ПАТУВАЧКА АВАНТУРА СО LAND ROVER ВО ЛАПОНИЈА
ИЗБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА ПАТЕКА

Лапонија. Замрзната дивина и бескрајни шуми. Нешто што морате да го видите за да поверувате дека постои.
Избравме две патеки преку коишто можете да ја разгледате Лапонија, и тоа во стил, зад воланот на Range Rover Sport.

ДОЖИВЕЈТЕ ЈА ЛАПОНИЈА СО LAND ROVER

Лапонија се наоѓа на северниот поларен круг и претставува животна средина полна со екстреми каде што температурите се под нула. Нашиот експертски тим ќе биде ваш домаќин и ќе ви овозможи да го искусите најдоброто што може да го понуди ова прекрасно опкружување. Импресивните борови шуми, замрзнатите езера и снежните падини се само почеток.

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШЕТО ДОЖИВУВАЊЕ ВО ЛАПОНИЈА
ЕКСПЕДИЦИЈА ПО СЕВЕРНАТА ПАТЕКА
Четиридневна авантура на темепратури под нулата коајшто нуди совршена комбинација од доживување во возењето со активности поврзани со традиционалната скандинавска култура. Ако имате среќа, можете да бидете сведок и на интересната поларна светлина.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ЕКСПЕДИЦИЈА ПО ЈУЖНАТА ПАТЕКА
Ако сте ентузијаст во возењето, тогаш ќе уживате во дополнителните часови зад воланот на четиридневната експедиција по јужната патека. Очекувајте вистинска арктичка авантура којашто ви ветува повеќе изминати километри преку замрзнатиот пејсаж.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО

Регистрирајте се за да добивате новитети во врска со идните програми и информации за слободните места

ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
ГАЛЕРИЈА ОД ПАТУВАЧКАТА АВАНТУРА ВО ЛАПОНИЈА

Уживајте во прегледот на она што можете да го очекувате од програмата Патувачка авантура со Land Rover во Лапонија

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА ЗА ПРОГРАМАТА ПАТУВАЧКА АВАНТУРА ВО ЛАПОНИЈА
ОПШТО

Кој ја води програмата Патувачка авантура со Land Rover во Лапонија?

Програмата Патувачка авантура со Land Rover во Лапонија ја води Zum goldenen Hirschen X zerotwonine GmbH заедно со Land Rover, што ги обезбедува возилата и квалификуваните инструктори за возење на Land Rover Experience. Програмата за возење е дизајнирана од страна на Land Rover, а имате и програм менаџер којшто ги надгледува сите аспекти од вашето Experience возење за да осигура дека сè се одвива во најдобар ред.

Кој вози?

Вие возите! Таму е присутен тим од инструктори на Land Rover Experience што ќе обезбеди стручни совети и обука, но зад воланот сте вие.

На кој јазик ќе се одвива програмата?

Програмата се одвива на англиски јазик.

Какви други активности се на располагање?

Вашето патување можете да го збогатите со понудените опционални активности (дополнително се плаќаат) коишто можете да ги купите однапред, кога го резервирате вашето учество. За подетални информации во врска со овие активности обратете се до Zum goldenen Hirschen X zerotwonine GmbH на следниот начин:

E-пошта: jlriceacademy@zerotwonine.com или телефонски: +49 69 460 97 47 47 (09:00 – 18:00 (CET), од понеделник до петок, со исклучок на локалните празници. Може да се придодадат трошоците од локалниот оператор).

ЦЕНА

До кога е рокот за пријавување?

Рокот за пријавување трае до 4 седмици пред започнување на циклусот.

Дали треба да купам дополнително осигурување за да можам да возам?

Не е потребно дополнително осигурување за возилото, но за гостите е задолжително да купат сеопфатна полиса за патничко осигурување. Патничкото осигурување за гостите коишто живеат во Германија или соседните земји може да се купи преку нашата оперативна агенција, Zum goldenen Hirschen X zerotwonine GmbH. Можете да ги контактирате на следниот начин:

E-пошта: jlriceacademy@zerotwonine.com или телефонски: +49 69 460 97 47 47 (09:00 – 18:00 (CET),

од понеделник до петок, со исклучок на локалните празници. Може да се придодадат трошоците од локалниот оператор).

Што е вклучено во цената на програмата Патувачка авантура со Land Rover во Лапонија?

Во цената се вклучени - сите активности за возење, хотелско сместување (со брачен кревет), појадок, ручек и вечера, пијалаци со оброците и аеродромски превоз до/од аеродром. Погледнете го вашиот аранжман за да видите што сè е вклучено во цената. Обрнете внимание дека поради обемното возење што е дел од програмата, алкохолните пијалаци ќе се служат само за време на вечерата и ќе бидат ограничени. Безалкохолните пијалаци, чајот и кафето се служат со секој оброк.

Што не е вклучено во цената за Experience возење?

Летови, оброци и пијалаци што не се специфицирани во програмата, опционални активности (на пример тури со санка со кучиња) трошоци за виза (ако е потребна), трошоци за патничко осигурување и какви било аранжмани пред или по патувањето што отстапуваат од аранжманот на програмата.

ВОЗЕЊЕ

Никогаш порано не сум возел по мраз. Дали сепак можам да учествувам во програмата Патувачка авантура со Land Rover во Лапонија?

Секако - активностите за возење се осмислени за возачи со секакви способности. Ќе добиете детални упатства за возење, а нашиот тим од инструктори на Land Rover Experience ќе ви биде при рака за да ви обезбеди стручно водење и совети пред тргнување и додека сте на патеката. Во секое наше возило ќе биде вградено двонасочно радио така што во секој момент можете да контактирате со нашите инструктори во текот на патувањето.

Какви возила ќе возам?

Range Rover Sport

Одвреме-навреме можеби ќе треба да ги измениме или замениме специфицираните возила поради околности што се вон наша контрола и го задржуваме правото да го сториме тоа.

Дали се возилата со рачна или автоматска трансмисија?

Сите возила за оваа програма се со автоматска трансмисија.

Дали се возилата со волан од лева или од десна страна?

Има возила со волан од лева страна и со волан од десна страна. Клиентите коишто не се чувствуваат сигурно да возат со волан на одредена страна на возилото слободно можат да го известат тимот од инструктори за тоа. Тимот од инструктори ќе стори сè што може за да излезе во пресрет на вашите барања.

Која е минималната возраст за учество во програмата?

Минималната возраст за учество во програмата е 21 година со важечка возачка дозвола од најмалку три години, или 23 години со важечка возачка дозвола од најмалку една година.

Каков тип на возачка дозвола треба да имам?

Сите возачи мора да имаат важечка возачка дозвола. Ако имате возачка дозвола издадена од Обединетото Кралство тогаш ќе добиете веб-линк за он-лајн образец што морате однапред да го пополните за да го потврдите статусот на вашата возачка дозвола. Ако вашата возачка дозвола е издадена надвор од Обединетото Кралство тогаш од вас ќе се бара да пополните изјава за возачка дозвола кога ќе пристигнете. Вашата возачка дозвола треба да биде важечка и морате да ја носите со себе и да ја приложите на денот на настанот.

Секој возач мора да има најмалку три (3) години непрекинато возачко искуство со важечка возачка дозвола без сериозна сообраќајна незгода или обвинителна пресуда во последните две (2) години. Или барем една (1) година непрекинато возачко искуство со важечка возачка дозвола без сериозна сообраќајна незгода или обвинителна пресуда за тоа време, ако возачот има 23 години или повеќе. Ниеден возач не смее да има повеќе од 6 негативни бодови на неговата дозвола (каде што се применува тоа) за да му се овозможи да учествува на какви било друмски активности за време на курсот. Морате да нè известите ако имате повеќе од 6 негативни бодови на вашата возачка дозвола.

Дали треба да имам одреден степен на физичка кондиција за да можам да учествувам?

За да учествувате во ова Experience возење треба да сте сигурен дека не знаете за какви било околности што ќе ве дисквалификуваат од возењето како што се хронични проблеми со грбот (или слични состојби), ментални состојби што можат да влијаат на вашата способност за возење, слаб вид што не ги исполнува стандардите за возење, бременост или проблеми со срцето.

Колку луѓе ќe има во едно возило?

Двајца гости ќе делат едно возило.

ПАТУВАЊЕ

Колку време ќе бидеме зад воланот?

Зад воланот ќе бидете до 4 часа во зависност од временските услови.

Ако патувам сам дали ќе имам свое возило?

Не. Како гостин што патува сам вие ќе бидете во пар со друг гостин во вашето возило, но ќе имате своја соба во хотелот за цело време.

Дали е дозволено деца да се придружат на програмата Патувачка авантура во Лапонија?

Програмата Патувачка авантура во Лапонија не е погодна за деца, од безбедносни причини и поради екстремните климатски услови на локацијата.

Која е максималната големина на групата на секое патување?

За да се обезбеди поексклузивно и поинтересно доживување, нашата цел е групата за програмата Патувачка авантура со Land Rover во Лапонија да биде до 10 гости (по двајца на возило).

Каков тип на кревети се на располагање?

Во сите соби нудиме брачни кревети. Единечни или двојни кревети не се достапни. Во понудата се следните соби во различните хотели.

Соби во хотелот Treehotel:

За експедиција по северната патека на располагање се следните соби: Birds Nest, UFO, Cabin, BlueCone, Dragonfly, 7th room

За експедиција по јужната патека на располагање се следните соби: Birds Nest, UFO, Cabin, 7th room, Dragonfly

Соби во хотелот Quality Hotel: Superior Double соби

Соби во хотелот ICEHOTEL®: Топла соба - Kaamos

Имате можност да го збогатите својот престој во хотелот ICEHOTEL® со промена на собата во ладна соба (дополнително се плаќа). Достапноста и трошоците за промената во ладна соба ќе се појаснат по барање.

Имајте на ум дека резервацијата на собите во хотелот Treehotel е врз основа на принципот кој прв ќе се јави, тој прв ќе биде услужен.

Дали ми треба виза?

За повеќето земји што не се членки на ЕУ се бара виза за патување во Шведска и ЕУ. Контактирајте го вашиот локален конзулат за да добиете подетални информации. Доколку треба да приложите покана за патување за да добиете виза, информирајте ја за тоа агенцијата Zum goldenen Hirschen X zerotwonine GmbH којашто ќе ви обезбеди таква покана. Со нив можете да контактирате на следниот начин:

E-пошта: jlriceacademy@zerotwonine.com или телефонски: +49 69 460 97 47 47 (09:00 – 18:00 (CET),

од понеделник до петок, со исклучок на локалните празници. Може да се придодадат трошоците од локалниот оператор).

Која валута се користи во Шведска?

Локалната валута е шведска круна (SEK).

Со кого можам да контактирам ако ми треба помош за резервирање летови или за патничко осигурување?

Zum goldenen Hirschen X zerotwonine GmbH, нашиот оперативен партнер, со задоволство ќе ви помогне околу резервациите за вашите летови и патничкото осигурување. Со нив можете да контактирате на следниот начин:

E-пошта: jlriceacademy@zerotwonine.com или телефонски: +49 69 460 97 47 47 (09:00 – 18:00 (CET),

од понеделник до петок, со исклучок на локалните празници. Може да се придодадат трошоците од локалниот оператор).

Дали ќе ми треба посебна облека?

Температурата на локацијата за возење може да падне до -30°C или пониско и затоа ве молиме да носите со вас соодветна топла, водонепропусна облека и обувки. Облеката не е обезбедена и затоа им препорачуваме на сите учесници да ги носат со себе следните делови од облека и обувки:

• Топла капа
• Топли ракавици
• Волнен шал
• Термо долна облека (со долги ракави / долги ногавици)
• Јакна со добра изолација
• Дополнителна лесна долна облека според потребата
• Робустни, удобни обувки (погодни за возење)
• Наочари за сонце

Дали има кодекс на облекување за вечерните часови?

Кодексот на облекување за вечерните часови налага лежерна облека.

Дали е дозволено да носам фото апарат или видео камера со мене?

Да, се разбира, но ве молиме да имате на ум дека не е дозволена употреба на дронови.

ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
Бидете секогаш во тек со новитетите за програмата Патувачка авантура
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Land Rover
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблиску до вас
Url
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете вашето совршено возило
Url