25 ГОДИНИ СО DISCOVERY: ПИТЕР И АЈЛИН КРАЈТОН

Питер и Ајлин Крајтн поголемиот дел од последните 25 години го посветија на истражувањето на светот во Рабија, нивниот Discovery 3.5V8i. Два пати ја обиколија земјината топка по северната и јужната хемисфера, а во 2012 година, пропатуваа од најсеверната до најјужната точка што се достапни со 4х4 возило.



Питер Крајтн го користи времето помеѓу истражувањата за да раскаже сè за најдобрите пет природни и од човекот создадени скриени бисери, според него.

1) Бангл Бангл, Австралија
Свето место за Абориџините, слоевитите песочни кули спектакуларно се издигаат од околниот пуст и непристапен пејсаж.




2) „Волшебните оџаци“ и „карпите со печуркаста форма“ на далечните месечеви пејсажи на Кападокија.
Кулите од древна вулканска пепел покриени со блокови од стврдната лава ѝ даваат вонземски изглед на вообичаената околина на Кападокија.




3) Трите далечни национални паркови на Алто Плано, на надморска височина над 3000 метри на северот на Чиле
Поединечно, парковите се интересни, но кога ќе се поврзат во една целина со четиридневна авантура на надморска висина над 3000 метри по едвај препознатливи патеки, тие го даваат најголемото чувство за далечна дивина што сме го доживеале каде било во светот.


4) Пејсажот од песочни дини во долината Сосуфлеи што се протегаат низ пустината Намиб во Намибија.
Кога ќе се погледне од врвот на висока дина од нашата патека, ќе се здогледа море од енормни пустински дини што се тркалаат на запад кон брегот на атлантикот во огромни бранови од црвен песок, а зајдисонцето им дава јасен облик.


5) Пејсажите во срцето на Вади Рам, Јордан
Огромни столбови од сиви, нагризени од времето карпи стрмно се издигаат од меките црвени песоци по коишто возиме и го допираат небото со неверојатна темносина боја. Пустината кривуличи помеѓу овие древни гребени до бескрајниот хоризонт. Се чувствувавме како морнари на океанот, но тишината беше заглушувачка.



ПРОНАЈДЕТЕ ЈА ВАШАТА АВАНТУРА
ИСТРАЖЕТЕ ГО DISCOVERY
ЗАКАЖЕТЕ ДЕН ЗА EXPERIENCE
Искусите ги од прва рака способностите на Land Rover за движење по секаков терен
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблиску до вас
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Можете да нè контактирате телефонски, он-лајн или преку нашите социјални мрежи
ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
Регистрирајте се за најновите вести од Land Rover