ПРОГРАМАТА ROCK CRAWL+

ИСКУСЕТЕ ЈА ВОЗБУДАТА ОД ТЕРЕНСКОTO ВОЗЕЊЕ ВО ПУСТИНА ДОДЕКА СТЕ ЗАД ВОЛАНОТ НА НАЈНОВИТЕ ВОЗИЛА НА LAND ROVER.

АВАНТУРАТА ROCK CRAWL+ ЧЕКА НА ВАС

Во пустината Моаб се наоѓаат некои од најтешките патеки за теренско возење во светот. Нашите експерти ќе го извлечат максимумот од вас и од автомобилот додека ги совладувате најпредизвикувачките патеки во оваа област.

ВАШИОТ АРАНЖМАН ЗА ПРОГРАМАТА ROCK CRAWL+
ДЕН 1
Пристигнување на Гранд Џанкшн (Grand Junction) аеродромот. Превоз до сместувачките капацитети на Red Cliffs Lodge каде што ќе престојувате во текот на програмата. За време на вечерата и потоа во барот ќе имате можност да се запознаете со останатите учесници во програмата.
ДЕН 2
По појадокот и краткиот состанок одите на вашата прва патека, на пример Poison Spider - патека што е опкружена со прекрасните пејсажи на Моаб и реката Колорадо.
ДЕН 3
Уште еден утрински краток состанок пред да одите да возите по неверојатната патека Seven Mile Rim. Долж патеката ќе минувате низ многубројните возбудливи гранитни лакови, еден од тие лакови е и Uranium Arch, и ќе можете да видите некои од најспектакуларните локалитети на овој терен.
ДЕН 4
По појадокот, ве чека уште една епска патека, Hell’s Revenge – патека што ќе ги тестира до максимум вашите способности за теренско возење.
ДЕН 5
Гостите што имаат повеќе време поради подоцнежните летови можат да се пријават за дополнителни активности, како на пр. планинарење или јавање коњи. Или, ако сакате специјален третман можете да закажете спортска масажа со релаксирање во топла бања.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ВАШИОТ ЕКСПЕРТСКИ ТИМ

Професионалци со многу големо искуство и посветени на работата. Не само што се посветени на тоа да го извлечат најдоброто од нашите возила, нашите инструктори умеат и да го пренесат своето знаење, јасно и детално, за да го извлечат најдоброто и од вас.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
СМЕСТУВАЊЕ ВО RED CLIFFS LODGE

Добре дојдовте во модерниот, рустикален комфор на Red Cliffs Lodge каде што секое утро и секоја вечер ќе се среќавате со погледот на реката Колорадо. Место во кое храната, виното и разговорот се само дел од програмата Experience. Тоа е ваше засолниште по предизвикувачкото возење на патеката. Тука ги споделувате најинтересните моменти од денот.

ВИНАРИЈА CASTLE CREEK

Red Cliffs Lodge е дом и на винаријата Castle Creek. Наградувана винарија со разновидно производство на бели и црвени вина од грозје што се одгледува во регионот на Моаб. Бесплатните сесии за дегустација на виното ви даваат можност да откриете како сме создале повеќе од 30 наградени вина.

ГОЛФ ТЕРЕН ВО МОАБ

Има ли подобар начин да се заврши денот што бил исполнет со тест возење по разните патеки од една партија голф. Моаб голф клубот е опкружен со легендарниот пејсаж од црвени карпи и нуди живописна можност да поработите на својот хендикеп. Изиграјте полна игра со 18 дупки или едноставно вежбајте го својот голф удар од полето за удар.

„ДОЖИВУВАЊЕ ШТО ГО МЕНУВА ЖИВОТОТ! ИЗВОНРЕДНО“.

ЛИНДА, САД

ПРОГРАМАТА СЕ ОДВИВА НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ

Контактирајте нѐ за подетални информации:
Телефон: +1 303 515 4839 (09:00 - 17:00 MDT (планински часовен појас во Северна Америка) од понеделник до петок. Може да се придодадат трошоците од локалниот оператор).
E-пошта: Контактирајте нѐ

НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА ЗА МОАБ
ОПШТО

Кој ги води патувањата?

Програмата Патувачка авантура со Land Rover Experience во Моаб ја води Alem International Inc., агенција којашто е лиценцирана и овластена од страна на Jaguar Land Rover. Кога ја правите резервацијата вие правите договор со Alem International Inc.



Кој вози?

Вие возите! Таму е присутен тим од инструктори на Land Rover Experience што ќе обезбеди стручни совети и обука, но зад воланот сте вие.



Која е минималната возраст за учество во програмата?

Минималната возраст за учество во програмата е 21 година



На кој јазик ќе се одвива програмата?

Програмата се одвива на англиски јазик.

ЦЕНА

Дали треба да купам дополнително осигурување за да можам да возам?

Не е потребно дополнително осигурување за возилото, но за гостите е задолжително да купат сеопфатна полиса за патничко осигурување.



Што е вклучено во цената на програмата Патувачка авантура со Land Rover во Моаб?

Во цената се вклучени - сите активности за возење со Land Rover, хотелско сместување, појадок, ручек и вечера, пијалаци со оброците и аеродромски превоз до/од Гранд Џанкшн (Grand Junction) аеродромот. Обрнете внимание дека поради обемното возење што е дел од програмата, алкохолните пијалаци ќе се служат само за време на вечерата и ќе бидат ограничени.



Што не е вклучено во цената за Experience возење?

Летови, оброци и пијалаци што не се специфицирани во програмата, трошоци за виза (ако е потребна), трошоци за патничко осигурување и какви било аранжмани пред или по патувањето што отстапуваат од аранжманот на програмата.

ВОЗЕЊЕ

Каков тип на возачка дозвола треба да имам?

Политиката на JLR диктира сите возачи мора да имаат важечка возачка дозвола и да ја приложите на денот на настанот.




Какви возила ќе возам?

Land Rover Discovery, Range Rover и Range Rover Sport. Одвреме-навреме можеби ќе треба да ги измениме или замениме специфицираните возила поради околности што се вон наша контрола и го задржуваме правото да го сториме тоа.



Дали се возилата со рачна или автоматска трансмисија?

Сите возила за оваа програма се со автоматска трансмисија.



Колку луѓе ќe има во едно возило?

Двајца (2) гости ќе делат едно возило.



Која е максималната големина на групата?

За да се обезбеди поексклузивно и поинтересно доживување, максималната големина на групата е 16 гости (по двајца на возило).



Ако патувам сам дали ќе имам свое возило?

Не. Како гостин што патува сам вие ќе бидете во пар со друг гостин во вашето возило, но ќе имате своја соба во хотелот за цело време.



Дали треба да имам одреден степен на физичка кондиција за да можам да учествувам?

За да учествувате во ова Experience возење треба да сте сигурен дека не знаете за какви било околности што ќе ве дисквалификуваат од возењето како што се хронични проблеми со грбот (или слични состојби), ментални состојби што можат да влијаат на вашата способност за возење, слаб вид што не ги исполнува стандардите за возење, бременост или проблеми со срцето. Ако земате лекови, уверете се дека сте понеле доволно со вас за да имате за цело време на вашето патување. Исто така, заедно со нас ќе биде и медицински персонал. Слободно известете нѐ за секоја здравствена состојба што може да ве загрижи.

ПАТУВАЊЕ

Какво е времето во тој период од годината?

Во октомври и ноември деновите се топли со температура до 20-25°С (70-80°F), а ноќите се ладни со температури од околу 4°С (40° F) па сѐ до нулата. Моаб (Moab) вообичаено има повеќе од 300 сончеви денови во годината.



Дали е дозволено деца да се придружат на програмата Патувачка авантура со Land Rover Experience?

Програмата Experience не е погодна за деца од безбедносни причини.



Дали ќе ми треба посебна облека?

Робустни и удобни обувки за пешачење, чорапи, наочари за сонце, лосион за сончање, капа, како и ветровка, јакна со добра изолација и маица со кратки ракави.




Дали има кодекс на облекување за вечерните часови?

Кодексот на облекување за вечерните часови налага лежерна облека.



Какви други активности се на располагање?

Ранчот нуди активности како што се јавање коњи, дегустација на вино, сплаварење, спортска масажа и други активности. Информирајте се дополнително на ранчот.



Дали ми треба виза?

Контактирајте го вашиот локален конзулат за да добиете подетални информации. Доколку треба да приложите покана за патување за да добиете виза, слободно контактирајте нѐ и ние ќе ви обезбедиме таква покана.



Која валута се користи во САД?

Локалната валута е САД долар (USD).



Дали е дозволено да носам фото апарат или видео камера со мене?

Да, се разбира. Со вас можете да носите и специјална опрема како што се акционите камери GoPro, но употребата на дронови нема да биде дозволена.

ПРОГРАМАТА ROCK CRAWL

Ова 4-дневно Еxperience возење нуди совршен вовед во теренското возење. Возбудливо возење по патеката што може да се доживее само кога сте зад воланот на најновите возила на Land Rover. Нашите експерти ќе ве тестираат вас и автомобилот додека минувате низ разни предизвикувачки предели.

ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
Бидете секогаш во тек со новитетите за програмата Патувачка авантура
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Land Rover
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблиску до вас
Url
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете вашето совршено возило
Url