ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ

    Опции за надворешноста

    ПАНОРАМСКИ ПОКРИВ


    Опционалниот целосно стаклен фиксен или панорамски покрив4 со отворање го нагласува чувството за простор во кабината и ја полни со природна светлина, од што корист имаат сите три реда на седишта (кај возила со таква спецификација). Закaленото стакло е затемнето за да се одржува пријатна температура во кабината.

    ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА

    ОПЦИИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА

    • РАЗНОВИДНА ВНАТРЕШНОСТ
      РАЗНОВИДНА ВНАТРЕШНОСТ

      Опционалните седум седишта во целосна големина кај Discovery се вистински пример за комфор и разновидност . Моделите HSE и HSE Luxury ја имаат и опцијата Интелeгентно соборување на седиште која може да ја конфигурирате со помош на прекинувачите во багажниот простор, преку главниот екран на допир или со помош на апликацијата InControl Remote за паметен телефон. На тој начин со изборот на неколку остроумни решенија можете да го зголемите просторот за багаж во внатрешноста.

    • НОВА ДЕФИНИЦИЈА ЗА ПРОСТОР
      НОВА ДЕФИНИЦИЈА ЗА ПРОСТОР

      Око за детали. Најфини материјали. Кај седиштата можете да избирате помеѓу зрнеста кожа или Windsor кожа и опционалните завршни детали вклучувајќи ги деталите од полиран алуминиум Brushed Linear Aluminium, како и дрвените фурнири во нијансите Natural Shadow Oak, Natural Charcoal Oak и High Gloss Charcoal Oak. Што и да изберете, несомнено е дека вашето возило ќе го направите уште попрепознатливо и поиндивидуално.

    • КЛИМА УРЕД
      КЛИМА УРЕД

      За да се обезбеди идеална темература во кабината, без оглед на временските прилики, Discovery се карактеризира со клима уред со висока ефикасност кој е достапен во конфигурација за две, три или четири зони. Плод на неверојатно ригорозната развојна програма, системот беше тестиран во реални услови, на температури од -40 до +50°C.

    ОПРЕМА НА LAND ROVER - ДОДАТОЦИ

    • СИСТЕМ CLICK AND GO

      Системот Click and Go е повеќенаменски дополнителен систем на задниот дел од наслонот на седиштето за патниците од вториот ред. Се вградува помеѓу држачите на наслонот за глава и може да се додадат дополнителни приклучоци кои ќе ги држат вашите таблети, торбички, кошули и јакни. Системот може лесно да се отстрани кога не се користи.

    • ПАКЕТ PET
      ПАКЕТ PET

      Вашите миленичиња се сместени на комфорно, мирно и безбедно место. Преградата по цела висина го чува просторот за патниците за вас, додека изборот помеѓу водонепропусно плитко корито и издржлива гумена простирка го штити багажниот простор во вашето возило.

    • ПОЛНЕЊЕ НА ТЕЛЕФОН

      Пристанот за поврзување и полнење на iPhone®6 и уредот, во форма на држач за чаша, за безжично полнење не телефон7 го користат држачот за чаши во централната конзола за да се има преглед на телефонот додека тој се полни.

    • БАГАЖНИК ЗА ПОКРИВОТ

      Ексклузивно дизајниран во алуминиум сребрена боја со детали во контрастно црна боја, овој брендиран од Land Rover носач на багаж, со носивост од 61kg, доаѓа во пакет со интегрираните странични конзоли заради поголемата сигурност. За овој практичен додаток потребни се кровни шини и напречни носачи.