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Land Rover