Информации и забава

    • АУДИО СИСТЕМ Meridian™ СО ОПКРУЖУВАЧКИ ЗВУК
      АУДИО СИСТЕМ Meridian™ СО ОПКРУЖУВАЧКИ ЗВУК

      Land Rover склучи партнерство со Meridian, светски лидер за аудио технолигии со високи перформанси и дигитална обработка на звукот, за да развие напредни аудио системи за Discovery Sport. Опционалниот аудио систем на Meridian од 825W со опкружувачки звук има 16 звучници и двоканален сабвуфер, и дава кристално чисти високи тонови и богат, длабок бас насекаде низ кабината. Ја слушате вашата музика онака како што вие сакате.

      Истражете го Meridian
    • CONNECT И CONNECT PRO
      CONNECT И CONNECT PRO

      Овие дополнителни пакети ја подигнуваат поврзливоста на вашето возило на уште повисоко ниво. InControl Apps го унапредува вашето доживување во автомобилот преку апликациите коишто се компатибилни за паметен телефон вклучувајќи ја и Spotify - што ви донесува повеќе од 30 милиони песни. Екранот на допир ви овозможува да го набљудувате и да комуницирате со вашиот Discovery Sport. Со функциите Wi‑Fi Hotspot и Pro Services останувате поврзан со надворешниот свет, со што вашиот живот го прават полесен.

    • PROTECT
      PROTECT

      Вашиот паметен телефон служи како портал за да ве поврзе со вашиот Land Rover со помош на Protect. Можете далечински да го проверите нивото на гориво во резервоарот, да го најдете вашето возило на преполн паркинг, да ги сочувувате вашите патувања, па дури и да проверите дали не сте оставиле отворен прозорец. Тука спаѓа и системот Optimised Land Rover Assistance, кој при неверојатен случај на дефект, може да испрати дијагностички информации и информации за локацијата до вашата компанија за оспособување возила. При сериозен инцидент, функцијата SOS Emergency Call ги известува службите за итен случај за вашата локација.

    • SECURE TRACKER
      SECURE TRACKER

      Ако некој насилно влезе во вашето возило или ако се обиде нелегално да го придвижи, се вклучува Secure Tracker кога е активиран Protect. Системот ве предупредува и го следи возилото сѐ додека неговата локација не е точно обележена за пронаоѓање од страна на односните власти. Дури и ако возилото е украдено со вашите клучеви, можете да го известите повикувачкиот центар за следење со помош на апликацијата на Remote.

    • TOUCH И TOUCH PRO
      TOUCH И TOUCH PRO

      InControl е наш пакет од напредни технологии кој ги одржува вашите дигитални врски и незабележително и сигурно ве поврзува вас и вашето возило каде и да сте. Овие системи може да се надградат преку нивните односни пакети за поврзливост: Connect и Connect Pro.

    • ЗАБАВА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА
      ЗАБАВА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА

      Патниците во задниот дел на возилото, можат индивидуално да уживаат во забавата со двата екрани од 8” вградени во предните наслони за глава. Со пар дигитални слушалки на WhiteFire®, една USB порта во вториот ред и специјално наменет далечински управувач, тие може да изберат филм, музика, игри или дури и телевизија.

    Иновации

    • МОТОРИТЕ INGENIUM
      МОТОРИТЕ INGENIUM

      Со поспортски перформанси и поекономичен, 4-цилиндричниот 2.0-литарски Si4 бензински мотор развива моќност од 240PS или 290PS за да обезбеди максимална ефикасност и перформанси, а минимална потрошувачка на гориво со помош на системот за постојано променлив òд на вентилите во комбинација со брегасти вратила со променлива фаза. Достапни се и дизел опциите вклучувајќи ги моторите 150PS, 180PS и 240PS.

    • ПОТПИРАЊЕТО ИМА МАЛА ТЕЖИНА
      ПОТПИРАЊЕТО ИМА МАЛА ТЕЖИНА

      Конструирано од алуминиум и челик со мала тежина, напредната хидраулична технологија против отскок на столбот на потпирањето ја намалува бучавата којашто навлегува во кабината по удар. Системот осигурува и дека нерамните површини се скоро израмнети за да се добие постабилно возење.

    Перформанси

    • ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА
      ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

      Системот Прилагодлива динамика обезбедува оптимална рамнотежа помеѓу возење и контрола. Тоа го прави со набљудување на движењата на возилото најмалку 1000 пати во секунда и ги прилагодува поставките на амортизерите помеѓу меки и тврди поставки како што диктираат вашите команди или патот. Ова се случува скоро моментално за да се минимизира навалувањето на каросеријата, да се добие поголема контрола и да се осигура стабилно, рамно возење. Системот ги чувствува дури и теренските услови и соодветно на нив ги оптимизира амортизерите.

    • НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ ПРЕКУ КОЧЕЊЕ
      НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ ПРЕКУ КОЧЕЊЕ

      Овој систем ја унапредува агилноста и стабилноста на возилото во свиоците. Тој постојано ја набљудува и ја урамнотежува распределбата на вртежниот момент помеѓу сите тркала за да ги подобри зафатот на тркалата со подлогата и управувањето, и во друмски и во теренски услови. Системот исто така може да го зголеми степенот на вртење и да го намали подуправувањето со активирање на кочницата на внатрешното задно тркало, насочувајќи повеќе вртежен момент кон надворешното тркало, со што ја помага стабилноста.

    • РЕЖИМОТ ECO
      РЕЖИМОТ ECO

      Кога е активирана, оваа стандардна карактеристика им дава предност на најефикасните поставки за возилото вклучувајќи ги поставките за автоматската трансмисија, за системот за активен погон, греењето и климатизацијата, со цел да се минимизира потрошувачката на гориво и емисијата на CO2. Функцијата ECO податоци му ги обезбедува на возачот релевантните информации преку екранот на допир така што може да се прифатат навики за поекономично возење.

    • АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА СО 9 СТЕПЕНИ НА ПРЕНОС
      АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА СО 9 СТЕПЕНИ НА ПРЕНОС

      Компактната автоматска трансмисија, со мала тежина, со 9 степени на пренос обезбедува оптимална потрошувачка на гориво и емисија на CO2, како и поголема контрола во условите со помал зафат на тркалата со подлогата. Или пак кога влечете товар во специјално дизајнираниот многу низок прв степен на пренос. Трансмисијата е многу робустна и извонредно ги надополнува способностите на возилото за движење по секаков терен додека истовремено нуди примерно ниво на префинетост и ефикасност.

    Способност

    • TERRAIN RESPONSE
      TERRAIN RESPONSE

      Системот Terrain Response ја издига способноста на нова височина. Ги оптимизира системите на моторот, на трансмисијата, на диференцијалите и системот на шасијата на возилото за да ги максимизира возењето, комфорот и тракцијата без оглед на тоа по каков терен се движи возилото. Само изберете го режимот којшто одговара на условите: Општо возење, Трева/Чакал/Снег, Кал/Бразди и режимот Песок. Возилото секогаш дава доверливо и сигурно возење.

    • СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА НА ПОСТЕПЕНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КОЧНИЦИТЕ
      СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА НА ПОСТЕПЕНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КОЧНИЦИТЕ

      Слично на системот за помош при тргнување на нагорнина, овој систем спречува возилото да не забрза многу нагло. Ако возилото застане и тргне на наклон, системот ја држи кочницата пред да почне постепено да ја ослободува како што тргнувате.

    • КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКОВ ТЕРЕН (ATPC)
      КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКОВ ТЕРЕН (ATPC)

      Системот Контрола на движењето по секаков терен (ATPC) функционира на многу мали брзини, помеѓу 1,8km/h и 30km/h, и му помага на возачот да одржува стабилна брзина во тешки услови така што може да се концентрира на управувањето и пронаоѓањето вистинска патека помеѓу пречките. Исто така ви овозможува глатко и рамномерно тргнување, дури и на површини со мал коефициент на триење, како што се мраз, снег или мокра трева.

    • АКТИВЕН ПОГОН
      АКТИВЕН ПОГОН

      Опционален со моторот Si4 290PS (стандарден со моторите SD4 240PS), овој систем може да се покаже како непроценлив и во друмски и во теренски ситуации. Во многу услови на друмско возење, системот може да го исклучи погонот на задните тркала, со што ќе ја намали потрошувачката на гориво. Ако се промени подлогата или ако нагло забрзате, системот повторно ќе се вклучи во рок од 300 милисекунди. Посебен приказ на екранот на допир ве осигурува дека секогаш сте под контрола.

    • КОНТРОЛА НА СПУШТАЊЕ ПО НАДОЛНИНА (HDC)
      КОНТРОЛА НА СПУШТАЊЕ ПО НАДОЛНИНА (HDC)

      Системот Контрола на спуштање по надолнина (HDC) кој е патентиран од страна на Land Rover е стандардна опрема кај сите возила со погон на сите тркала (AWD). Му помага на возачот при контролирано спуштање по стрмен терен преку одржување на константна брзина и активирање на кочниците независно на секое тркало. Системот работи автоматски за да го забави возилото и да ја одржува брзината во однос на избраниот степен на пренос и положбата на педалот за гас.

    • СИСТЕМ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ДЛАБОЧИНА НА ВОДАТА
      СИСТЕМ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ДЛАБОЧИНА НА ВОДАТА

      Чувствувјате се посигурно при минување преку воден тек, плитак или ако совладувате надојдена вода. Системот ја мери длабочината на водата со помош на сензорите поставени на долната страна на ретровизорите на вратите и обезбедува информации во реално време во однос на возилото. Овие податоци и максималната способност за минување низ вода се прикажуваат на екранот на допир, и ви даваат до знаење како да се однесувате соодветно на ситуацијата.

    Системи за помош на возачот

    • ПОМОШ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА И НАДЗОР НА СОСТОЈБАТА НА ВОЗАЧОТ
      ПОМОШ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА И НАДЗОР НА СОСТОЈБАТА НА ВОЗАЧОТ

      Системот Помош за задржување во коловозна лента забележува ако ненамерно излегувате од коловозната лента и врши корективно дејство со воланот со што ви укажува да го вратите вашиот Discovery Sport назад во неговата коловозна лента. Системот Надзор на состојбата на возачот ви дава предупредување да направите пауза ако забележи дека сте почнале да се чувствувате поспан.

    • ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНА БРЗИНА СО СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ ВО КОЛОНА
      ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНА БРЗИНА СО СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ ВО КОЛОНА

      Кога се движите со постојана брзина на автопат или кога возите во сообраќај кој бавно се движи, овој систем ќе го држи вашето возило на безбедно растојание од возилото пред вас ако тоа забави или ако застане. Откако сообраќајот ќе почне да се движи, едноставно допрете го педалот за гас и системот Прилагодлива контрола на патна брзина ќе продолжи да го следи автомобилот што е пред него. Системот работи од 16km/h па до брзини за на автопат.

    • АВТОНОМНО ИТНО КОЧЕЊЕ
      АВТОНОМНО ИТНО КОЧЕЊЕ

      Ако се забележи потенцијален судар, тогаш овој систем прикажува предупредување за челен судар, давајќи ви време да дејствувате. Ако не реагирате, тогаш системот ќе ги активира кочниците за да ја намали тежината на можниот судар.

    • СИСТЕМ ЗА НАБЉУДУВАЊЕ НА МРТВИОТ АГОЛ СО ЗАБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ КОЈШТО ПРИОАЃА ОДЗАДИ
      СИСТЕМ ЗА НАБЉУДУВАЊЕ НА МРТВИОТ АГОЛ СО ЗАБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ КОЈШТО ПРИОАЃА ОДЗАДИ

      Оваа технологија ве предупредува за возилата кои се во, или кои брзо приоѓаат до вашиот мртов агол. Тоа го прави со помош на мала предупредувачка светилка во односниот ретровизор на вратата. Системот за забележување на сообраќајот што приоѓа одзади ве предупредува за опасно приоѓање од која било страна на вашето возило преку звучно и преку визуелно предупредување. На тој начин знаете што се случува зад вас дури и кога погледот ви е попречен.

    • ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
      ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

      Нашиот систем Помош при паркирање ги прави едноставни паралелното и паркирањето под прав агол преку управување на вашето возило во погодниот простор. Само изберете го соодветниот степен на пренос и контролирајте ја вашата брзина со помош на педалите за кочница и за гас. Овој систем и ќе ве изнесе од просторот, со полесно маневрирање. Вашето движење е потпомогнато со графиките и известувањата.

    • СИСТЕМ ОД КАМЕРИ ЗА ОПКРУЖУВАЧКА СЛИКА ОД 360°
      СИСТЕМ ОД КАМЕРИ ЗА ОПКРУЖУВАЧКА СЛИКА ОД 360°

      Со тоа што обезбедуваат поглед од 360° околу возилото, камерите на овој систем ви помагаат при разни маневрирања; од паркирање крај рабник и влегување во и излегување од тесен простор, до влечење. Можете и да го зумирате и да го поместувате погледот за да ги видите предметите што може да бидат под вашето видно поле и да можете да возите соодветно на тоа; односните информации се појавуваат на екранот на допир.

    Комфор и удобност

    • ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ НА ПРЕДНИТЕ СЕДИШТА
      ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ НА ПРЕДНИТЕ СЕДИШТА

      Во лето или во зима, греењето и ладењето на предните седишта обезбедува дека секој ужива во својата избрана температура. Климатизираниот воздух циркулира преку вентилатор низ каналите во перничето на седиштето, со што ја грее или ја лади површината. Секое седиште може индивидуално да се прилагодува.

    • HEAD-UP ДИСПЛЕЈ
      HEAD-UP ДИСПЛЕЈ

      На ветробранското стакло ги прикажува главните податоци за возилото како што се вашата брзина, степенот на пренос и насоките од навигацијата. Оваа карактеристика може да биде вклучена или исклучена во зависност од вашите потреби. Достапно како опција како дел од пакетот Head-up Display.

    • КЛИМА УРЕД
      КЛИМА УРЕД

      Овој систем има сензор за воздух којшто ја набљудува влажноста, нивото на смог и екстремите во временските услови; отворите за вентилација поставени низ целото возило ви овозможуваат соодветно да ја прилагодите температурата во внатрешноста. Каде и да седат вашите сопатници, тие секогаш може да се чувствуваат комфорно.

    • HOMELINK®
      HOMELINK®

      Модернизирајте го вашиот живот со системот HomeLink®. Овој универзален трансмитер може да се програмира да работи со три домашни или деловни безжично контролирани системи како што се гаражни врати, порти или осветлување. Изгубените далечински управувачи повеќе не се проблем.