ЕКСПЕДИЦИЈА ВО НАМИБИЈА ПО СЕВЕРНАТА ПАТЕКА - КРАЈБРЕЖЈЕТО И РАСТИТЕЛНИОТ И ЖИВОТИНСКИ СВЕТ
ЗАКАЖЕТЕ ВЕДНАШ

8-дневно патување со посета на геолошките чуда, меѓу коишто се и највисоката песочна дина во Африка, најстарата пустина во светот и необичните карпести формации.

ПЕСОЧНИ ДИНИ И ПАНОРАМИ

Пустината Калахари. Дина 45. Браната Хардап, преполна со птици. Експедицијата по јужната патека ве носи на сите овие мистериозни и волшебни локации и ви ја пружа можноста да возите преку некој од најпредизвикувачките терени на планетата.

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
8-ДНЕВЕН АРАНЖМАН
ДЕН 1
Слетување на аеродромот во Виндхук (Windhoek) каде што ќе ве пречека тимот на Land Rover. Откако ќе го земете вашето возило и по краткиот состанок за безбедност со нашите експерти, тргнувате во големото пространство на намибиските пустини. Првата ноќ ја минувате во традиционална африканска викенд куќичка.
ДЕН 2
Краткото но спектакуларно возење преку возбудливите пејсажи ќе ве однесе до планините Еронго. Каменливиот терен ви наговестува што ве очекува понатаму по патеката, додека неверојатните карпести формации се добредојдени за вашиот фотоапарат.
ДЕН 3
Вашата денешна дестинација е Свакоменд (Swakopmund) фасцинантен стар германски колонијален град, околу 100km оддалечен по брегот. Но, прво ќе треба да ги совладате големите песочни дини и да го искусите неповторливото возење по крајбрежјето. За награда добивате сместување во шармантниот хотел во центарот на градот.
ДЕН 4
Експедицијата по јужната патека се одвива низ пустини и песочни дини. Денешното патување ќе ве однесе преку саваната во пустината Калахари каде што ќе уживате во возењето по некои од највозбудливите песочни дини на планетата. Останете ладнокрвни додека преминувате преку врвовите.
ДЕН 5
Рано тргнување на пат до Сосусфлеи (Sossusvlei), мистериозен и надреален пејсаж накитен со дрва од видот Acacia erioloba (исушена акација, camel thorn - анг.) и дом на Дина 45, една од најголемите и најпредизвикувачки песочни дини во светот. Ќе ви треба повеќе од возачка вештина за да ја совладате.
ДЕН 6
Ако вчерашниот ден беше обележан со песочните дини, денешниот ќе го обележат птиците. Браната Хардап, близу до градот Мариентал (Mariental) е најголемиот резервоар во Намибија и привлекува илјадници птици меѓу коишто се и белите пеликани, орлите-рибари, фламингата, големите чапји и речниот орел.
ДЕН 7
Дојде време да ја напуштиме величенственоста на пустината Калахари и да се вратиме назад по правливиот пат до Виндхук (Windhoek). Тука нѐ чека вечерата и забава за збогување каде што ќе ги споделите приказните со останатите возачи во програмата и ќе се убедите дека Намибија е навистина единствено место на земјината топка.
ДЕН 8
Денес е ден за прошетка по прекрасниот град Виндхук (Windhoek), еден од главните градови на најголема надморска висина во светот. Уживајте во шопингот, или во ладното пиво во некој кафе бар и почнете да ја планирате вашата следна авантура со Land Rover.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ВАШИОТ ЕКСПЕРТСКИ ТИМ

Професионалци со многу големо искуство и посветени на работата. Не само што се посветени на тоа да го извлечат најдоброто од нашите возила, нашите инструктори умеат и да го пренесат своето знаење, јасно и детално, за да го извлечат најдоброто и од вас.

ПРОГРАМАТА СЕ ОДВИВА НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ

Контактирајте нѐ за подетални информации:
Телефон: +49 2058 77 809 94 (09:00 – 17:00 CET од понеделник до петок, се придодадаваат трошоците од локалниот оператор).
E-пошта: Контактирајте нѐ

ЈАКНА ЗА ПАТУВАЧКА АВАНТУРА ВО НАМИБИЈА

Нашите машки и женски јакни за програмата Патувачка авантура со Land Rover во Намибија се одликуваат со ракави коишто се вадат со помош на патент, заштита SPF 50 UV и водоотпорна структура што сепак „дише“. Овие јакни се специјално направени за да понудат оптимална заштита од екстремите во африканските големи висорамнини.

За да купите јакна за програмата Патувачка авантура со Land Rover во Намибија, едноставно одберете ја потребната количина во образецот за резервација.

ЗА ЕДНО ЛИЦЕ
Никаде не се исполнува ова ветување како во Намибија. Неповторливо и незаборавно доживување со мистериозната привлечност на нејзините крајбрежни пустини и чудесните резервати. Траење на патувањето: 8 дена, 7 ноќи. Еден возач, еднокреветна соба.
ЗАКАЖЕТЕ ВЕДНАШ
ЗА ДВЕ ЛИЦА (ДЕЛАТ)
Доживејте ги заедно со вашиот придружник мистериозната привлечност на вонземните крајбрежни пустини и резерватите богати со живот. Намибија е најдобро чуваната тајна на Африка, а тие што имале привилегија да ја посетат ќе се согласат со тоа. Траење на патувањето: 8 дена, 7 ноќи. Двајца возачи, заедничка соба.
ЗАКАЖЕТЕ ВЕДНАШ
ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО

Пријавете се за да добивате новитети во врска со идните програми и информации за слободните места

ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА ЗА НАМИБИЈА
ОПШТО

Кој ги води патувањата?

Програмата Патувачка авантура со Land Rover Experience во Намибија ја води Agentur für Promotion und Service GmbH (APS) / Land Rover Experience Germany, агенција којашто е лиценцирана и овластена од страна на Jaguar Land Rover. Кога ја правите резервацијата вие правите договор со APS GmbH.



Кој вози?

Вие возите! Таму е присутен инструктор на Land Rover Experience што ќе обезбеди стручни совети и обука, но ова се аранжмани каде што вие самите возите, така што зад воланот на најновите возила на Land Rover сте вие.



На кој јазик ќе се одвива програмата?

Инструкторите/домаќините ќе комуницираат со гостите на англиски јазик.

ЦЕНА

Дали треба да купам дополнително осигурување за да можам да учествувам?

Ви препорачуваме да купите сеопфатна полиса за патничко осигурување.



Што е вклучено во цената на програмата?

Во цената се вклучени: активности со возење, сместување, појадок, ручек и вечера, пијалаци со оброците и аеродромски превоз до/од Виндхук (Windhoek) аеродромот (еден фиксен аранжман за превоз за целата група). Вашата индивидуална програма ги содржи сите детали. Обрнете внимание дека поради обемното возење што е дел од програмата, алкохолните пијалаци ќе се служат само за време на вечерата и ќе бидат ограничени. Безалкохолните пијалаци се служат со секој оброк.



Што не е вклучено во цената на програмата?

Летови, трошоци за виза (ако е потребна), трошоци за вакцинирање, трошоци за патничко осигурување, напојници, какви било лични трошоци (на пр. минибар во хотелот, третмани во бањи итн.) и какви било аранжмани пред или по патувањето што отстапуваат од аранжманот на програмата.

ВОЗЕЊЕ

Никогаш порано не сум управувал со 4х4 возило и не сум практикувал теренско возење. Дали сепак можам да учествувам во програмата?

Секако. Таму ќе биде присутен квалификуван инструктор на Land Rover Experience што ќе ве придружува на секое патување и ќе обезбедува стручно водење и помош, но сите патувања се дизајнирани за возачи со секакви способности.



Какво возило ќе возам?

Гостите ќе возат Land Rover Discovery.



Дали се возилата со рачна или автоматска трансмисија?

Сите возила за оваа програма се со автоматска трансмисија.



Каков тип на возачка дозвола треба да имам и која е минималната возраст за учество во програмата?

Сите гости во програмата за возење мора да се на возраст од најмалку 19 години и мора да имаат важечка возачка дозвола барем една година. Се бара меѓународна возачка дозвола.



Дали треба да имам одреден степен на физичка кондиција за да можам да учествувам?

За да учествувате во ова Experience возење треба да сте сигурен дека не знаете за какви било околности што ќе ве дисквалификуваат од возењето како што се хронични проблеми со грбот (или слични состојби), ментални состојби што можат да влијаат на вашата способност за возење, слаб вид што не ги исполнува стандардите за возење, бременост или проблеми со срцето.



Колку гости ќе има во секое возило?

Цените се формирани за двајца гости да делат едно возило. Ако се побара, возилото може да се резервира и за трето и четврто лице.



Дали можам да го донесам својот сопствен Land Rover на оваа авантура?

Нема можност да учествувате со своето сопствено возило поради причини поврзани со осигурувањето.

ПАТУВАЊЕ

Ако патувам сам дали ќе имам свое возило?

Не - од безбедносни причини не дозволуваме ниеден гостин да биде сам во возилото. Тие што патувале сами ќе бидат во пар со друг гостин во возилото, или, ако има непарен број на гости во програмата тогаш еден од нашите инструктори ќе ве придружува во возилото. Ќе имате своја соба во хотелот за цело време на програмата.



Дали е дозволено деца да се придружат на патувањата?

По правило патувањата се погодни за деца постари од 14 години, но најдобро е да контактирате со APS за подетални информации и да ги наведете вашите лични барања.



Дали можам да го резервирам целото патување за приватна група?

Да. Ние со задоволство ќе ви овозможиме приватно патување за група од 10 гости или повеќе. Програмата може да се скрои и прилагоди за да ги исполни барањата на групата.



Дали патуваме во конвој?

Да, вообичаено патуваме во конвој со радио комуникација помеѓу возилата.



Која е максималната големина на групата на секое патување?

За да се обезбеди поинтимно и поексклузивно доживување, максималната (и минималната) големина на групата на секоја авантура е 10 гости (по двајца на возило).



Дали ми треба виза?

Агенцијата APS GmbH е одговорна однапред да ве информира за прашањата поврзани со пасоши, визи и здравствени прописи. Доколку треба да приложите покана за патување за да добиете виза, слободно информирајте ја за тоа агенцијата APS GmbH, којашто ќе ви обезбеди таква покана. За подетални информации, посетете ја следнава веб-локација: www.worldtravelguide.net/guides/africa/namibia/passport-visa/



Која валута се користи во Намибија?

Локалната валута е намибиски долар (NAD).



Би сакале да го продолжиме нашето патување за неколку дена. Дали можеме да го направиме тоа?

Секако. Агенцијата APS GmbH со задоволство ќе ви помогне пред или по вашето патување да ги испланирате и резервирате продолжените аранжмани. Слободно контактирајте ја ангецијата по е-пошта на expeditions@landrover-experience.de или телефонски +49 (2058) 77 80 994 (09:00 – 17:00 (CET), од понеделник до петок. Може да се придодадат трошоците од локалниот оператор.



Дали треба да се вакцинирам?

Информациите за препорачани или пропишани вакцинации за односните региони можат да се најдат тука: https://www.worldtravelguide.net/guides/africa/namibia/health/



Со кого можам да контактирам ако ми треба помош за резервирање летови или за патничко осигурување?

APS GmbH со задоволство ќе ви помогне околу резервациите за вашите летови и патничкото осигурување. Оваа агенција и ќе ве информира за можните измени пред да тргнете на патот.



Со агенцијата можете да контактирате на следниот начин:
Land Rover Experience Germany
c/o APS - Agentur für Promotion
und Service GmbH,
Am Sportplatz 26A, 42489, Wülfrath.


E-пошта: expeditions@landrover-experience.de
Телефон: +49 (2058) 77 80 994
(09:00 – 17:00 (CET), од понеделник до петок.
Може да се придодадат трошоците од локалниот оператор.


Факс: +49 (2058) 77 80 990



Дали треба да со себе да носам посебен тип на багаж?

Немаме посебни препораки во однос на типот на багажот – во возилата можат да се сместат куфери како и патни торби.



Дали има кодекс на облекување за вечерните часови?

Кодексот на облекување за вечерните часови налага лежерна облека.



Што се случува со патувањето ако не се пријави минималниот број на учесници? Дали тогаш патувањето ќе се откаже?

За сите патувања во Намибија потребно е да се пријават најмалку 10 учесници. Иако целта ни е да не откажеме ниту едно од нашите патувања, во некои случаи тоа ќе биде неизбежно. Агенцијата APS може да се повлече од договорот за патувањето ако минималниот број на учесници не се пријави до 31 ден пред почеток на патувањето, доколку минималниот број на учесници е дефиниран во описот на патувањето на APS за наведеното патување. Изјавата за откажување на патувањето веднаш ќе се проследи до вас и депозитот ќе ви се врати веднаш. За подетални информации погледнете ги нашите услови.



Дали се потврдени планот на патувањето и сместувањето?

Вашиот план на патување и сместувањето се предмет на измена врз основа на достапност. Го задржуваме правото за да го замениме планот на патување и сместувањето со слични алтернативи.

ЕКСПЕДИЦИЈА ВО НАМИБИЈА ПО СЕВЕРНАТА ПАТЕКА - КРАЈБРЕЖЈЕТО И РАСТИТЕЛНИОТ И ЖИВОТИНСКИ СВЕТ

Фокусот е кон растителниот и животинскиот свет на Намибија. Ќе го посетите Националниот парк Етоша каде што ќе ги видите животните во нивната природна средина.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Важна забелешка
Сликите што се прикажани тука се само за илустрација и доколку постојат какви било нејаснотии во врска со програмата, тогаш пишаниот план на патување ќе се смета за поточна интерпретација на патувањето. Го задржуваме правото за промена на патеката и/или замена на туроператорот со слични алтернативи.

ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
Бидете секогаш во тек со новитетите за програмата Патувачка авантура
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Land Rover
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблиску до вас
Url
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете вашето совршено возило
Url