ПАТУВАЧКА АВАНТУРА ВО НАМИБИЈА

ИЗБЕРЕТЕ ЕДНА ОД ДВЕТЕ РАЗЛИЧНИ 8-ДНЕВНИ АВАНТУРИ. И ДВЕТЕ СЕ ТАКА ДИЗАЈНИРАНИ ЗА ДА ГО ОПФАТАТ НАЈДОБРОТО ШТО ГО НУДАТ СЕВЕРОТ И ЈУГОТ.

ЗАКАЖЕТЕ ВЕДНАШ
cKh-njyq3d0

Изберете една од двете различни 8-дневни авантури. И двете се така дизајнирани за да го опфатат најдоброто што го нудат северот и југот.

ВАШАТА АФРИКАНСКА АВАНТУРА

Сокриена во скоро заборавениот дел на Африка, Намибија успева да ги чува своите тајни на сигурно. Голема и мистериозна, таа го нуди најдоброто од континентот. Без оглед дали се работи за најстарата пустина, највисоката песочна дина или најголемата популација на гепарди. Намибија е земја полна со чуда коишто чекаат да бидат откриени.

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
ИЗБЕРЕТЕ АВАНТУРА
ЕКСПЕДИЦИЈА ВО НАМИБИЈА ПО СЕВЕРНАТА ПАТЕКА - КРАЈБРЕЖЈЕТО И РАСТИТЕЛНИОТ И ЖИВОТИНСКИ СВЕТ
Фокусот е кон растителниот и животинскиот свет на Намибија. Ќе го посетите Националниот парк Етоша каде што ќе ги видите животните во нивната природна средина.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ЕКСПЕДИЦИЈА ВО НАМИБИЈА ПО ЈУЖНАТА ПАТЕКА - ПЕСОЧНИ ДИНИ И ПАНОРАМИ
Оваа експедиција ги соединува големата популација на птици во Намибија со нејзиниот истакнат геолошки феномен. Вклучени се и посети на пустините Намиб и Калахари, како и посетата на Националниот парк Намиб-Науклуфт.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ГАЛЕРИЈА ОД ПАТУВАЧКАТА АВАНТУРА ВО НАМИБИЈА

Уживајте во прегледот на она што можете да очекувате од програмата Патувачка авантура со Land Rover во Намибија

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА ЗА НАМИБИЈА
ОПШТО

Кој ги води патувањата?

Програмата Патувачка авантура со Land Rover Experience во Намибија ја води Agentur für Promotion und Service GmbH (APS) / Land Rover Experience Germany, агенција којашто е лиценцирана и овластена од страна на Jaguar Land Rover. Кога ја правите резервацијата вие правите договор со APS GmbH.



Кој вози?

Вие возите! Таму е присутен инструктор на Land Rover Experience што ќе обезбеди стручни совети и обука, но ова се аранжмани каде што вие самите возите, така што зад воланот на најновите возила на Land Rover сте вие.



На кој јазик ќе се одвива програмата?

Инструкторите/домаќините ќе комуницираат со гостите на англиски јазик.

ЦЕНА

Дали треба да купам дополнително осигурување за да можам да учествувам?

Ви препорачуваме да купите сеопфатна полиса за патничко осигурување.



Што е вклучено во цената на програмата?

Во цената се вклучени: активности со возење, сместување, појадок, ручек и вечера, пијалаци со оброците и аеродромски превоз до/од Виндхук (Windhoek) аеродромот (еден фиксен аранжман за превоз за целата група). Вашата индивидуална програма ги содржи сите детали. Обрнете внимание дека поради обемното возење што е дел од програмата, алкохолните пијалаци ќе се служат само за време на вечерата и ќе бидат ограничени. Безалкохолните пијалаци се служат со секој оброк.



Што не е вклучено во цената на програмата?

Летови, трошоци за виза (ако е потребна), трошоци за вакцинирање, трошоци за патничко осигурување, напојници, какви било лични трошоци (на пр. минибар во хотелот, третмани во бањи итн.) и какви било аранжмани пред или по патувањето што отстапуваат од аранжманот на програмата.

ВОЗЕЊЕ

Никогаш порано не сум управувал со 4х4 возило и не сум практикувал теренско возење. Дали сепак можам да учествувам во програмата?

Секако. Таму ќе биде присутен квалификуван инструктор на Land Rover Experience што ќе ве придружува на секое патување и ќе обезбедува стручно водење и помош, но сите патувања се дизајнирани за возачи со секакви способности.



Какво возило ќе возам?

Гостите ќе возат Land Rover Discovery.



Дали се возилата со рачна или автоматска трансмисија?

Сите возила за оваа програма се со автоматска трансмисија.



Каков тип на возачка дозвола треба да имам и која е минималната возраст за учество во програмата?

Сите гости во програмата за возење мора да се на возраст од најмалку 19 години и мора да имаат важечка возачка дозвола барем една година. Се бара меѓународна возачка дозвола.



Дали треба да имам одреден степен на физичка кондиција за да можам да учествувам?

За да учествувате во ова Experience возење треба да сте сигурен дека не знаете за какви било околности што ќе ве дисквалификуваат од возењето како што се хронични проблеми со грбот (или слични состојби), ментални состојби што можат да влијаат на вашата способност за возење, слаб вид што не ги исполнува стандардите за возење, бременост или проблеми со срцето.



Колку гости ќе има во секое возило?

Цените се формирани за двајца гости да делат едно возило. Ако се побара, возилото може да се резервира и за трето и четврто лице.



Дали можам да го донесам својот сопствен Land Rover на оваа авантура?

Нема можност да учествувате со своето сопствено возило поради причини поврзани со осигурувањето.

ПАТУВАЊЕ

Ако патувам сам дали ќе имам свое возило?

Не - од безбедносни причини не дозволуваме ниеден гостин да биде сам во возилото. Тие што патувале сами ќе бидат во пар со друг гостин во возилото, или, ако има непарен број на гости во програмата тогаш еден од нашите инструктори ќе ве придружува во возилото. Ќе имате своја соба во хотелот за цело време на програмата.



Дали е дозволено деца да се придружат на патувањата?

По правило патувањата се погодни за деца постари од 14 години, но најдобро е да контактирате со APS за подетални информации и да ги наведете вашите лични барања.



Дали можам да го резервирам целото патување за приватна група?

Да. Ние со задоволство ќе ви овозможиме приватно патување за група од 10 гости или повеќе. Програмата може да се скрои и прилагоди за да ги исполни барањата на групата.



Дали патуваме во конвој?

Да, вообичаено патуваме во конвој со радио комуникација помеѓу возилата.



Која е максималната големина на групата на секое патување?

За да се обезбеди поинтимно и поексклузивно доживување, максималната (и минималната) големина на групата на секоја авантура е 10 гости (по двајца на возило).



Дали ми треба виза?

Агенцијата APS GmbH е одговорна однапред да ве информира за прашањата поврзани со пасоши, визи и здравствени прописи. Доколку треба да приложите покана за патување за да добиете виза, слободно информирајте ја за тоа агенцијата APS GmbH, којашто ќе ви обезбеди таква покана. За подетални информации, посетете ја следнава веб-локација: www.worldtravelguide.net/guides/africa/namibia/passport-visa/



Која валута се користи во Намибија?

Локалната валута е намибиски долар (NAD).



Би сакале да го продолжиме нашето патување за неколку дена. Дали можеме да го направиме тоа?

Секако. Агенцијата APS GmbH со задоволство ќе ви помогне пред или по вашето патување да ги испланирате и резервирате продолжените аранжмани. Слободно контактирајте ја ангецијата по е-пошта на expeditions@landrover-experience.de или телефонски +49 (2058) 77 80 994 (09:00 – 17:00 (CET), од понеделник до петок. Може да се придодадат трошоците од локалниот оператор.



Дали треба да се вакцинирам?

Информациите за препорачани или пропишани вакцинации за односните региони можат да се најдат тука: https://www.worldtravelguide.net/guides/africa/namibia/health/



Со кого можам да контактирам ако ми треба помош за резервирање летови или за патничко осигурување?

APS GmbH со задоволство ќе ви помогне околу резервациите за вашите летови и патничкото осигурување. Оваа агенција и ќе ве информира за можните измени пред да тргнете на патот.



Со агенцијата можете да контактирате на следниот начин:
Land Rover Experience Germany
c/o APS - Agentur für Promotion
und Service GmbH,
Am Sportplatz 26A, 42489, Wülfrath.


E-пошта: expeditions@landrover-experience.de
Телефон: +49 (2058) 77 80 994
(09:00 – 17:00 (CET), од понеделник до петок.
Може да се придодадат трошоците од локалниот оператор.


Факс: +49 (2058) 77 80 990



Дали треба да со себе да носам посебен тип на багаж?

Немаме посебни препораки во однос на типот на багажот – во возилата можат да се сместат куфери како и патни торби.



Дали има кодекс на облекување за вечерните часови?

Кодексот на облекување за вечерните часови налага лежерна облека.



Што се случува со патувањето ако не се пријави минималниот број на учесници? Дали тогаш патувањето ќе се откаже?

За сите патувања во Намибија потребно е да се пријават најмалку 10 учесници. Иако целта ни е да не откажеме ниту едно од нашите патувања, во некои случаи тоа ќе биде неизбежно. Агенцијата APS може да се повлече од договорот за патувањето ако минималниот број на учесници не се пријави до 31 ден пред почеток на патувањето, доколку минималниот број на учесници е дефиниран во описот на патувањето на APS за наведеното патување. Изјавата за откажување на патувањето веднаш ќе се проследи до вас и депозитот ќе ви се врати веднаш. За подетални информации погледнете ги нашите услови.



Дали се потврдени планот на патувањето и сместувањето?

Вашиот план на патување и сместувањето се предмет на измена врз основа на достапност. Го задржуваме правото за да го замениме планот на патување и сместувањето со слични алтернативи.

Важна забелешка
Сликите што се прикажани тука се само за илустрација и доколку постојат какви било нејаснотии во врска со програмата, тогаш пишаниот план на патување ќе се смета за поточна интерпретација на патувањето. Го задржуваме правото за промена на патеката и/или замена на туроператорот со слични алтернативи.

ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
Бидете секогаш во тек со новитетите за програмата Патувачка авантура
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Land Rover
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблиску до вас
Url
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете вашето совршено возило
Url