ПАТУВАЧКА АВАНТУРА ВО МОАБ
ИЗБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА АВАНТУРА
QXVesElVUB0

Подгответе се за доживувањето во Моаб (Moab). Ви нудиме 2 авантури, и двете се со теренско возење.

ВАШЕТО ДОЖИВУВАЊЕ ВО МОАБ (MOAB)

Градот Моаб (Moab) се наоѓа во југозападниот дел на САД. Препознатлив е по пејсажите со црвени карпи, оформени од бурите, ветриштата и дивите поплави во текот на повеќе од 300 милиони години. Токму овие пејсажи ги привлекуваат поситетилите од целиот свет.

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
ИЗБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА АВАНТУРА ВО МОАБ (MOAB)
ПРОГРАМАТА ROCK CRAWL
4-дневно доживување. Ова е совршен вовед во вистинско теренско возење. Оваа програма се одвива во прекрасната и каменлива пустина Моаб (Moab) и ги тестира вашите граници преку разните патеки.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ПРОГРАМАТА ROCK CRAWL+
5-дневна авантура којашто ви овозможува да искусите некои од најспектакуларните патеки во светот. Оваа програма се одвива во прекрасната и каменлива пустина Моаб (Moab) и тука ќе се уверите во вашите вештини за теренско возење.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ГАЛЕРИЈА ОД ПАТУВАЧКАТА АВАНТУРА ВО МОАБ

Уживајте во прегледот на она што можете да го очекувате од програмата Патувачка авантура со Land Rover во Моаб.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
„Доживување што го менува животот! Извонредно“.

ЛИНДА, САД

ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО

Пријавете се за да добивате новитети во врска со идните програми и информации за слободните места

ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА ЗА МОАБ
ОПШТО

Кој ги води патувањата?

Програмата Патувачка авантура со Land Rover Experience во Моаб ја води Alem International Inc., агенција којашто е лиценцирана и овластена од страна на Jaguar Land Rover. Кога ја правите резервацијата вие правите договор со Alem International Inc.



Кој вози?

Вие возите! Таму е присутен тим од инструктори на Land Rover Experience што ќе обезбеди стручни совети и обука, но зад воланот сте вие.



Која е минималната возраст за учество во програмата?

Минималната возраст за учество во програмата е 21 година



На кој јазик ќе се одвива програмата?

Програмата се одвива на англиски јазик.

ЦЕНА

Дали треба да купам дополнително осигурување за да можам да возам?

Не е потребно дополнително осигурување за возилото, но за гостите е задолжително да купат сеопфатна полиса за патничко осигурување.



Што е вклучено во цената на програмата Патувачка авантура со Land Rover во Моаб?

Во цената се вклучени - сите активности за возење со Land Rover, хотелско сместување, појадок, ручек и вечера, пијалаци со оброците и аеродромски превоз до/од Гранд Џанкшн (Grand Junction) аеродромот. Обрнете внимание дека поради обемното возење што е дел од програмата, алкохолните пијалаци ќе се служат само за време на вечерата и ќе бидат ограничени.



Што не е вклучено во цената за Experience возење?

Летови, оброци и пијалаци што не се специфицирани во програмата, трошоци за виза (ако е потребна), трошоци за патничко осигурување и какви било аранжмани пред или по патувањето што отстапуваат од аранжманот на програмата.

ВОЗЕЊЕ

Каков тип на возачка дозвола треба да имам?

Политиката на JLR диктира сите возачи мора да имаат важечка возачка дозвола и да ја приложите на денот на настанот.




Какви возила ќе возам?

Land Rover Discovery, Range Rover и Range Rover Sport. Одвреме-навреме можеби ќе треба да ги измениме или замениме специфицираните возила поради околности што се вон наша контрола и го задржуваме правото да го сториме тоа.



Дали се возилата со рачна или автоматска трансмисија?

Сите возила за оваа програма се со автоматска трансмисија.



Колку луѓе ќe има во едно возило?

Двајца (2) гости ќе делат едно возило.



Која е максималната големина на групата?

За да се обезбеди поексклузивно и поинтересно доживување, максималната големина на групата е 16 гости (по двајца на возило).



Ако патувам сам дали ќе имам свое возило?

Не. Како гостин што патува сам вие ќе бидете во пар со друг гостин во вашето возило, но ќе имате своја соба во хотелот за цело време.



Дали треба да имам одреден степен на физичка кондиција за да можам да учествувам?

За да учествувате во ова Experience возење треба да сте сигурен дека не знаете за какви било околности што ќе ве дисквалификуваат од возењето како што се хронични проблеми со грбот (или слични состојби), ментални состојби што можат да влијаат на вашата способност за возење, слаб вид што не ги исполнува стандардите за возење, бременост или проблеми со срцето. Ако земате лекови, уверете се дека сте понеле доволно со вас за да имате за цело време на вашето патување. Исто така, заедно со нас ќе биде и медицински персонал. Слободно известете нѐ за секоја здравствена состојба што може да ве загрижи.

ПАТУВАЊЕ

Какво е времето во тој период од годината?

Во октомври и ноември деновите се топли со температура до 20-25°С (70-80°F), а ноќите се ладни со температури од околу 4°С (40° F) па сѐ до нулата. Моаб (Moab) вообичаено има повеќе од 300 сончеви денови во годината.



Дали е дозволено деца да се придружат на програмата Патувачка авантура со Land Rover Experience?

Програмата Experience не е погодна за деца од безбедносни причини.



Дали ќе ми треба посебна облека?

Робустни и удобни обувки за пешачење, чорапи, наочари за сонце, лосион за сончање, капа, како и ветровка, јакна со добра изолација и маица со кратки ракави.




Дали има кодекс на облекување за вечерните часови?

Кодексот на облекување за вечерните часови налага лежерна облека.



Какви други активности се на располагање?

Ранчот нуди активности како што се јавање коњи, дегустација на вино, сплаварење, спортска масажа и други активности. Информирајте се дополнително на ранчот.



Дали ми треба виза?

Контактирајте го вашиот локален конзулат за да добиете подетални информации. Доколку треба да приложите покана за патување за да добиете виза, слободно контактирајте нѐ и ние ќе ви обезбедиме таква покана.



Која валута се користи во САД?

Локалната валута е САД долар (USD).



Дали е дозволено да носам фото апарат или видео камера со мене?

Да, се разбира. Со вас можете да носите и специјална опрема како што се акционите камери GoPro, но употребата на дронови нема да биде дозволена.

ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
Бидете секогаш во тек со новитетите за програмата Патувачка авантура
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Land Rover
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблиску до вас
Url
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете вашето совршено возило
Url