Дизајн

    Технологија

    • ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
      ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА

      Вашиот паметен телефон и вашето возило можат да ви обезбедат мноштво информации и да ви понудат забава. Со системот за навигација Navigation Pro на 10”-ниот екран на допир и опционалната функција Двоен поглед можете да го прикажувате патот пред вас додека вашиот совозач гледа DVD. InControl Apps се грижи за беспрекорната врска на вашиот паметен телефон со системот и ви овозможува да ги контролирте компатибилните апликации преку екранот на допир, додека аудио системот на Meridian™ ја исполнува кабината со вашата музика.

    • ИНОВАЦИИ
      ИНОВАЦИИ

      Со поспортски перформанси, 4-цилиндричниот 2.0-литарски Si4 бензински мотор развива моќност од 240PS или 290PS за да обезбеди максимална ефикасност и перформанси, а минимална потрошувачка на гориво со помош на системот за постојано променлив òд на вентилите во комбинација со брегасти вратила со променлива фаза. Достапни се и дизел опциите вклучувајќи ги моторите 150PS, 180PS и 240PS.

    • ДРУМСКИ ПЕРФОРМАНСИ
      ДРУМСКИ ПЕРФОРМАНСИ

      Кај друмското возење, технологиите на Land Rover како што се Прилагодлива контрола на патна брзина, за порелаксирано возење на долги релации, Прилагодлива динамика, којашто обезбедува оптимална рамнотежа помеѓу возењето и контролата, и Активен погон со Насочување на вртежниот момент, за глатко, контролирано движење низ свиоците, придонесуваат за префинето и мирно возење.

    • СПОСОБНОСТ ЗА ТЕРЕНСКО ВОЗЕЊЕ
      СПОСОБНОСТ ЗА ТЕРЕНСКО ВОЗЕЊЕ

      Вашето возило ви нуди способности што се водечки во индустријата. Тоа го постигнува со помош на технологиите како што се Контрола на движењето по секаков терен (ATPC) - ви овозможува да поставите постојана брзина во предизвикувачки услови; Terrain Response - го прилагодува возењето според подлогата и Контрола на спуштање по надолнина (HDC) - безбедно ќе ве спушта по стрмни надолнини.

    • СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
      СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

      Со помош на системот Набљудување на мртвиот агол којшто ве предупредува за возилата што ви приоѓаат од која било страна, пакетот технологии Помош при паркирање којшто го прави паркирањето едноставно, и Предупредувањето за ограничување на брзината што ви помага побрзо да реагирате на ограничувањата, системите за помош на возачот ве ослободуваат од останатите грижи за да се концентрирате на возењето.

    • КОМФОР И УДОБНОСТ
      КОМФОР И УДОБНОСТ

      Со најсовремените системи за греење и ладење со чија помош секој еден во возилото се чувствува комфорно без оглед на временските прилики и со мноштвото од технологии за ракување со гестикулација или без помош на клучот, возилата на Land Rover ви создаваат комфорен простор во којшто можете да уживате.

    Комфор и удобност

    Способност

    Тестиран до екстреми

    • ПОБУДУВАЧИ
      ПОБУДУВАЧИ

      Во „неутралниот звук“ на нашата полуглува комора прецизно ја изложивме кабината на најразлични фреквенции и вибрации, како би биле сигурни дека Discovery Sport звучи префинето при секоја брзина и на секаков терен.

    • БРЗИНА НА ВЕТЕРОТ
      БРЗИНА НА ВЕТЕРОТ

      Во нашите климатски комори можеме да симулираме некои од најпредизвикувачките ветришта со кои Discovery Sport ќе се соочи. Не само ветришта од снежна бура со брзина од 240km/h, туку и ситуации со високи амбиентални температури и мали воздушни струења. Вистинската доверливост ќе ја развиеме само ако ги тестираме сите системи до нивните крајни граници.

    • ТЕМПЕРАТУРИ ПОД НУЛАТА
      ТЕМПЕРАТУРИ ПОД НУЛАТА

      Во реални услови и во нашите климатски комори, ги замрзнуваме возилата до -40°C и ги грееме до 50°C. Потоа, главните функции и системи се испитуваат според нашите ригорозни стандарди. Затоа, комфорот и спокојството никогаш не се далеку, дури и на најоддалечените локации.

    • ТЕРЕНСКО ВОЗЕЊЕ
      ТЕРЕНСКО ВОЗЕЊЕ

      Од замрзнатиот терен во Арјеплог, Шведска, до безмилосните пустински песоци на Дубаи, гарантираме дека нашите легендарни перформанси за секаков терен се вродени во секое возило. Прототиповите ги развиваме низ приближно 8500km, преку најтешките теренски патеки.

    Перформанси

    ОДРЖЛИВОСТ


    Посветеноста на Land Rover кон одржливост се манифестира преку неговите тековни модели на возила, за коишто употребува мноштво иновативни и ефикасни технологии.

    НАПРЕДНИ МАТЕРИЈАЛИ СО МАЛА ТЕЖИНА

    НАПРЕДНИ МАТЕРИЈАЛИ СО МАЛА ТЕЖИНА


    Панелите и компонентите со мала тежина кај Discovery Sport комбинирани со напредните технологии за конструкцијата не само што нудат исклучителна јакост и префинето возење туку исто така придонесуваат за зголемената ефикасност низ целиот спектар на мотори.


    РЕЖИМ ECO

    РЕЖИМ ECO


    Оваа стандардна карактеристика, кога е активирана, им дава предност на најефикасните поставки за возилото вклучувајќи ги поставките за автоматската трансмисија, за системот за активен погон и на функциите за комфор како греење и климатизација, со цел да се минимизира потрошувачката на гориво и емисијата на CO2.


    ОПТИМИЗИРАНА АЕРОДИНАМИКА

    ОПТИМИЗИРАНА АЕРОДИНАМИКА


    Со својот поефикасен профил, Discovery Sport е едно од најаеродинамичните возила на Land Rover. За оптимизирана аеродинамика на располагање е уникатно 18"-но тркало од легура.


    ПРОЦЕНКА НА ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС

    ПРОЦЕНКА НА ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС


    Discovery Sport е дизајниран со пристап кон животниот циклус, со цел да го минимизира влијанието врз животната средина земајќи го во предвид целиот животен циклус на возилото. Од производството, преку искористувањето од страна на клиентот до рециклирањето на крајот од работниот век, секој елемент од животниот циклус беше анализиран имајќи на ум помала потрошувачка на природните ресурси, употреба на поодржливи материјали и создавањето минимален отпад.