ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА

    • TOUCH PRO

      Хардверот и софтверот од најновата генерација во системот Touch Pro го подигнуваат нивото на поврзливост и забава кај Discovery до крајни граници. Екранот на допир од 10” со висока резолуција кој е вграден во моделите HSE и HSE Luxury, овозможува брза, глатка и директна поврзливост и информирање.

    • CONNECT PRO
      CONNECT PRO

      Кога ќе изберете Touch Pro, имате опција да ги додадете услугите, технологиите и апликациите на Connect Pro коишто вам и на вашите сопатници ќе им го дадат највисокото ниво на поврзливост и удобност. Карактеристиката ги вклучува InControl Apps, Remote Premium и Pro Services, како и Wi-Fi Hotspot.

    • АУДИО
      АУДИО

      Можете да изберете помеѓу постоечките четири аудио системи. Системот на Land Rover се карактеризира со 6 звучници додека напредната верзија има 10 звучници. Ние склучивме партнерство и со MeridianTM, за да развие напредни системи за Discovery. Верзијата од 380W има 10 звучници а системот од 825W со опкружувачки звук има 14 звучници и сабвуфер.

    • ЗАБАВА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА
      ЗАБАВА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА

      Системот Забава на задните седишта се состои од поединечни екрани од 8” вградени во секој наслон за глава со крилца и е стандард кај моделот HSE Luxury, а кај другите модели се нуди како опција. Во овој систем се вклучени дигиталните безжични слушалки WhiteFire®1*, HDMI, Mobile Hi-Definition Link и USB приклучоците.

    • PRO SERVICES и WI-FI HOTSPOT
      PRO SERVICES и WI-FI HOTSPOT

      Како дел од Connect Pro, Pro Services содржи Wi-Fi Hotspot и бројни поврзани карактеристики за навигација кои вклучуваат сообраќајни информации во реално време, слободни паркинг места во живо заедно со нивната цена (каде што е достапно) и фотографски приказ на улиците. Со апликацијата за паметен телефон InControl Route Planner, можете одредиштата да ги испратите директно од вашиот телефон до автомобилот, а и откако ќе се паркирате можете да добиете насоки за движење пешки или со јавен превоз до вашето одредиште.

    • PROTECT
      PROTECT

      Со функцијата Protect, итните служби автоматски ќе добијат известување во случај да претрпите незгода, или пак можете рачно да ги повикате преку копчето во автомобилот. Исто така можете да го повикате операторот во службата Land Rover Optimised Assistance доколку имате потреба од техничка помош. Со пристап до Remote Essentials, може да го видите статусот на вашето возило и да изберете следење на патувањето за да го олесните планирањето на патните трошоци.

    АУДИО СИСТЕМ Meridian™

    Врвна резолуција, кристално чисти високи тонови и моќен, длабок бас - емитирани преку внимателно распоредените 10 звучници вклучувајќи го и двоканалниот сабвуфер.

    Истражете го Meridian™

    АУДИО СИСТЕМ Meridian™ СО ОПКРУЖУВАЧКИ ЗВУК

    Полниот и чист звук како да се работи за изведба во живо се добива преку распоредот на 14 те предни, странични и задни звучници, вклучувајќи го и двоканалниот сабвуфер - беспрекорно соединети со помош на технологијата Trifield™.

    ИСТРАЖЕТЕ ГО Meridian™

    ИНОВАЦИИ

    • МОТОРИТЕ INGENIUM
      МОТОРИТЕ INGENIUM

      Ingenium е наш тип на мотор дизајниран за беспрекорни перформанси, префинетост и ефикасност и го вклучува и бензинскиот мотор Si4 300PS Ingenium. Моќниот SD4 240PS Ingenium мотор дава идеална комбинација од перформанси и врвни карактеристики за возење при мал број на вртежи и е водечки во својата класа.

    • АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА СО 8 СТЕПЕНИ НА ПРЕНОС
      АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА СО 8 СТЕПЕНИ НА ПРЕНОС

      Сите бензински и дизел мотори кај Discovery се во пар со автоматската трансмисија со 8 степени на пренос на ZF со напредна електронска контрола, што беше конструирана од инженерите на Land Rover за да се комбинира глаткото менување на степени на пренос со исклучително брзата реакција. Со осум блиску поставени степени на пренос, нивната промена е скоро незабележителна.

    • LAND ROVER IGUIDE
      LAND ROVER IGUIDE

      Апликацијата Land Rover iGuide ја користи најновата технологија за проширена реалност за да ги објасни сите карактеристики и елементи за контрола на вашето возило што треба да ги знаете. Таа служи и како мобилен прирачник за сопственикот, обезбедувајќи дека секогаш при рака ќе го имате одговорот на кое било прашање.

    ПЕРФОРМАНСИ

    • ДРУМСКИ ПЕРФОРМАНСИ

      Discovery е дизајниран за да овозможи сигурно, комфорно и возбудливо возење со кое километрите незабележително изминуваат. Возвишениот квалитет на возење дополнително е засилен со електронското серво управување, додека контролата на кочење во свиоци помага да се одржува стабилноста при кочење во свиоци со прилагодување на притисокот што го прави возачот на кочниците.

    • ДИНАМИЧКА КОНТРОЛА НА СТАБИЛНОСТА

      Динамичката контрола на стабилноста (DSC) го набљудува динамичкото однесување на возилото и дејствува ако забележи дека возилото не реагира на командите на возачот. Овој систем помага Discovery да обезбеди поврзано, урамнотежено и стабилно возење. Нешто во што ќе уживате и при друмско и при теренско возење.

    • ПОТПИРАЊЕТО ИМА МАЛА ТЕЖИНА
      ПОТПИРАЊЕТО ИМА МАЛА ТЕЖИНА

      Конструирано главно од алуминиумски компоненти со мала тежина, концептот на потпирањето е целосно независен, со широка двојна вилушка напред и напреден систем од типот multi-link назад.

    • ЕФИКАСНИ ТЕХНОЛОГИИ
      ЕФИКАСНИ ТЕХНОЛОГИИ

      Discovery овозможува поголема ефикасност благодарејќи на иновациите како интелегентната технологија Stop/Start, примената на нашиот Ingenium мотор, употребата на материјали со мала тежина и унапредената аеродинамика. Возилата опремени со електронско воздушно потпирање имаат корист од спуштањето при определена брзина кога возилото автоматски се спушта за да се намали отпорот од воздухот при долго возење со постојана брзина.

    СПОСОБНОСТ

    • ALL TERRAIN PROGRESS CONTROL
      ALL TERRAIN PROGRESS CONTROL

      All Terrain Progress Control (ATPC) е најсовремен опционален систем што му овозможува на возачот да постави и да одржува постојана брзина во тешки услови. ATPC работи како систем за контрола на патната брзина и функционира на брзини помеѓу 2km/h и 30km/h, со што помага целата концентрација да се задржи на управувањето и пронаоѓањето на вистинската патека помеѓу пречките.

    • СИСТЕМ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ДЛАБОЧИНАТА НА ВОДАТА
      СИСТЕМ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ДЛАБОЧИНАТА НА ВОДАТА

      Со водечка во класата длабочина на минување низ вода од 900mm, опционалниот систем за препознавање на длабочината на водата може да се покаже како непроценлив. Единствено кај Land Rover, сензорите кои се поставени во ретровизоите на вратите му даваат на возачот, преку екранот на допир, сликовита информација во реално време за длабочината на водата во однос на возилото, како и за максималната способност за минување низ вода.

    • TERRAIN RESPONSE 2
      TERRAIN RESPONSE 2

      Нашите уникатни системи Terrain Response му овозможуваат на возачот да ги оптимизира системите за моторот, за менувачот, за централниот диференцијал и за шасијата на возилото за да ги исполнат барањата на теренот, со избирање на еден од лесно препознатливите режими за возење. Опционалниот систем Terrain Response 22 го унапредува ова со набљудување на условите за возење и со автоматско избирање на режимите за возење.

    • ТРАНСФЕР МЕНУВАЧ СО ДВА СТЕПЕНА НА ПРЕНОС

      Со дополнителна група од пониски степени на пренос, овој систем ви дава прецизна брзина и контрола во најтешките услови за возење. Срцето на трансфер менувачот со два степени на пренос е електронскиот централен диференцијал којшто нуди поделба на вртежниот момент од 50:50 помеѓу предните и задните оски со можност за превентивно блокирање на оските пред да дојде до провртување.3

    • ЕЛЕКТРОНСКО ВОЗДУШНО ПОТПИРАЊЕ
      ЕЛЕКТРОНСКО ВОЗДУШНО ПОТПИРАЊЕ

      Компетентното, сталожено возење се надополнува со најновиот систем на воздушно потпирање кој обезбедува исклучителна артикулација и урамнотеженост на тркалата. Способен да совлада тешки ситуации, системот го држи стабилен Discovery без оглед на тежината на теренот. За невиден квалитет на возењето, системот незабележително ги менува висините кога за тоа има потреба.

    • ВЛЕЧЕЊЕ

      Со капацитет за влечење до 3500kg4, способносите на Discovery значително се поголеми од способностите на останатите. Достапните карактеристики вклучуваат кука за влечење со електромоторно отворање, помош за закачување и товарење и систем за мерење на тежината врз куката што помага да го издигнете влечењето на ново ниво.

    СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

    • АВТОНОМНО ИТНО КОЧЕЊЕ
      АВТОНОМНО ИТНО КОЧЕЊЕ

      Системот за автономно итно кочење прикажува предупредување ако забележи потенцијален судар со возила на брзина помеѓу 5 и 80km/h, а со пешаци на брзина помеѓу 5 и 60km/h.

    • ПОМОШ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА
      ПОМОШ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА

      Системот Помош за задржување во коловозна лента забележува кога вашето возило ненамерно излегува од коловозната лента и врши корективно дејство со воланот со што ви укажува да го вратите вашиот Discovery назад во неговата коловозна лента.

    • ЕЛЕМЕНТИ ЗА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ НАНАПРЕД И НАНАЗАД
      ЕЛЕМЕНТИ ЗА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ НАНАПРЕД И НАНАЗАД

      Го прават маневрирањето поедноставно. За да ви помогне да се паркирате безбедно во тесен простор, системот од камери ги прикажува на екранот на допир погледите пред и зад возилото и издава звучни и визуелни предупредувања.

    • КАМЕРА ЗА ПОГЛЕД НАНАЗАД
      КАМЕРА ЗА ПОГЛЕД НАНАЗАД

      Обезбедува подобра видливост кога се движите наназад. На екранот на допир се појавуваат линии што го претставуваат Discovery и вашата предвидена патека за да ви помогнат при паркирањето или кога закачувате приколка за возилото.

    • КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА И ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА
      КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА И ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА

      Системот Контрола на патната брзина со Ограничувач на брзината5 ја одржува тековната брзина без да има потреба за постојана употреба на педалот за гас, со што се грижи да се намали заморот на возачот. Исто така, овој систем ви овозможува претходно да ја поставите максималната брзина.

    ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ

    Изберете некој од понудените пакети за да го збогатите вашето доживување при возењето.

    • ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
      ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

      Системот Помош при паркирање ќе ви помогне во управувањето со вашиот Discovery кога влегувате и излегувате од паркинг место при паралелно и при паркирање под прав агол. За поедноставно маневрирање при паркирањето ќе се погрижат графиките и известувањата.

    • 360° ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
      360° ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

      Системот 360° Помош при паркирање ви дава целосна доверба при маневрирање во тесен простор. Овој систем обезбедува звучна и визуелна повратна информација за тоа колку сте блиску до пречките во текот на паркирањето.

    • НАБЉУДУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ЗАД ВАС
      НАБЉУДУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ЗАД ВАС

      При òд наназад кога излегувате од паркинг место, системот Набљудување на сообраќајот зад вас ќе ве предупреди за возила, пешаци или други опасности што приоѓаат до вашето возило, дури и кога погледот ви е попречен.

    • НАБЉУДУВАЊЕ ЗА СЛОБОДЕН ИЗЛЕЗ
      НАБЉУДУВАЊЕ ЗА СЛОБОДЕН ИЗЛЕЗ

      Овој систем се грижи за безбедноста на патниците што излегуваат од Discovery. Тоа го прави со предупредувања за опасности што приоѓаат, како што се возила и велосипедисти што минуваат крај возилото.

    • ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНА БРЗИНА (ACC) СО ФУНКЦИЈАТА ТРГНИ - ЗАСТАНИ
      ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНА БРЗИНА (ACC) СО ФУНКЦИЈАТА ТРГНИ - ЗАСТАНИ

      Системот Прилагодлива контрола на патна брзина со функцијата Тргни - Застани ќе го држи Discovery на безбедно растојание до возилото пред него ако тоа ја намалува брзината или ако застане кога патувате или сте во сообраќај што се движи со мала брзина. Доколку возилото пред вас застане во место и вие полека ќе застанете во место и ќе продолжите од место.

    • ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА
      ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА

      Системот Итно кочење при голема брзина забележува кога може да дојде до потенцијален челен судар со друго возило и прикажува предупредување за возачот да кочи. Ако возачот не реагира, возилото автоматски ќе го активира кочењето за да се намали силината на можниот удар.

    • ПОМОШ ЗА МРТОВ АГОЛ
      ПОМОШ ЗА МРТОВ АГОЛ

      Ако Discovery забележи друго возило што е во или што приоѓа до вашиот мртов агол кога менувате коловозна лента, тогаш во соодветниот надворешен ретровизор ќе се вклучи мало предупредувачко светло. Исто така, движењeто на воланот ќе ви укаже дека вашиот Discovery треба да го оддалечите од возилото што приоѓа.

    • ПРЕПОЗНАВАЊЕ СООБРАЌАЕН ЗНАК СО ПРИЛАГОДЛИВ ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА
      ПРЕПОЗНАВАЊЕ СООБРАЌАЕН ЗНАК СО ПРИЛАГОДЛИВ ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА

      Системот Препознавање сообраќаен знак ве информира и ве известува на патот, со прикажување на знаците за ограничена брзина и за забрането претекнување во групата инструменти, кадешто можете лесно да ги забележите.

    • ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНА БРЗИНА (ACC) СО ПОМОШ ЗА УПРАВУВАЊЕ
      ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНА БРЗИНА (ACC) СО ПОМОШ ЗА УПРАВУВАЊЕ

      Работи со вас за да ги направи возењето по автопат и ситуациите со густ сообраќај поедноставни и покомфорни. Системот Прилагодлива контрола на патна брзина со Помош за управување активно го води возилото во средина на коловозната лента, а истовремено го одржува поставеното растојание од возилата пред вас.

    • 360° СИСТЕМ ОД КАМЕРИ ЗА ОПКРУЖУВАЧКА СЛИКА
      360° СИСТЕМ ОД КАМЕРИ ЗА ОПКРУЖУВАЧКА СЛИКА

      Овој систем користи четири дигитални камери дискретно поставени околу возилото за да обезбеди поглед од горе што се прикажува на екранот на допир на Discovery. Достапни се многустрани погледи за да ви помогнат при разни маневрирања.

    • ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
      ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

      Системот Помош при паркирање ќе ви помогне во управувањето со вашиот Discovery кога влегувате и излегувате од паркинг место при паралелно и при паркирање под прав агол. За поедноставно маневрирање при паркирањето ќе се погрижат графиките и известувањата.

    • 360° ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
      360° ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

      Системот 360° Помош при паркирање ви дава целосна доверба при маневрирање во тесен простор. Овој систем обезбедува звучна и визуелна повратна информација за тоа колку сте блиску до пречките во текот на паркирањето.

    • НАБЉУДУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ЗАД ВАС
      НАБЉУДУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ЗАД ВАС

      При òд наназад кога излегувате од паркинг место, системот Набљудување на сообраќајот зад вас ќе ве предупреди за возила, пешаци или други опасности што приоѓаат до вашето возило, дури и кога погледот ви е попречен.

    • НАБЉУДУВАЊЕ ЗА СЛОБОДЕН ИЗЛЕЗ
      НАБЉУДУВАЊЕ ЗА СЛОБОДЕН ИЗЛЕЗ

      Овој систем се грижи за безбедноста на патниците што излегуваат од Discovery. Тоа го прави со предупредувања за опасности што приоѓаат, како што се возила и велосипедисти што минуваат крај возилото.

    • ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА
      ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА

      Системот Итно кочење при голема брзина забележува кога може да дојде до потенцијален челен судар со друго возило и прикажува предупредување за возачот да кочи. Ако возачот не реагира, возилото автоматски ќе го активира кочењето за да се намали силината на можниот удар.

    • ПОМОШ ЗА МРТОВ АГОЛ
      ПОМОШ ЗА МРТОВ АГОЛ

      Ако Discovery забележи друго возило што е во или што приоѓа до вашиот мртов агол кога менувате коловозна лента, тогаш во соодветниот надворешен ретровизор ќе се вклучи мало предупредувачко светло. Исто така, движењeто на воланот ќе ви укаже дека вашиот Discovery треба да го оддалечите од возилото што приоѓа.

    • ПРЕПОЗНАВАЊЕ СООБРАЌАЕН ЗНАК СО ПРИЛАГОДЛИВ ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА
      ПРЕПОЗНАВАЊЕ СООБРАЌАЕН ЗНАК СО ПРИЛАГОДЛИВ ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА

      Системот Препознавање сообраќаен знак ве информира и ве известува на патот, со прикажување на знаците за ограничена брзина и за забрането претекнување во групата инструменти, кадешто можете лесно да ги забележите.

    КОМФОР И УДОБНОСТ

    • КЛУЧ ЗА АКТИВИРАЊЕ

      Клучот за активирање е опционална дополнителна опрема што го прави живеењето на животот со полни гради уште полесно. За дополнителна погодност, можете да го носите клучот за активирање и да го употребите за да го заклучите или отклучите вашиот Land Rover ако претпочитате да не ја носите клуч картичката со вас. Алката е робусна и потполно водоотпорна, дозволувајќи ви да уживате во многубројни активности.

    • ИНТЕЛЕГЕНТНО СОБОРУВАЊЕ НА СЕДИШТЕТО

      Discovery има опционален трет ред на седишта со системот Интелегентно соборување на седиштето, што ви овозможува да ги конфигурирате вториот и третиот ред на седишта со помош на прекинувачи кои се наоѓаат во багжниот простор, преку главниот екран на допир или преку вашиот паметен телефон со нашата апликација Remote.

    • ГРЕЕЊЕ НА СЕДИШТАТА
      ГРЕЕЊЕ НА СЕДИШТАТА

      Можете да уживате во комфорното возење преку целата година со опцијата за греење на седиштата низ сите три реда и со греење и ладење на седиштата од првиот и од вториот ред. Во зависност од изборот на моделот, и возачот и совозачот можат независно да ја постават нивната посакувана температура преку екранот на допир.

    • КРАЈНА ВРАТА СО ЕЛЕКТРОМОТОРЕН ПОГОН АКТИВИРАНА СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА
      КРАЈНА ВРАТА СО ЕЛЕКТРОМОТОРЕН ПОГОН АКТИВИРАНА СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА

      Крајната врата со електромоторен погон активирана со гестикулација6 е карактеристика која ви овозможува да ракувате со крајната врата „без раце“ надвор од возилото без да има потреба физички да го допрете возилото или паметниот клуч. Кога е забележан паметниот клуч, тогаш со крајната врата може да се ракува со помош на движење на ногата под сензорите од двете страни на крајната врата. На располагање е и внатрешна крајна врата со електромоторен погон, која служи како платформа за седење или товарење, или кога е исправена служи за задржување на багажот.